Резултати од пребарување

На кампусот технички факултети, официјално беше отворен шестиот Саем за вработување и пракса Контакт 2019. Саемот се состои од едукативен и саемски дел, стои во соопштението.
“Организацијата на овој Саем е добра можност компаниите, во најдобро светло, да се прикажат пред студентите со сите свои можности за вработување и пракса. Од друга страна, студентите имаат можност да ги покажат своите биографии и вештини и на овој начин, да најдат заеднички интерес за вработување, пракса или каков било вид соработка. УКИМ секогаш ги поддржува ваквите настани каде има можност за интерактивна комуникација меѓу студентите и компаниите“, порача ректорот на Универзитетот Св. Кирил и Методиј, Никола Јанкуловски.
Ректорот, во своето обраќање на свеченото отворање, потенцираше дека, според анализите, досега има повеќе од 150 успешни приказни на вработување во компании од страна на студенти кои биле на пракса и ги усовршиле своите знаења и вештини.
Продеканката за финансии на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, професор д-р Весна Димитрова објасни дека овие настани, значат можност за надополнување на теоретското со практично знаење и дека бенефитот од нивната организација го чуствуваат и двете страни.

Global Game Jam е најголемиот интернационален настан за креирање на игри кој се одржува еднаш годишно, истовремено на повеќе локации низ целиот свет во вид на 48 часовен маратон. Како дел од International Game Developers Association (IGDA) неговата цел е да ги обедини сите кои креираат или имаат желба да креираат игри и да поттикне креативност, соработка и експериментирање. Во 2018 година на Global Game Jam се сретнаа 47.000 џемери, се одржа на 803 локации во 108 земји и беа создадени точно 8.606 игри.
Македонија го започна своето учество во 2013 година, а оваа ќе се случува на три локации: Скопје и Битола. Во изминатите пет години интересот за учество беше изненадувачки голем. На него досега се сретнаа скоро 1500 учесници - професионалци, студенти, средношколци и ентузијасти од различни сфери за заедно да креираат игри, разменуваат знаење и остваруваат контакти. До сега се создадени 142 видео игрa во прототип, од кои некои продолжија да се развиваат во комерцијални продукти. Лани Македонија беше на 5то место во светот по бројот на игри создадени на нашиот настан по глава на жител. Оваа година сакаме да го подобриме тој пласман, преку зголемување на бројот на учесници.
Global Game Jam Македонија 2019 очекува да има преку 300 учесници на локациите. За нив ќе обезбедиме непрекинат интернет пристап, оброци, грицки, пијалаци, простор за работа, простор за рекреација и одмор. Очекуваме да продефилира публика од над 5000 луѓе за време на отварањето и затварањето, како и во текот на настанот.
Учеснициците се професионалци и студенти од ИТ индустријата. Тие се:
• Девелопери, 2Д и 3Д артисти, саунд дизајнери, продуценти и гејм дизајнери, експерти за монетизација,...
• Високо мотивирани, трендсетери и идни лидери во IT индустријата
• Просечната возраст на нашите учесници е 25 години
• 40% од нашите учесници работат како професионалци во ИТ индустријата
• Тие се почитувани членови на IT и on-line заедницата во Република Македонија
Повеќе информации може да се најдат на следниот линк

11 септември, 2018, СКОПЈЕ - Асоцијацијата за е-трговија на Македонија и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство - ФИНКИ, потпишаа меморандум за соработка, со цел заеднички да придонесат кон развојот на е-трговијата и развивањето на способностите, дигиталната писменост и градењето на капацитети во секторот за е-трговија во Република Македонија.
Меморандумот за соработка, што воедно претставува и пристапување на Факултетот за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство во почесно членство во Асоцијацијата за е-трговија на Македонија, го потпишаа претседателот на АЕТМ, Д-р Нина Ангеловска и деканот на ФИНКИ, проф. Д-р Иван Чорбев.
Потписниците на Меморандумот, соработката ќе ја остваруваат преку споделување на релевантни информации од областа на е-трговијата, заеднички ќе придонесуваат за развојот на соодветни програми од областа на е-трговијата за потребите на корисниците на услугите, како и преку споделување на тековни и нови искуства, релевантни за областа на дејствување и соодветната целна група.
Воедно, како што информираат од Асоцијацијата, ФИНКИ е и дел од партнерите на првата конференција за е-трговија под наслов “eCommerce: The eFuture for eMacedonia!”, која има за цел да придонесе кон поголеми знаења поврзани со е-трговијата вклучувајќи ги и поврзаните услуги и технологии и да придонесе кон намалување на препреките кои го ограничуваат развојот на оваа дејност.
Со ова, и двете страни укажуваат на меѓусебна соработка со која ќе придонесат кон подобрување на е-трговија, каде што како еден од проблемите за развој претставува и едукацијата на крајните корисници и малите и средни претпријатија за инволвирање во е-трговија.
Асоцијацијата за е-трговија на Македонија се стреми кон инклузивна е-трговија, а преку потпишување низа меморандуми со засегнатите страни од областа, има за цел да креира иднина за раст на е-трговијата и успех во рамките на Република Македонија.

Првото предавање од серијата на ФИНКИ Tech клубот беше одржано од страна на компанијата MCA, каде беа прикажани практични примери на тема Rest Fundamentals. Во пријатна атмосфера и со голема посетеност, присутните поставија многу прашања, а воедно беше доделена и награда. Слики од настанот може да погледнете на следниот линк.

На 30-ти март, Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство – Скопје (ФИНКИ) го одбележа својот седми роденден. На свеченоста им беа врачени награди на најдобрите студенти со средна оценка над 9,5. Исто така, беа доделени и дипломи на сите завршени и магистрирани студенти од 2017-та година.
Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) е формиран во 2011 година, во рамките на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ). ФИНКИ како дел од УКИМ е најголем и најпрестижен ваков факултет во Македонија, а исто така е и меѓу најголемите факултети за информатичка технологија (ИТ) во регионот.

Почитувани студенти,
Секоја година ФИНКИ е организатор на меѓународната научна конференција CiiT (International Conference on Informatics and Information Technologies) на која се презентираат трудови од најновите научни достигнувања на истражувачите од земјата и странство. Оваа година, конференцијата ќе се одржи во периодот 20-22.04.2018 во хотелот „Бистра“, кој се наоѓа во Националниот парк „Маврово“.
Како и секоја година, така и оваа, ФИНКИ им нуди можност за учество на своите студенти на конференцијата. Учеството може да биде преку студентски научен труд кој се однесува на проект кој сте го изработиле или пак на кој тековно работите. Проектот може да биде изработен во рамки на курсевите на факултетот, ваш самостоен проект или дел од ваша работа завршена за време на студентска размена/пракса.
Студентите кои се заинтересирани за учество на конференцијата најпрво треба на една страница да напишат кратко резиме (апстракт) за проектот и да го постават на страницата за прикачување најдоцна до 20.02.2018. Авторите кои ќе влезат во потесен избор ќе треба да го прошират краткото резиме во студентски труд (максимум 6 страни). За студентски трудови ќе се сметаат трудовите за кои при нивното праќање е избрано дека се од тип студентски труд. Сите потребни информации за форматот на трудовите и нивно поставување ќе ги најдете на официјалниот сајт на конференцијата http://ciit.finki.ukim.mk. Рокот за поставување на студентските трудови е 18.03.2018. За повеќе информации, контактирајте нѐ на ciit@finki.ukim.mk.
Испратените студентски трудови ќе бидат евалуирани од избирачкиот одбор на конференцијата и најдобрите 10 ќе бидат наградени со бесплатно учество на конференцијата, кое вклучува котизација, едноднево сместување во хотелот „Бистра“ и превоз на еден претставник за секој труд.
Главните критериуми при евалуација на испратените трудови ќе бидат иновативноста, имплементацијата на најновите трендови во компјутерската наука и инженерство и коректна форма на техничко изразување. Студентските трудови ќе бидат презентирани во специјални студентски сесии и истите ќе влезат во изборот за најдобар студентски труд.
Освен презентацијата на вашата работа, учеството на конференцијата ќе ви овозможи и да се запознаете со работата на останатите колеги од факултетот и да уживате во пријатната атмосфера и амбиент на хотелот „Бистра“ и Националниот парк „Маврово“. Затоа, ве покануваме и охрабруваме да земете активно учество во конференцијата.
Со почит,
Организациски одбор на CIIT 2018.

На 16.03.2018 во просториите на ФИНКИ се одржа настанот Digi Girlz. Целта на овој настан беше да ги поттикне и мотивира младите девојчиња за кодирање, програмирање, иновација во креирање и смислување на нови ИТ идеи. За време на настанот успешни жени од Македонија во ИТ бизнис сферата и вработените од Мајкрософт зборуваа со младите за да ги запознаат со придобивките на ИТ професиите.

EESTEC LC Skopje и Факултетот за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство - Скопје со гордост Ви го најавуваат четвртото издание на интернационалната работилница “Code App, Level Up.
Работилницата претставува интернационален семинар од едукативен и компететитивен карактер. Во ова издание на “CALU” ќе биде обработена тематиката “Општествено одговорни веб страни”, каде би можеле Вашето знаење да го проширите преку академскиот дел, како и практично да ја реализирате Вашата тимска идеја за време на работилниците. Во текот на овие работилници би имале ментори од кои би можеле да побарате стручно мислење и помош при вашите потешкотии во реализацијата на веб страната.
На овој настан би добиле квалитетна обука во следните области:
- Дизајн на веб платформа (Front-end) – каде би се запознале со технологии кои се користат за дизајн на веб страни, како што се: Bootstrap, Angular 2 и JavaScript.
- Развој на веб платформа (Back-end) – каде би се запознале со технологии кои се користат за развој на веб страни, како што се: ASP.Net и Јava Spring.
Настанот ќе се одржува од 26-ти февруари до 3-ти март 2018 година. На семинарот ќе земат учество 12 странски студенти од држави ширум Европа и 23 студенти од Техничкиот Кампус при универзитетот “Св. Кирил и Методиј” - Скопје.
Апликациите за учество на настанот се бесплатни и се отворени до 12.02.2018. Доколку сте заинтересирани и сакате да се надоградите себе си, можете да се пријавите самостојно или во тим со уште двајца (вкупно тројца). Пријaвување на следниот линк: https://goo.gl/forms/qUKfMZ7XofGK6vIa2
Повеќе информации можете да најдете на http://calu.mk/
Учесниците на семинарот кои студираат на Факултетот за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство ќе добијат по 2 ЕКТС за учество на истиот.

ФИНКИ во соработка со ИКТ индустријата во Македонија започнува серија на настани, наречена FINKI Industry Learn & Talk, насочени кон споделување на знаења и искуства меѓу ИКТ компаниите. Целта е настаните е да претставуваат заеднички простор, каде ќе се разменуваат искуства, ќе се промовираат технологии и ќе се споделува знаење меѓу компаниите. ФИНКИ останува отворен за ИКТ компаниите да предложат теми за идните настани како и активно да се вклучат во истите со свои експерти.
Првиот FINKI ILT 2018#1 насловен “Cloud Days” ќе се одржи од 13 дo 15 февруари, каде вработените во ИКТ секторот и Tech-ентузијастите ќе се фокусираат на cloud технологијата. Учесниците ќе имаат можност да се запознаат со нови технологии и да разменат искуства преку интеракција со компании кои работат директно со cloud технологиите.
Настанот ќе опфаќа теми како што се cloud architecture и cloud провајдери, микросервиси, и serverless architecture. Процесот на споделување на знаења ќе се реализира во форма на работилници, со презентации и практични демонстрации од страна на предавачите, на нивните искуства со користењето на овие IT технологии, како и дискусии и сесии со прашања и одговори со публиката. Како што укажува самото име, целта е учесниците да научат преку дискусија.
На настанот може да присуствуваат најмногу 80 учесници, од кои 50 ќе бидат претставници од IT индустријата, додека пак останатите 30 ќе бидат одбрани студенти. Сите заинтересирани компании можат да ја видат програмата и да се покажат интерес за учество на еден или повеќе денови на следниот линк.
За организаторите. Настанот го организираат ФИНКИ, GSG, и DoxTeam, со поддршка на студентскиот парламент на ФИНКИ
Идни активности:
- Втор ILT планиран за мај 2018 на тема DevOps
- Саем за вработување и пракси „КОНТАКТ“ во организација на СПФИНКИ (www.kontakt.org.mk)
GSG (Global Savings Group), основана во Минхен во 2012 година, е водечка глобална бизнис платформа која обединува купопродажни дигитални модели со цел да креира добитен екосистем за издавачи, огласувачи, и консументи.
Основана во 2008, doXteam се етаблира како водечка компанија за развој на софтвер во Македонија. Тимот на компанијата работи со најнапредни технологии со цел да oвозможи секоја идеја на клиентите да стане реалност.
Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) е резултат на здружувањето на двата најголеми институти од областа на информатиката и компјутерската техника во Македонија – Институтот за информатика (ИИ) при Природно-математичкиот факултет и Институтот за компјутерска техника и информатика (ИКТИ) при Факултетот за електротехника и информациски технологии. Од 2011 година тие и формално започнуваат да чекорат по заеднички пат како најсилна и најнапредна научно-истражувачка и образовна институција во Македонија од областите на информатиката.
Информации околу пријавувањето студентите ќе добијат по маил преку Студентскиот информативен центар.
Повеќе информации на https://www.ilt.finki.ukim.mk/

Гете-институт Скопје организира интерактивнста изложба Games und Politics (Игри и Политика) која ги прикажува видеоигрите како социјални изјави и уметнички објекти и истражува како видеоигрите низ игра го развиваат нивниот политички потенцијал. Посетителите стануваат гејмери и сами откриваат како делуваат игрите врз нив.
При отворањето на изложбата ќе има организирано нејзино разгледување и коментирање на игра, од страна на Кристијан Хубертс, научник за култура и медиуми од Германија.
Изложбата ќе се одржи во просториите на ФИНКИ од 7.2.2018 до 25.2.2018. Отворање на изложбата е во 18.00 часот на 07.02.2018. Повеќе детали може да погледнете на следниот линк или на официјалниот настан.