Резултати од пребарување

На церемонијата организирана по повод 11-тиот роденден на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, беа доделени дипломи на околу 800 студенти кои ги завршија студиите од прв и втор циклус на студии во изминатите три години.

Овие 11 години беа исполнети со огромен број настани кои ставија печат не само на потврдувањето на квалитетот на нашата институција и себепромоција дома и во странство, туку и години кои беа исполнети со многу дружење, пријателства, нови авантури и забавни моменти.

5.jpg

2_3.jpg

На свеченоста,се обрати деканот Проф. д-р Иван Чорбев:

Денес сум особено горд и радосен што можам да се обратам по повод единаесеттиот роденден на ФИНКИ.

Со задоволство денес можам да констатирам дека по 11 години ФИНКИ е препознатлив Факултет со огромен интерес за студирање. Оваа учебна година на ФИНКИ се запишаа рекордни 1050 нови студенти, па заедно со постоечките, ФИНКИ има околу 4500 студенти на сите три циклуси на студии. Со тоа ФИНКИ е најголемиот факултет во државата и еден од најголемите во регионот.

Секако да ви се заблагодарам вам драги студенти, кои ни ја давате довербата и можноста заедно да се запознаваме со тајните на науката, да ги развиваме современите технологии и да ја споделиме љубовта кон информатиката. 

3_7.jpg

ФИНКИ е бренд во државата и сигурен сум дека и понатаму ќе остане препознатлив по квалитетот на знаењето кое им го нуди на младите и ќе биде избор на многумина од новите генерации кои допрва ќе влегуваат во светот на академското образование,  истакна министерот за образование и наука Јетон Шаќири

4_1.jpg

Премиерот Ковачевски обраќајќи им се на младите луѓе, упатувајќи им честитки, истакна дека Секторот информатичка и компјутерска технологија во нашата земја во последните години бележи постојан раст во однос на бројот на компании и вработени, раст на извозот и на приходите и дека Владата е насочена кон натамошно подобрување на условите и носење конкретни мерки за работа и раст на оваа индустрија. премиерот Ковачевски им врачи дипломи на дел од студентите кои постигнале врвни резултати и највисок просек во текот на студирањето.

6.jpg

1.jpg

2.jpg

1_5.jpg

 

 

0

Факултетот за информатички науки и инженерство во соработка со COST акцијата Good Brother (CA 19121) https://goodbrother.eu/ (Network on Privacy-Aware Audio- and Video-Based Applications for Active and Assisted Living) организира мултидисциплинарна летна тренинг школа.

Целта на оваа тренинг школа е да се популаризираат етичките и правните предизвици, како и предизвиците поврзани со приватноста на податоците кои се наметнуваат при процесирање на аудио и видео податоци. На школата ќе учествуваат студенти и предавачи од 16 држави.

 

Тренери и теми покриени на школата:

  • Francisco Flórez-Revuelta, Ph.D., University of Alicante, Spain, “Computer vision for AAL” and “Visual privacy preservation
  • Cristina Miguel, Ph.D., University of Gothenburg, Sweden, “Privacy and surveillance in the context of AAL applications: Social and ethical implications”
  • Lukács Adrienn, Ph.D, University of Szeged, Hungary, “From Big Brother to GoodBrother: Introduction to the legal regulation of privacy”
  • Ivan Pires, Ph.D., University of Beira Interior, Portugal, “Examples of audio- or video-based AAL applications”
  • María José Santofimia. Ph.D., Universidad de Castilla La Mancha, Spain, “Remote monitoring and/or fall detection and prevention”
  • Petre Lameski, Ph.D., Faculty of Computer Science and Engineering, Macedonia, “Introduction to Explainable AI”
  • Nina Hosseini Kivanani, Université du Luxembourg, Luxembourg, “How to apply augmentation techniques on small datasets: Neurodegenerative diseases datasets”
  • Eftim Zdravevski, Ph.D., Faculty of Computer Science and Engineering, Macedonia
  • Zoltán Alexin, PhD, University of Szeged, Hungary, “Pseudonymization and anonymization of datasets”
  • Aleksandar Jevremovic, Ph.D., Singidunum University, Serbia, “Protecting data in Smart/IoT environments”

 

Во продолжение е  наведена и програмата на школата:

Monday (June 6th)

 

  • 09:00 - 09:30 - Wellcome and GoodBrother introduction
  • 09:30 - 11:00 - Francisco Florez, Computer vision for AAL
  • 11:00 - 11:15 - Coffee break
  • 11:15 - 13:00 - Francisco Florez, Visual privacy preservation
  • 13:00 - 14:30 - Lunch break
  • 14:30 - 16:00 - Cristina Miguel, Privacy and surveillance in the context of AAL applications: Social and ethical implications
  • 16:00 - 17:00 - Practical activities

 

Tuesday (June 7th)

 

  • 09:00 - 10:50 - Lukács Adrienn, From Big Brother to GoodBrother: Introduction to the legal regulation of privacy
  • 10:50 - 11:10 - Coffee break
  • 11:10 - 13:00 - Ivan Pires, Examples of audio- or video-based AAL applications
  • 13:00 - 14:30 - Lunch break
  • 14:30 - 17:00 - Practical activities

 

Wednesday (June 8th)

 

  • 09:00 - 10:50 - Maria Jose Santofimia, Remote monitoring and/or fall detection and prevention
  • 10:50 - 11:10 - Coffee break
  • 11:10 - 13:00 - Petre Lameski, Introduction to Explainable AI
  • 13:00 - 14:30 - Lunch break
  • 14:30 - 17:00 - Practical activities

 

Thursday (June 9th)

 

  • 09:00 - 10:50 - Nina Hosseini Kivanani, How to apply augmentation techniques on small datasets: Neurodegenerative diseases datasets
  • 10:50 - 11:10 - Coffee break
  • 11:10 - 13:00 - Eftim Zdravevski, Introduction to big data processing
  • 13:00 - 14:30 - Lunch break
  • 14:30 - 17:00 - Practical activities

 

Friday (June 10th)

 

  • 09:00 - 10:50 - Alexin Zoltán, Pseudonymization and anonymization of datasets
  • 10:50 - 11:10 - Coffee break
  • 11:10 - 13:00 - Aleksandar Jevremovic, Protecting data in Smart/IoT environments
  • 13:00 - 14:30 - Lunch break
  • 14:30 - 16:00 - Practical activities
  • 16:00 - 17:00 - End of the training school

 

0

Имаме чест да Ви се пофалиме за големиот мајлстоун за Македонската асоцијација за развивање на игри МАГДА. Оваа година го продуцираме 10тиот Global Game Jam Македонија. Овој пат #ggjm22 трае од 26ти до 30ти јануари 2022 година.

За 10 години на Global Game Jam Македонија се сретнаа повеќе од 2200 професионални развивачи на игри и ентузијасти на кои им дадоа ветар во плеќи. Се направија 255 игри, а влеговме во првите 5 земји според изработени игри по глава на жител. Бевме меѓу првите 10 земји според број на учесници и сеуште сме една од најактивните и најбројните.

 

5to-mesto.png

Учеството е бесплатно, а распоредот на случувања за менторските сесии, презентациите од луѓето во индустријаа и сите други информации може да се добијат на фан страната на МАГДА - https://www.facebook.com/MAGDA.Macedonia. Тука исто така ќе бидат стримани и отворањето и затворањето на настанот.

Најважниот адут и бенефит од Гејм Џемови е колаборацијата, дружењето, запознавање на луѓе и истражувањето.

#ggjm е можеби единствениот момент кога сите оние кои развиваат или сакаат да развиваат игри немаат притисок од некој над нив, веќе започнат проект или нешто кое МОРААТ да го направат. На #ggjm се експериментира, испробува, креира. Затоа секој професионалец кој работи во индустријата за креирање и развивање на игри го препорачува гејм-џемањето како задолжителна лектира.

#ggjm е можеби единствениот момент кога сите оние кои развиваат или сакаат да развиваат игри немаат притисок од некој над нив, веќе започнат проект или нешто кое МОРААТ да го направат. На #ggjm се експериментира, испробува, креира. Затоа секој професионалец кој работи во индустријата за креирање и развивање на игри го препорачува гејм-џемањето како задолжителна лектира.

 

 

0

Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство во периодот од 13-ти септември до 30-ти септември 2021, организира подготвителна настава по математика и програмирање. Подготвителната настава се организира со цел да им помогне на новите студенти полесно да ја следат наставата по предметите од математика и програмирање во првата година на студирање на сите наставни насоки.

Подготвителната настава претставува одлична можност студентите да увидат кои предзнаења се неопходни за совладување на курсевите од првите семестри и полесно вклопување во образовниот процес, како и да го надополнат и освежат своето знаење од математика и програмирање.

Наставата ќе се организира доколку се пријават доволно студенти за формирање на група за секој од двата курса.

Предвидено е дневно да се реализираат по 6 часа настава и вежби во групи од по 18 до 32 студенти. Наставата ќе се реализира со почеток од 9 часот и со поголема пауза помеѓу првиот и вториот блок од 3 часа, за да се овозможи време и за дополнително самостојно вежбање на изучените концепти, со што ќе биде обезбедена и соодветна платформа за далечинско учење. Наставата ќе се изведува онлајн.

Курсот по математика ќе се реализира во текот на 7 дена (40 часа), додека курсот по програмирање ќе се реализира во текот на 5 дена (20 часа). Цената за следење на курсот по математика изнесува 4000 денари. Цената за следење на курсот по програмирање е 2000 денари.

Студентите кои планираат да следат некој од курсевите (или двата) треба да се пријават најдоцна до четврток, 9.9.2021 до 14 часот преку пополнување на следнава форма ( https://forms.office.com/pages/responsepage.aspx?id=e8TK8LPiG06lL0h9LZli... )

Подетални информации околу подготвителната настава може да добиете на следната електронска адреса: podgotvitelna@finki.ukim.mk.

Сите студенти кои се пријавиле за следење на наставата во предвидениот рок, ќе бидат известени најдоцна до петок, 10.9.2021 до 20 часот со порака на е-адресата која ја внеле во пријавата, дали се активирани групите и дали наставата ќе започне.

Во продолжение следат кратки содржини на материјалот за подготвителната настава по математика и програмирање.

Наставата по математика опфаќа значајни делови од материјалот изучуван во основно и средно образование.

Опис на темите кои ќе се обработат:

Тема 1: Основни бројни множества. Алгебарски и рационални изрази
Основни бројни множества. Природни броеви: преглед на операциите и законите, прости и заемно прости броеви, деливост. Бројни системи, декаден и бинарен броен систем. Цели броеви: преглед на операциите, подредување.  Рационални броеви: преглед на операциите со дропки, децимални броеви, бесконечни децимални броеви. Реални броеви: поим, геометрископретставување, подредување. Алгебарски и рационални изрази: степен со показател природен број, операции со степени. Цели рационални изрази, мономи, полиноми, операции, разложување на множители, НЗС и НЗД. Дробно рационални изрази: поим и операции.

Тема 2: Линеарна функција, линеарни равенки и неравенки. Систем линеарни равенки
Линеарна функција, линеарни равенки и неравенки. Правоаголен координатен систем во рамнина. Реална функција: дефинициона област, множество вредности. Линеарна функција, тек и график. Линеарна равенка со една непозната: решавање, дискусија и примена. Линеарна неравенка со една непозната. Систем линеарни равенки: систем од две линеарни равенки со две непознати, еквивалентност. Методи за решавање систем од две линеарни равенки со две непознати. Решавање систем линеарни неравенки со една непозната. Апсолутна вредност на реален број. Равенки и неравенки со апсолутни вредности.

Тема 3: Квадратни равенки и неравенки, степени и корени
 Квадратни равенки: решавање на полна квадратна равенка, решавање на неполна квадратна равенка, дискусија на решенијата на полна квадратна равенка. Квадратна функција (својства и график) и квадратна неравенка со една непозната.  Степени и корени: степен со показател цел број, корен (поим, проширување и скратување), коренување на производ и количник, степенување и коренување на корен, нормален вид на корен, ирационални изрази.  Рационализација на именител на дропка. Степен со показател рационален број.

Тема 4: Логаритамски функции. Тригонометриски функции
 Логаритамска функција, правила за логаритмирање, врски меѓу логаритми со различни основи. Тригонометрија: тригонометриски функции од остар агол, врски меѓу тригонометриските функции од ист агол, вредност на тригонометриските функции за некои агли, решавање на правоаголен триаголник, дефиниции на тригонометриските функции (синус, косинус, тангенс и котангенс) од произволен агол, вредност на тригонометриските функции од произволен агол.

Тема 5: Математичка логика
Искази. Операции со искази и вистинитосни таблици. Исказни формули и тафтологии. Преведување на реченици од говорен јазик во логички исказни формули.  Исказни функции: поим и решение на исказна функција. Квантификатори. Аксиоми, теореми, докази. Докажување на едноставни математички задачи.

Тема 6: Множества. Комбинаторика
Множества. Подмножества и еднаквост на множества. Oперации со множества. Индукција.
Комбинаторика: комбинации, пермутации, варијации. Биномна формула.
 

Наставата по програмирање опфаќа значајни делови од материјалот изучуван во средно образование, а вклучува и методи за полесно совладување на алгоритамските концепти.

Тема 1: Алгоритми и програмирање
Поим за алгоритам. Разгледување едноставни алгоритми и изработка на пример алгоритми. Начини за совладување на алгоритамските концепти. Алатки за почетничко програмирање.

Тема 2: Интегрирани околини за развој. Code::Blocks
Програмирање. Елементи на околините за програмирање: преведувач, поврзувач, дебагер, библиотеки со стандардни функции. Code::Blocks: инсталација, опис на изгледот на околината: главен прозорец, работна површина. Креирање на нов проект и додавање на изворна датотека во проект. Изградба и извршување на проект.

Тема 3: Вовед во програмскиот јазик C
Синтакса на C: азбука, зборови, посебни симболи и коментари. Претпроцесор и заглавишни датотеки (анг. header files). Вклучување на датотека со директивата include. Типови на податоци во C: основни (char, int, float, double). Изрази и искази во C. Променливи и нивно декларирање. Структура на програмите во C. Оператори во C: аритметички, за доделување, инкремент и декремент (префиксен, постфиксен), релациони, логички оператори. Влезно излезни операции: printf и scanf. Примери на едноставни C програми.

Тема 4: Редоследна структура. Изработка на едноставни програми
Редоследна структура, блок од наредби. Празна наредба. Изработка на едноставни C програми.

Тема 5: Контролни структури. Наредби за избор
Контролни искази: наредби за избор, наредби за повторување и наредби за скок. Наредби за избор: if, if-else и switch. Вгнездување на if наредби. Примери на C програми со примена на наредбите за избор.

Тема 6: Наредби за повторување
Наредбата while – реализација на контролната структура додека-извршувај. Примери за примена на наредбата while. Наредбата do-while – реализација на контролната структура повторувај-додека. Примери за примена на наредбата do-while. Наредбата for – реализација на контролната структура за-до-чекор. Примери за примена на наредбата for. Наредби за скок: break и continue.

Тема 7: Еднодимензионална низа
Низите како податочни структури. Декларирање на низа. Пристап до елемент на низа – индекси на елементи.  Иницијализација на низа. Примери на C програми со примена на низи.

Тема 8*: Текстуални низи
Претставување на текстуални низи во C. Визуелно претставување на меморија зафатена од тектуална низа. Доделување на вредност на тектуална низа. Читање и прикажување на текстуални низи. Добивање на знак од текстуална низа. Менување на дел од текстуална низа. Поминување низ текстуална низа и определување на нејзината должина. Некои корисни функции во C за работа со текстуални низи: strlen(), strcpy(), strcat() и strcmp(). Примери на C програми со примена на стрингови.         

(* ќе биде делумно реализирана, во зависност од постигнувањата на студентите во претходните теми)

0

ROBOTS-IN-RESIDENCE | ПОВИК ЗА УЧЕСТВО

 

Живееме во невообичаени времиња. Пандемијата „Ковид-19“ го погоди целиот свет и целосно го промени нашиот секојдневен живот. Дури сега сфаќаме колку ни е важна блискоста и контактот со другите луѓе. Истовремено сфаќаме колку технологијата може да ни помогне да продолжиме да работиме безбедно и да обезбедиме некаква форма на комуникација и со тоа некоја меѓусебна блискост.

Кога зборуваме за технологија денес е невозможно да се избегнат темите поврзани со вештачката интелигенција. Како можат интелигентните роботи да ни помогнат и да се користат во полза на општеството? Кои барања мора да бидат исполнети за да не се занемарат аспектите како што се безбедноста и етиката?

Со цел да ги разјасниме овие и другите прашања, организираме низа активности во 2020/2021 година заедно со многу партнерски институции во Европа. Програмата "Robots-In-Residence" го означува почетокот на овие активности.

Гете-институт Скопје во соработка со Факултетот за информатички науки и инженерство - ФИНКИ објавува повик за учество на хакатон за програмери и уметници кои што се занимаваат со роботика и вештачка интелигенција.

Што е "Robots-In-Residence"?

Во моментов, заради пандемијата, имаме ограничени можности да спроведуваме проекти во кои уметници, говорници, експерти, научници, програмери или писатели патуваат, учествуваат во настани во нашиот институт или престојуваат во нашата држава. Затоа роботот NAO 6 доаѓа кај нас, во Скопје како дел од проектот „Генерација А = алгоритам“ и по повод германското претседателство на Советот на ЕУ во 2020 година.

Бараме тимови од програмери (и/или уметници) кој ќе го програмираат роботот и ќе го обучат со нови вештини во полето на асистивни технологии, медицинската нега, нега на стари лица и лица со посебни потреби. Пријавувањето на тимовите ќе трае до 1.8.2021 на линкот

По првата претселекција најдоцна до 3.8.2021, селектираните тимови ќе можат да започнат да ги имплементираат своите предложени проекти со роботот НАО во лабораториите на ФИНКИ. Периодот за имплементација на идеите и експерименти со самиот робот ќе трае до 22.8.2021. Потоа ќе следи презентација и евалуација на проектите и избор на победник од тричлено жири. Победникот може да ја доусовршува својата идеја со роботот до 15.9.2021 кога ќе има и финална презентација на продуктот. За победникот е предвидена стипендија од 1.200,00 евра за завршување на проектот.

nao.jpg

 

ХАКАТОН

Рок на пријавување: 1.7.2021 до 1.8.2021 на линкот

Предселекција на тимови: до 3.8.2021

Работа на тимовите: од 4.08.21 до 30.08.21

Локација за работа: хибридно - лаборатории на ФИНКИ и онлајн

Избор на победник3.9.2021

Усовршување на продуктот на победникот: до 15.9.2021

Презентација на продуктот на победникот: 15.9.2021

 

*Забелешка: може да се пријават и тимови на програмери (составени од два или повеќе програмери), групи уметници или мешани групи на програмери и уметници. Сепак, договорот за стипендија може да се склучи само со едно лице, а стипендијата од 1.200,00 евра може да се исплати само еднаш и на едно лице од тимот.

 

ПАРТНЕР: Иницијатива на Гете-институт која е дел од проектот „Генерација А = алгоритам“, финансирана со специјални средства од Министерството за надворешни работи, по повод германското претседателство на Советот на ЕУ 2020 година. Во соработка со Факултетот за информатички науки и инженерство ФИНКИ, Скопје.

 

 

0

Асоцијација за Е-трговија на Македонија (АЕТМ) во соработка со ФИНКИ и Економски Факултет - Скопје организира хакатон за борба против сивата економија.

ТИП НА НАСТАН: 48 часовен онлајн Хакатон

КAKO ЌЕ СЕ ОДВИВА: Целосно онлајн, со користење на Discord + Zoom.

УЧЕСНИЦИ: Студенти од ФИНКИ и Економски факултет - Скопје

БРОЈ НА УЧЕСНИЦИ: Максимум 50 учесници, поделени во 10 тимови

НАГРАДЕН ФОНД: 3.000,00 ЕВРА за развој на идеите

ТИП НА ПРИЈАВА: Индивидуално или во тим. Учесниците што се пријавени индивидуално, ќе бидат распределени по тимови, додека учесниците што се пријавени како тимови важно е да знаат дека тимовите задолжително треба да се составени од мешан состав помеѓу студенти на  ФИНКИ и Економски факултет - Скопје.

НАЧИН НА СЕЛЕКЦИЈАТА: При пријавата за учество студентите треба да напишат како ќе придонесат за намалување на сивата економија. Од одговорите ќе се изберат 50 најдобрите учесници кои ќе учествуваат на хакатонот.

ЗОШТО ДА СЕ ПРИЈАВИТЕ?

  • да се информирате повеќе за сивата економија,
  • да работите на решавање на реален општествен предизвик преку изработка на свое креативно решение,
  • да добиете вреден фидбек од ментори од домашните компании и државни институции,
  • да го поттикнете претприемачкото размислување и
  • да бидете наградени.

ВЕБ СТРАНА: https://hackathon.ecommerce.mk
ФБ ЕВЕНТ: https://fb.me/e/1dhPyWvz6

Повеќе информации за овој настан на следниот линк.

0

prvnnsslajder.jpg

Денешниот ден пред точно десет години беше почеток на едно огромно патување кое сеуште трае. На овој ден се одржа првиот Наставно-научен совет на професорите при новоформираниот Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство, при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. ФИНКИ е резултат на залагањата на сите професори, асистенти и вработени кои неизмерно секојдневно го пренесуваат своето знаење и со тоа придонесуваат нашиот факултет да расте и да успева. Низ ова десетгодишно патување факултетот прерасна во еден од водечките факултети во државата.

Столбот на кој се гради ФИНКИ беа и секогаш ќе бидат студентите. Голема е честа кога најмногубројни и најдобри студенти ќе го изберат токму ФИНКИ како еден од битните чекори во својот животен пат. Уште поголемо задоволство е кога ќе се гледаат нашите дипломци како понатаму успеваат во науката и индустријата, општеството. Бескрајна благодарност до сите вас кои ни верувате и до сите професори кои се или биле дел од нашиот кадар.

Се надеваме дека овој ден ќе го прославиме сите заедно во блиска иднина, кога нештата ќе се вратат во нормала. 

viber_image_2021-03-31_18-43-45.jpg

viber_image_2021-03-31_18-43-42.jpg

viber_image_2021-03-31_18-43-43.jpg

201837_175467639172152_7472956_o.jpg

 

0

Предводени од потребите на дигиталниот свет, ФИНКИ започнува со програми за стручно и професионално усовршување на дигиталните вештини кај ентузијасти со цел помагање на развојот на области се во постојан подем како: медицина, производство, инженерство, земјоделие, трговија, наука, едукација, спорт, итн. 

finki_slajder_obuki_1400x500_text_0.png

Кадарот на ФИНКИ своето искуство и квалитет ќе го насочи кон квалификација, доквалификација и преквалификација на потенцијални учесници со желба за стекнување на основни компјутерски вештини, стручно или професионално усовршување. 

Новите програми на ФИНКИ се поделени во три категории: 

ОБУКИ ЗА КОМПЈУТЕРСКИ ВЕШТИНИ - наменети за почетници кои сакаат да ја зголемат својата продуктивност и да  научат како да работат со компјутер;

ОБУКИ ЗА СТРУЧНИ ВЕШТИНИ - наменети за луѓе кои сакаат да се стекнат со компјутерски вештини и да започнат кариера во IT секторот;

ОБУКИ ЗА ПРОФЕСИОНАЛНО УСОВРШУВАЊЕ - кратки обуки наменети за ИТ професионалци и студенти.

Обуките за основни и напредни компјутерски вештини се одвиваат во времетраење од 3-4 месеци практична настава и полагање за сертификат.

На обуките може да се пријават сите заинтерисирани кандидати. Дополнително, младите учесници на возраст од 18-29 години, ќе бидат стимулирани со можност за искористување на ваучер доделен од страна на МОН. 
Пријавувањето за некоја од обуките на ФИНКИ ќе се одвива електронски  до 1 август 2020 год., по што ФИНКИ ќе ве контактира на вашата e-mail адреса  и навремено ќе ве информира за сите новости, информации и термини за почеток за обуките.
Повеќе информации за обуките може да погледнете на obuki.finki.ukim.mk.

0

Последниот викенд во Јануари, веќе осма година по ред, е резервиран за најголемиот регионален настан посветен на развивање видео игри – Global Game Jam Македонија 2020. Македонија секоја година котира во врвот на листата по бројот на игри создадени за време на настанот по глава на жител – досега се создадени 180 видео игри во прототип, од кои некои продолжија да се развиваат во комерцијални продукти. Оваа година сакаме да го подобриме тој пласман, преку зголемување на бројот на учесници, па така #ggjm20 ќе се случува на три локации: Скопје, Битола и Охрид.

Global Game Jam е најголемиот интернационален настан за креирање на игри кој се одржува еднаш годишно, истовремено на повеќе локации низ целиот свет во вид на 48­ часовен маратон. Оваа година ќе се случува од 31ви јануари до 2ри февруари и како дел од International Game Developers Association (IGDA) неговата цел е да ги обедини сите кои креираат или имаат желба да креираат игри и да поттикне креативност, соработка, едукација и експериментирање.

Global Game Jam Македонија 2020 очекува преку 300 учесници на локациите во Скопје, Битола и Охрид. За нив ќе обезбедиме непрекинат интернет пристап,  оброци, грицки, пијалаци, простор за работа, простор за рекреација и одмор. Очекуваме да продефилира публика од над 5000 луѓе на отварањето, затварањето и во текот на целиот настан.

Нашите учесници се професионалци и студенти од ИТ индустријата, ентузијасти и креативци. На #ggjm20 ќе се сретнат:

  • Девелопери, 2Д и 3Д артисти, графички дизајнери, саунд дизајнери, продуценти и гејм дизајнери, DATA scientest, експерти за монетизација и социјални медиуми,...
  • Високо мотивирани, трендсетери и идни лидери во IT индустријата
  • Просечната возраст на нашите учесници е 25 години
  • Барем 50% од нашите учесници работат како професионалци во ИТ индустријата
  • Тие се почитувани членови на IT и on-line заедницата во Република Македонија

 

За повеќе информации околу настанот како и фотографии од претходните години може да добиете на нашата web страна: http://gamejam.mk,
а доколку сакате да се приклучите, помогнете или да се промовирате на нашиот настан, контактирајте не на info@gamejam.mk.

Македонска Асоцијација за развивање игри – МАГДА
Скопје, Битола, Охрид

ggjm20-finki6281.png

0

На 28 и 29 Септември 2019 година во просториите на Стопанска Комора на Македонија, а во организација на Агенцијата за супервизија на осигурувањето се одржа првиот хакатон од областа на осигурувањето -  InsurHack Скопје 2019. На настанот настапија вкупно 16 учесници во 5 тимови:

Тимовите изработија идејни решенија за следниве теми:

  1. Платформа за дигитализација на Европски Извештај за пријава на штета
  2. Платформа за онлајн компарација на цени на осигурување од автоодговорност и КАСКО
  3. Платформа за прибирање и обработка на податоци за возење

Комисијата составена од претставници на осигурителните друштва, стартап заедницата и ФИНКИ изврши оценување на истите, врз основа на претходно дефинираните и јавно објавени (на веб сајтот на настанот www.insurhack.co ) критериуми за учество и оценување. Врз основа на оценувањето, тимовите го зазедоа следниов редослед:

  1. Teletabisi                 
  2. Insurfeit                   
  3. UIST                          
  4. Damazan                 
  5. San Junipero           

Победникот на InsurHack Skopje 2019, тимот Teletabisi (во состав Виктор Аврамовски, Глигор Атанасовски, Антонио Аврамовиќ –  студенти на ФИНКИ), ќе учествува во пич сесијата на настанот InsurTech Skopje 2019.

12.jpg

0