1.Општи информации
Додипломските студии по компјутерски науки имаат за цел обезбедување на врвен кадар за задоволување на сé поголемата побарувачка за инженери по информатички науки и компјутерско инженерство. Студентите на оваа студиска програма се здобиваат со знаења кои им обезбедуваат голема професионална флексибилност и широк избор на работни места секаде каде постои потреба од примена на вештини за решавање на проблеми, како и вештини за критичко размислување, кои ќе ги користат за решавање на комплексни пресметковни проблеми. Дипломираните кадри ќе можат лесно да најдат работа во компаниите и истражувачките центри. Освен што би биле обучени да учествуваат во развивање, имплементација и одржување на најразлични софтверски апликации, тие ќе ја имаат и потребната основа да продолжат со постдипломски студии, како и да учествуваат во интердисциплинарни проекти од науката и технологијата.
2. Стекнати титули по завршување на студиските програми и времетраење на студиите
2.1 Времетраење: 3 години (6 семестри)
Титула: Дипломиран инженер по информатички технологии, насока Компјутерски науки
2.2 Времетраење: 4 години (8 семестри)
Титула: Дипломиран инженер по информатички науки и компјутерско инженерство, насока Компјутерски науки
3. Наставна програма
Во наставната програма е предвидено да има 18 задолжителни предмети, 9 изборни на ниво на факултет и 3 изборни од Универзитетска листа во случај кога студентот завршува тригодишни, односно 24 задолжителни предмети, 12 изборни на ниво на факултет и 4 изборни од Универзитетска листа во случај кога студентот завршува четиригодишни студии.
Сите изборни предмети се поделени во три групи на тежина (Н1, Н2 и Н3). Правилата за изборност на предмети според нивото се дефинирани како:
- Број на предмети од Н1- вкупниот број кредити на избрани изборни предмети од групата Н1 не смее да надминува 6 кредити.
- Број на предмети од Н2- вкупниот број кредити на избрани изборни предмети од групата Н2 не смее да надминува 36 кредити.
- Број на предмети од Н3 – нема ограничување во бројот на избрани предмети од групата Н3.
Студентот може да избере и повеќе предмети од групата Н1 и групата Н2 од предвидениот број, но, во тој случај кредитите освоени за овие предмети не влегуваат во вкупниот број на кредити потребни за стекнување на дипломата. Положените предмети и освоените кредити ќе бидат дел од листата на положени предмети во уверението за положени предмети по завршување на факултетот.
| Предмет | Кредити | |
|---|---|---|
| Вовед во компјутерските науки | 6.00 | Задолжителни предмети |
| Дискретни структури 1 | 6.00 | Задолжителни предмети |
| Калкулус 1 | 6.00 | Задолжителни предмети |
| Професионални вештини | 6.00 | Задолжителни предмети |
| Структурно програмирање | 6.00 | Задолжителни предмети |
| Предмет | Кредити | |
|---|---|---|
| Изборен предмет | 6.00 | Задолжителни предмети |
| Архитектура и организација на компјутери | 6.00 | Задолжителни предмети |
| Дискретни структури 2 | 6.00 | Задолжителни предмети |
| Калкулус 2 | 6.00 | Задолжителни предмети |
| Објектно-ориентирано програмирање | 6.00 | Задолжителни предмети |
| Спорт и здравје | 0.00 | Задолжителни предмети |
| Предмет | Кредити | |
|---|---|---|
| Компјутерски компоненти | 6.00 | Изборни предмети |
| Креативни вештини за решавање проблеми | 6.00 | Изборни предмети |
| Маркетинг | 6.00 | Изборни предмети |
| Објектно ориентирана анализа и дизајн | 6.00 | Изборни предмети |
| Основи на веб дизајн | 6.00 | Изборни предмети |
| Предмет | Кредити | |
|---|---|---|
| Изборен предмет | 6.00 | Задолжителни предмети |
| Изборен предмет | 6.00 | Задолжителни предмети |
| Алгоритми и податочни структури | 6.00 | Задолжителни предмети |
| Веројатност и статистика | 6.00 | Задолжителни предмети |
| Компјутерски мрежи и безбедност | 6.00 | Задолжителни предмети |
| Предмет | Кредити | |
|---|---|---|
| Инженерска математика | 6.00 | Изборни предмети |
| Интернет програмирање на клиентска страна | 6.00 | Изборни предмети |
| Напредно програмирање | 6.00 | Изборни предмети |
| Управување со техничката поддршка | 6.00 | Изборни предмети |
| Шаблони за дизајн на кориснички интерфејси | 6.00 | Изборни предмети |
| Предмет | Кредити | |
|---|---|---|
| Изборен предмет | 6.00 | Задолжителни предмети |
| Изборен предмет | 6.00 | Задолжителни предмети |
| Вештачка интелигенција | 6.00 | Задолжителни предмети |
| Оперативни системи | 6.00 | Задолжителни предмети |
| Софтверско инженерство | 6.00 | Задолжителни предмети |
| Предмет | Кредити | |
|---|---|---|
| Анализа на софтверските барања | 6.00 | Изборни предмети |
| Безжични и мобилни системи | 6.00 | Изборни предмети |
| Визуелно програмирање | 6.00 | Изборни предмети |
| Вовед во екоинформатиката | 6.00 | Изборни предмети |
| Вовед во случајни процеси | 6.00 | Изборни предмети |
| Дигитално процесирање на слика | 6.00 | Изборни предмети |
| Дизајн на алгоритми | 6.00 | Изборни предмети |
| Електрични кола | 6.00 | Изборни предмети |
| Интернет технологии | 6.00 | Изборни предмети |
| Компјутерска графика | 6.00 | Изборни предмети |
| Медиуми и комуникации | 6.00 | Изборни предмети |
| Теорија на информации со дигитални комуникации | 6.00 | Изборни предмети |
| Предмет | Кредити | |
|---|---|---|
| Изборен предмет | 6.00 | Задолжителни предмети |
| Изборен предмет | 6.00 | Задолжителни предмети |
| Бази на податоци | 6.00 | Задолжителни предмети |
| Линеарна алгебра и примени / Изборен предмет** | 6.00 | Задолжителни предмети |
| Паралелно и дистрибуирано процесирање / Изборен предмет** | 6.00 | Задолжителни предмети |
| Предмет | Кредити | |
|---|---|---|
| Администрација на системи | 6.00 | Изборни предмети |
| Веб програмирање | 6.00 | Изборни предмети |
| Визуелизација | 6.00 | Изборни предмети |
| Вовед во науката за податоци | 6.00 | Изборни предмети |
| Дизајн и архитектура на софтвер | 6.00 | Изборни предмети |
| Информациска безбедност | 6.00 | Изборни предмети |
| Компјутерска етика | 6.00 | Изборни предмети |
| Компјутерски звук, говор и музика | 6.00 | Изборни предмети |
| Мрежна безбедност | 6.00 | Изборни предмети |
| Мултимедиски мрежи | 6.00 | Изборни предмети |
| Напреден веб дизајн | 6.00 | Изборни предмети |
| Основи на роботиката | 6.00 | Изборни предмети |
| Предмет | Кредити | |
|---|---|---|
| Изборен предмет | 6.00 | Задолжителни предмети |
| Изборен предмет | 6.00 | Задолжителни предмети |
| Дизајн на интеракцијата човек-компјутер / Изборен предмет** | 6.00 | Задолжителни предмети |
| Машинско учење | 6.00 | Задолжителни предмети |
| Формални јазици и автомати / Дипломска работа** | 6.00 | Задолжителни предмети |
| Предмет | Кредити | |
|---|---|---|
| Изборен предмет | 6.00 | Задолжителни предмети |
| Изборен предмет | 6.00 | Задолжителни предмети |
| Изборен предмет | 6.00 | Задолжителни предмети |
| Изборен предмет | 6.00 | Задолжителни предмети |
| Програмски парадигми | 6.00 | Задолжителни предмети |
| Предмет | Кредити | |
|---|---|---|
| Дипломска работа | 6.00 | Задолжителни предмети |
| Изборен предмет | 6.00 | Задолжителни предмети |
| Изборен предмет | 6.00 | Задолжителни предмети |
| Изборен предмет | 6.00 | Задолжителни предмети |
| Изборен предмет | 6.00 | Задолжителни предмети |
