Резултати од пребарување

Квоти

Body: 

Квоти

Согласно Конкурсот за запишување студенти на втор циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во учебната 2024/25 година, Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство во наредната учебна година ќе запише вкупно 760 студенти на магистерски студии.
 
 
За студентите кои во учебната 2024/2025 година ќе се запишат на магистерски студии на ФИНКИ, постојат вкупно 19 (деветнаесет) студиски програми. Бројот на студенти кои ќе можат да се запишат на ФИНКИ на секоја од студиските програми, е даден во продолжение.
 

Студиска програма

Број на

студенти

Вкупен износ на школарина (ЕУР)

 3+2

4+1 

Едногодишни магистерски студии

 

 

 

Data science in computer science and engineering

50

 

1800

30/50

 

1800

Биоинформатика (1 годишни)

30

 

1800

Едукација со ИКТ (1 годишни)

30

 

1800

Еко-информатика (1 годишни)

30

 

1800

Интелигентни системи (1 годишни)

30

 

1800

50/50

 

1800

Компјутерски науки (1 годишни)

30

 

1800

Пресметување во облак (1 годишни)

30   1800

Софтвер за вградливи системи (1 годишни)

30

 

1800 

Софтверско инженерство (1 годишни)

50

 

1800

Статистика и аналитика на податоци (1 годишни)

30

 

1800

50/50

 

 

Двегодишни магистерски студии

   

 

10/30

2500 

 

Биоинформатика (2 годишни)

20

2500 

 

Пресметување во облак (2 годишни)

10

2500 

 

Статистика и аналитика на податоци (2 годишни)

10

2500 

 

Управување во информатички технологии (2 годишни)

30

2500 

 

Софтверско инженерство (2 годишни)

30

2500 

 

 
* Запишувањето студенти ќе се врши по добивање решение за акредитација и решение за почеток со работа  
  Во вкупниот износ е вклучена и одбраната на магистерскиот труд

Избор на студиска програма

Body: 
Избор на студиска програма

Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство на своите идни студенти при уписите им нуди можност за избор на повеќе студиски програми, кои кандидатот ги подредува по приоритет според сопствените амбиции. При пријавување за упис на ФИНКИ, кандидатот го наведува основниот избор на студиска програма на која претендира да биде запишан, а потоа има можност да наведе и дополнителни студиски програми, според приоритет, на кои би сакал да студира доколку со освоените поени од матура не може да се запише на студиската програма која е негов основен избор. 


Доколку кандидатот нема освоено доволен број бодови за запишување во државна квота на студиската програма која е негов основен избор, може да се изјасни за студирање со кофинансирање, на истата студиска програма. 

Доколку кандидатот не е рангиран по било кој основ на студиската програма која е негов основен избор, се постапува во согласност со приоритетот за запишување на другите студиски програми на Факултетот, според листата направена од самиот кандидат. При рангирањето изразената желба на кандидатот има предност пред пресметаните бодови. Според тоа, Кандидат А кој како основен избор ја навел студиската програма X и има 85 поени, има предност пред Kандидат Б кој како основен избор ја навел студиската програма Y и има 90 поени кои не се доволни да биде рангиран во студиската програма Y, а како дополнителен избор ја навел студиската програма X.

Потребни предмети

Body: 
Кандидати со несоодветни предмети исто така може да конкурираат во сите уписни рокови 
 
Покрај кандидатите со соодветни предмети од матура, во сите уписни рокови на ФИНКИ ќе можат да се запишат и матурантите кои имаат несоодветни екстерни и интерни предмети. Матурантите кои ги немаат положено соодветните екстерни и интерни предмети ќе имаат различна формула за пресметка на поените од матурата и успехот од средно образование.
 
За кандидатите што полагале државна матура почнувајќи од 2020/2021 до тековната година
 
Соодветни екстерни и интерни предмети од матурата за кандидати кои конкурираат за упис на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство се:
 
Соодветни екстерни предмети
  • мајчин јазик (македонски јазик, албански јазик и турски јазик)
  • еден од изборните екстерни предмети треба да биде математика
Соодветни интерни предмети
  • без ограничување за интерни предмети
 
За кандидатите што полагале државна матура од учебната 2013/2014 до учебната 2018/2019 година
 
Соодветни екстерни и интерни предмети од матурата за кандидати кои конкурираат за упис на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство се:
 
Соодветни екстерни предмети
  • мајчин јазик (македонски јазик, албански јазик и турски јазик)
  • еден од изборните екстерни предмети треба да биде математика
Соодветни интерни предмети
  • без ограничување за интерни предмети
 
Во однос на изборот на интерните предмети, нема никаква разлика во висината на бодовите во однос на тоа кој предмет е избран.
 
Исто така би сакале да нагласиме дека темата обработена во проектната задача не игра улога при уписот, туку се внесува само оценката добиена по истата.
 
Упатството за пресметување на бодовите е даден во делот Пресметување на бодови
 

 

За кандидатите што полагале државна матура заклучно со учебната 2012/2013 година
 
Соодветни екстерни и интерни предмети од матурата за кандидати кои конкурираат за упис на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство се:
 
Соодветни екстерни предмети
  • мајчин јазик (македонски јазик, албански јазик и турски јазик)
  • математика (најмалку основно ниво)* 
Соодветни интерни предмети за гимназии 
  • физика, информатика**, или странски јазик (барем еден, а може и два предмета)
  • еден предмет по избор на кандидатот (еден од горе споменатите предмети или некој друг сосема различен предмет) 
Соодветни интерни предмети за средни стручни училишта 
  • физика, информатика**, или странски јазик (барем еден, а може и два предмета)
  • еден стручен предмет, според образовниот профил, по избор на кандидатот (еден од горе споменатите предмети или некој друг сосема различен предмет) 

 

За кандидатите кои средното образование го завршиле во учебната 2019/20 година, или пред учебната 2007/2008 година и не полагале државна матура

Соодветни екстерни предмети
  • По избор на кандидатите: математика; физика; основи на електротехника; информатичка.
Соодветни интерни предмети
  • По избор на кандидатите: математика; физика; основи на електротехника; информатичка.
 
* Матурантите кои ќе полагаат напредно ниво математика, како екстерен предмет, ќе имаат еднаков третман во однос на освоените поени како и оние кои полагале основно ниво математика.
 
** Предметите кои содржински се соодветни на предметот информатика, како што се програмирање, дигитални системи, дигитална електроника и микропроцесори, информатика и информатичка технологија, итн., се сметаат за соодветни за упис на ФИНКИ, исто како и самиот предмет информатика.
 
Во однос на изборот на интерните предмети, нема никаква разлика во висината на бодовите во однос на тоа кои два предмети од понудените се избрани.
 
Исто така би сакале да нагласиме дека темата обработена во проектната задача не игра улога при уписот, туку се внесува само оценката добиена по истата.
 
Упатството за пресметување на бодовите е даден во делот Пресметување на бодови
 

Пресметување на бодови

Body: 

Пресметување на бодови

Основeн критериум за селекција на кандидатите за запишување на прв циклус студии е успехот постигнат во средното образование. Вреднувањето на успехот на кандидатите се изразува во поени.

Начинот на пресметка на поените е детално опишан во Конкурсот  во точка 5 од подглавјето II. Услови и критериуми за запишување (почеток на страна 8).

Најрелевантна пресметка на поени се добива по пополнување на апликацијата за упис на порталот за уписи.

Стипендии

Body: 

Стипендии

Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство ќе додели стипендии за студирање на сите кандидати кои ќе освојат прва, втора или трета награда на државен натпревар по информатика, математика или физика, како и на сите кандидати кои ќе освојат прва, втора или трета награда на меѓународен натпревар од истите области. За најдобрите матуранти стипендијата ќе важи во текот на целото време од студирањето, доколку при тоа имаат просек над 9 и на време ги завршуваат студиите.  

Сите кандидати кои имаат добиено потврди за стипендии од ФИНКИ, потребно е истите да ги донесат при уписот на Факултетот. Сите кандидати кои немаат ваков документ, а имаат награди од државни, меѓународни натпревари и олимпијади по информатика, математика или физика, треба истите да ги предадат при пријавувањето за упис на Факултетот. По разледувањето на дипломите, кандидатите ќе добијат одговор од Комисијата за уписи на ФИНКИ дали ќе добијат ослободување од плаќање партиципација и дали тоа ќе биде целосно или делумно.

Упаства за издавање електронски документи

Body: 

 

А. Уверение за редовен студент:

  • Студентот поднесува барање преку системот iKnow за документ „Уверение за редовен студент - ФИНКИ
  • Студентски прашања го обработуваат барањето.
  • Готовиот (нотаризиран) ПДФ документ преку системот за нотаризација автоматски се испраќа до студентот на студентскиот емаил.

 

Б. Уверение за положени испити:

  • Студентот поднесува барање преку системот iKnow за документ „Уверение за положени испити ФИНКИ
  • Студентот плаќа електронски за документот.
    (или)
  • Студентот испраќа емаил на адресата uverenija@finki.ukim.mk со прилог доказ за уплата од банка.
  • Студентски прашања го обработуваат барањето.
  • Готовиот (нотаризиран) ПДФ документ преку системот за нотаризација автоматски се испраќа до студентот на студентскиот емаил.

 

В. УППИ:

  • Студентот поднесува барање преку системот iKnow за документ „УППИ образец
  • Студентски прашања го обработуваат барањето.
  • Готовиот (нотаризиран) ПДФ документ преку системот за нотаризација автоматски се испраќа до студентот на студентскиот емаил.

 

Дигиталните документи издадени во овој процес се дигитално потпишани (нотаризирани) со дигитален печат на ФИНКИ согласно Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги.
Процесот на дигитално потпишување (нотаризација), верификација и транспаретност се гарантирани преку платформата verify.it

verify-logo.png

Почитувани студенти,
 
Ве известуваме дека ФИНКИ го интегрираше издавањето на дел од документите како електронски документи дигитално потпишани во ПДФ формат преку системот iknow.
 
Следните документи можете да ги добиете по електронски пат:
  • Уверение за редовен студент
  • Уверение за положени испити
  • УППИ образец
Упаството за начинот на издавање на документите е достапно на следниот линк:
 
Електронските документи се валидни и истите студентите ги добиваат на нивните официјални маилови. Дополнително студентите може да пристапат до сите издадени електронски документи издадени последната година преку депо на електронски документи на следниот линк:
 
Доколку уплатата ја извршите преку iknow (за документите за кои наплаќа согласно ценовникот), студентите нема потреба да одат на Студентска служба.
Sunday, Јули 28, 2024
Tuesday, Јули 30, 2024

Smart Solutions, информатичка компанија од Скопје, партнер на водечките фирми во областа на информатичките технологии (Dell, Hewlett Packard/ Enterprise, Autodesk, Adobe, Symantec, Veritas, Cisco, Corel, Microsoft, VMware, Citrix, и уште многу други), специјализирана за имплементација и поддршка на комплетни информатички решенија, има потреба од пополнување на следната работна позиција: 

Инженер за техничка поддршка на ИТ системи

Кандидатот треба да ги исполнува следните услови:

  • Висока стручна подготовка- диплома од Електротехнички факултет Скопје (насока КТИА)/ФЕИТ/ФИНКИ или од друга еквивалентна институција, со или без работно искуство
  • Возачка дозвола (Б категорија) 
  • Одлично познавање на македонскиот и англискиот јазик- пишуван и говорен
  • Познавање и искуство во администрирање на различни Оперативни системи ќе се смета за предност
  • Познавање на компјутерски мрежи и компјутерска мрежна опрема ќе се смета за предност.
  • Дополнителни обуки и усовршување ќе се сметаат за предност
  • Комуникативност, организираност, систематичност и темелност во работата, навремено и креативно исполнување на обврските, чувство за тимска работа и одговорност

Заинтересираните кандидати треба да испратат пријава со фотографија, кратка биографија на македонски и англиски јазик и копија од документите коишто го потврдуваат исполнувањето на горенаведените услови преку полето Брза Апликација или по пошта на следнава адреса: Smart Solutions бул. Октомвриска револуција бр. 4-3/1 1000 Скопје
 
Почетната плата ќе биде соодветна на завршеното образование, досегашното работно искуство и завршените дополнителни обуки.
 
Огласот трае 30 дена од денот на објавувањето.
 
Повеќе информации за компанијата може да прочитате на: www.smartsolutions.com.mk

 

1