Втор циклус студии

Во согласност со Конкурсот за запишување студенти на втор циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во учебната 2023/24 година, пријавувањето на кандидатите за првиот уписен рок на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство ќе се одржи од 02 октомври до 13 октомври 2023 година. Пријавувањето за вториот уписен рок на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство ќе се одржи од 05 февруари до 16 февруари 2024 година.

Заради поефикасно процесирање на документите за упис, документите во хартиена форма, треба да се донесат на шалтер во Студентска служба- ФИНКИ на наведените датуми од 09:00 до 12:00 часот.

Документите кои заинтересираните кандидати ќе треба да ги приложат при пријавувањето за уписите на втор циклус студии на ФИНКИ, се дадени во делот Потребни документи.

НАПОМЕНА: Уписот на втор циклус студии мора најпрво да се изврши електронски, на системот за упис на нови студенти на УКИМ. 

 

Заинтересираните кандидати ќе можат да одберат да се запишат на една од следните студиски програми:
Актуелни студиски програми од втор циклус на ФИНКИ
Распределбата на слободните места по студиски програми, како и висината на вкупната школарина за секоја од студиските програми можете да ја погледнете во делот Квоти.
 
Документите кои заинтересираните кандидати ќе треба да ги приложат при пријавувањето за уписите на втор циклус студии на ФИНКИ, се дадени во делот Потребни документи.
 
Условите кои заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат за да се запишат на втор циклус студии на ФИНКИ, се дадени во делот Услови.