Резултати од пребарување

Почитувани, 

Ни претставува огромна чест и задоволство да Ве поканиме на промоција на дипломирани и магистрирани студенти на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство - Скопје. Промоцијата ќе се одржи во Александар Палас на 30-ти март(четврток) со почеток во 12:00 часот. 

На прославата ќе бидат доделени дипломите на сите дипломирани и магистрирани студенти од 2022 година. Дипломираните и магистрираните студенти треба да пристигнат најдоцна до 11:00 часот поради административни и организациски обврски и со нив задолжително да носат лична карта. 
 

Со почит. 

 

0

ФИНКИ и оваа година е организатор на меѓународната научна конференција CIIT (International Conference on Informatics and Information Technologies) на која се презентираат трудови од најновите научни достигнувања на истражувачите од земјата и странство. Оваа година, конференцијата ќе се одржи во периодот 4-6.5.2023 година во хотел Монтана, Крушево.

Како и секоја година, така и оваа, ФИНКИ им нуди можност за учество на своите студенти на конференцијата, во посебна категорија на студентски трудови. Студентскиот научен труд треба да се однесува на проект што сте го изработиле или на кој тековно работите. Проектот може да биде изработен во рамки на курсевите на Факултетот, да биде ваш самостоен проект или да биде дел од ваша работа завршена за време на студентска размена или пракса.

Студентите кои се заинтересирани за учество на конференцијата треба да напишат свој студентски труд на кој можат да бидат самостојни автори или пак да имаат други колеги студенти, професори, асистенти или истражувачи како ко-автори. Секој студентски труд треба да има студент како прв и главен автор на трудот.

Согласно објавениот повик за трудови (линкот Submissions на http://ciit.finki.ukim.mk), овие трудови треба:

●      да го користат официјалниот шаблон на конференцијата,

●      да бидат максимум 4 страници,

●      да бидат поднесени преку системот на EasyChair.

●      при поднесувањето да биде назначено дека станува збор за студентски труд (Student Paper), наместо Full Paper или Short Paper.

Рокот за поднесување на студентските трудови е 25.3.2023 година.

Програмскиот комитет на конференцијата ќе направи рецензија, евалуација и селекција на поднесените студентски трудови и најдобрите 10 од нив ќе бидат наградени со бесплатно учество на конференцијата што вклучува платена котизација за настанот, превоз и сместување.

Главните критериуми при евалуација на испратените трудови ќе бидат иновативноста, имплементацијата на најновите трендови во компјутерските науки и инженерство и коректна форма на техничко изразување. Студентските трудови ќе бидат презентирани во специјални студентски сесии и ќе влезат во изборот за најдобар студентски труд.

Освен презентацијата на вашата работа, учеството на конференцијата ќе ви овозможи и да се запознаете со работата на останатите колеги. Затоа, ве покануваме и охрабруваме да земете активно учество во конференцијата.
 

1

На 15.12.2022 година, на ФИНКИ се одржа првиот тренинг за анализа на научни податоци со KNIME. Тренингот е во рамките на активностите на Отворената лабораторија за истражување во облакот.

Во рамките на повикот за финансирање на научно истражувачки лаборатории кој го распиша МОН во 2021 година, ФИНКИ аплицираше и доби 70% финансирање за формирање на Отворена лабораторија за истражување во облакот.

Лабораторијата се состои од неколку целини. Првата целина претставува кластер за пресметување со високи перформанси базирани на графички процесори, кои во изминатиот период стануваат основно средство за процесирање на големи податоци и вештачка интелигенција (Big data, Artificial Intelligence). Втората целина претставува платформа за процесирање во облак која ќе овозможи брз и едноставен пристап до пресметковни ресурси за истражувачите. Третата целина ќе претставува големо складиште на податоци, кое ќе биде интегрирано со претходните две целини, а во кое истражувачите ќе имаат можност за складирање на своите податочни множества. Исто така во рамки на просторот за складирање на податоци, ќе биде воспоставен и репозиториум на отворени податочни множества (open datasets) каде истражувачите ќе можат јавно и отворено да ги публикуваат податочните множества и резултати, со што ќе се зголеми нивната видливост и можност за соработка и имплементација постулатите на отворена наука.

Во рамките на активностите на проектот предвидено е и организирање на обуки за корисниците, по што ќе следи отворен повик за истражувачите за користење на ресурсите на оваа значајна лабораторија.

Првата обука се однесуваше на алатката KNIME (https://www.knime.com/) за анализа на податоци, со визуелен интерфејс, без кодирање, што ја прави оваа платформа соодветна за луѓе од различни области. Беше претставен процесот на креирање на аналитички модели, почнувајќи од едноставни, до по сложени модели на машинско учење. Практично беа прикажани примери за анализа, предвидување, класификација и кластерирање на податоци од различни области, како од медицината, економијата, енергетиката и сл. 

Предавачи беа вонр. проф. д-р Мирослав Мирчев и доц. д-р Александра Дединец од ФИНКИ.

Во следниот период ќе се одржат и други слични настани, ориентирани кон анализа на податоци од специфични домени.

1_6.jpg

2_5.jpg

0

Во рамките на проектот CleanBreathe на ФИНКИ, а во соработка со Магдебург-Стендал универзитетот за применети науки од Германија, оваа недела, од 4.12.2022 до 9.12.2022 организирана е работилница во која учествуваат студенти од Германија и студенти од ФИНКИ.

Проектот CleanBreathe е проект на ФИНКИ при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје чии цели се:

  1. Зголемување на свесноста за загадувањето преку едукација и директно учество на граѓаните
  2. Користење на голем број, ефтини сензори за предвидување на загадувањето
  3. Градење на оддржлив бизнис модел за продукти и апликации кои го мерат загадувањето и ја зголемуваат свесноста за проблемите со загадувањето.

Целта на работилницата е зголемување на свеста за загаденоста на воздухот преку интервенции и иновативен дизајн на продукти и апликации. Презентацијата на проектите на студентите ќе се оддржи во петок, 9.12.2022 од 14:00 во просториите на Netaville.

0

На 24.11.2022 година во технолошкиот парк во Болоња, Италија беше отворен суперкомпјутерскиот систем Леонардо, во моментов 4. пласиран на Top500 листата на најбрзи суперкомјпутери на светот. Системот е заедничка инвестиција на Италија и Европската унија преку EuroHPC JU. Имајќи предвид дека нашата земја е рамноправна членка на EuroHPC JU, македонските истражувачи имаат можност да се пријавуваат на отворените повици за активно користење на овој, но и другите системи обезбедени со поддршка на EuroHPC JU. ФИНКИ, како Национален Центар за компетенции и како институција која на национално ниво го има мандатот да ги кооридинира активностите во рамките на EuroHPC JU е на располагање на сите истражувачи, но и компании од земјата за поддршка за користење на проецесирање со високи перформанси (HPC) и аплицирање за европските ресурси за таа намена. На свеченото отварање на Леонардо, беше присутен д-р Анастас Мишев, редовен професор на ФИНКИ.

Системот Леонардо се состои од 4992 пресметувачки елементи, распоредени во 155 ормари, поставен на преку 600м2 простор, со вкупно 2800 Терабајти RAM меморија и преку 110 Петабајди простор за складирање. Врвните перформанси достигнуваат 250 PetaFLOPS. Вкупната потрошувачка на енергија е околу 6000 kW.

 

0

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје има континуирана заложба да ја поддржува научноистражувачката работа. Секоја година на Светскиот ден на науката за мир и развој, 10-ти Ноември, се доделува Награда за избор на најдобри научници/уметник на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, за покажани врвни резултати во научноистражувачката дејност во текот на календарската година.

Оваа година, тројца професори на ФИНКИ се стекнаа со престижни награди во рамките на оваа манифестација.

Во научното подрачје на техничко-технолошки науки, за најдобар научник со врвни резултати за 2021 година е избран д-р Петре Ламески, вонреден професор на ФИНКИ. Истиот професор минатата година беше добитник на наградата за успешни млади за 2020 година во категоријата најдобар млад научник во природно-математички и технички науки, која ја доделува претседателот на државата, Стево Пендаровски.

petre_2.jpg

Професорот д-р Марјан Гушев, редовен професор на ФИНКИ доби признание за посебен придонес во науката за исклучително достигнување во кариерата и објавени повеќе од 100 научни трудови афилирани на Универзитетот, индексирани во базата Web of Science (158 заклучно со 2021) како и за најголем број научни публикации на Web of Science во изминатата деценија 2011 – 2020.

gusev_1.jpg

Академик проф. д-р Љупчо Коцарев, редовен професор (во пензија) на ФИНКИ, исто така доби награда за исклучително достигнување во кариерата и објавени повеќе од 100 научни трудови афилирани на Универзитетот, индексирани во базата Web of Science (106 заклучно со 2021) како и за исклучително достигнување во кариерата и меѓународно признаена извонредност преку застапеност во листата на Stanford Универзитетот за 2% најцитирани научници на планетата за целата кариера, заклучно со 2021.

kocarev_1.jpg

Добиените награди се потврда на посветеноста на наставниот кадар на ФИНКИ за континуиран развој на науката. Наградите се мотивација за понатамошен развој на науката и за уште поголеми достигнувања во иднина. Големата активност во науката и посветеноста на научниот развој, му овозможува на ФИНКИ континуирано да ги модернизира своите студиски програми и им овозможува на своите студенти запознавање со најновите научни достигнувања во науката и техниката. Со тоа, студентите кои студираат на ФИНКИ се здобиваат со огромна предност во своите знаења и компетенции и се едни од најбараните инженери по информатички науки и компјутерско инженерство на пазарот на трудот во регионот.

 

0

Почитувани студенти,

Ве известуваме дека на 03.10.2022 година во 15:00 часот во Филхармонија на Република Северна Македонија ќе се одржи првиот академски час за учебната 2022/2023 година на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

На првиот академски час се поканети сите новозапишани студенти.

Наставата почнува во вторник (04.10.2022) согласно распоред кој ќе биде дополнително објавен на нашата веб страна. Предавањата ќе се одвиваат со физичко присуство.

0

Почитувани колеги,

ФИНКИ во рамките на проектот EuroCC стана национален центар за компетенции за процесирање со високи перформанси, обработка на податоци со високи перформанси и вештачка интелигенција и е дел од мрежата на Европските центри за компетенции финансирани од EuroHPC JU организацијата на Европската Унија.

Во рамките на активностите од овој проект, наставниот кадар на ФИНКИ разви голем број курсеви на теми поврзани со процесирање со високи перформанси, обработка на податоци со високи перформанси и вештачка интелигенција. Курсевите се на македонски јазик и се наменети за широка публика. Во рамките на секој курс има предавања и практични вежби, како и завршен тест со чие положување се добива соодветен сертификат.

Курсевите се достапни на следниот линкhttps://learn.hpc.mk

каде во моментов има 9 објавени курсеви, а постојано се додаваат и нови.

За пристап до системот, можете да ги користите вашите корисничко име и лозинка од CAS, истите со кои се најавувате на сите други системи на ФИНКИ. За да се логирате со CAS, потребно е на страницата за најава да изберете FINKI CAS

1234.png

На барање на ФСС на ФИНКИ, на студентите од ФИНКИ им се овозможува со добивањето на сертификатот да можат да добијат и признавање на по 1 ЕКТС за секој завршен курс. Признавањето се врши со барање до службата за студентски прашања, при што се приложува соодветниот сертификата за завршениот курс.

НАПОМЕНА: максималниот број на ЕКТС кредити кои можат да се освојат од вон-курикуларни активности, какви што се и овие курсеви, е вкупно 6.

0

Временски распоред на активностите за првиот уписен рок на ФИНКИ 2022

 

 Термин

 Час

 Активност

 30 - 31.VIII 2022

 (вторник и среда)

 09:00-14:30

 Пријавување на кандидати за првиот уписен рок

 2.IX 2022

 (петок)

 до 16:00

 Објавување резултати од успехот од средно образование

 5.IX 2022

 (понеделник)

 до 10:00

 Рок за приговори до Конкурсната комисија (приговорите се  однесуваат само на технички пропусти)

 5.IX 2022

 (пондеделник)

 до 16:00

 Одговор на приговорите и објавување на прелиминарна  ранг листа

 6.IX 2022

 (вторник)

 до 12:00

 Рок за приговори до Управата на Факултетот (приговорите се однесуваат само на технички пропусти)

 7.IX 2022

 (среда)  

 до 16:00

 Објавување решение за прием на кандидатите

 12 - 13.IX 2022

 (понеделник и вторник)

 09:00-14:30

 Запишување на кандидатите

0
Во согласност со Конкурсот за запишување студенти на прв циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во учебната 2022/23 година, пријавувањето на кандидатите за првиот уписен рок на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство ќе се одржи на 30.8. и 31.8.2022 година.
 
Заради поефикасно процесирање на документите за упис, а согласно точка XI од конкурсот за упис на УКИМ, документите во хартиена форма, треба да се донесат во просториите на ФИНКИ на наведените датуми д 09:00 до 14:30 часот.
 
Пријавувањето за вториот уписен рок на ФИНКИ ќе се одржи на 15 и 16.9.2022 година, а пријавувањето за третиот уписен рок на 28.9.2022​ година.
 
На ФИНКИ, во сите уписни рокови, ќе можат да се запишат матурантите кои ги имаат положено соодветните екстерни и интерни предмети од матурата, кои се пропишани со Конкурсот, но и матурантите кои имаат несоодветни екстерни и интерни предмети. Во согласност со упатството на УКИМ за примена на Конкурсот, матурантите кои ги немаат положено соодветните екстерни и интерни предмети ќе имаат различна формула за пресметка на поените од матурата и успехот од средно образование. 
 
Потребните екстерни и интерни предмети за запишување на ФИНКИ, како и начинот на пресметување на поените, се дадени во делот Потребни предмети.
 
За кандидатите кои средното образование го завршиле во учебната 2019/20 година и не полагале матура согласно Уредбата со законска сила за примена на Законот за средното образование за време на вонредна состојба, освен пресметувањето на бодовите од успехот, се пресметуваат и најмногу 40 поени од предметите кои се значајни за студиската програма, и тоа: збирот од оценките од секој од двата предмета значајни за студиската програма  се дели со бројот на оценките (независно во колку години предметот се слушал во средното образование) и вака добиениот среден успех, за секој предмет одделно, се множи со 4. По оваа основа може да се добијат најмногу 20 поени за еден предмет, односно вкупно 40 поени за двата предмета.
 
Предмети кои се бодираат при вреднувањето на успехот од средното образование за кандидатите кои средното образование го завршиле во учебната 2019/20 година, или пред учебната 2007/2008 година и не полагале државна матура сe по избор на кандидатите: математика; физика; основи на електротехника; информатика
 
Потребните документи потребни за запишување на ФИНКИ се дадени во делот Потребни документи
 
 
 
 
Согласно Конкурсот, Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство во учебната 2022/2023 година ќе запише вкупно 1080 студенти. Заинтересираните матуранти ќе можат да одберат да се запишат на една од следните студиски програми:
 
Студиски програми од прв циклус на ФИНКИ
 
Официјални информации за акредитацијата на студиските програми се објавени од Министерството за образование и наука, а точната распределба на слободни места во секоја од нив може да се погледне во делот Квоти.
 
Информативни инфографици за новите студиски програми може да се погледнат на следниот линк.
 
0