Резултати од пребарување

Global Game Jam е најголемиот интернационален настан за креирање на игри кој се одржува еднаш годишно, истовремено на повеќе локации низ целиот свет во вид на 48 часовен маратон. Како дел од International Game Developers Association (IGDA) неговата цел е да ги обедини сите кои креираат или имаат желба да креираат игри и да поттикне креативност, соработка и експериментирање. Во 2017 година на Global Game Jam се сретнаа 36.000 џемери, се одржа на 702 локации во 95 земји и беа создадени преку 7.000 игри.

Македонија го започна своето учество во 2013 година со локации во Скопје и Битола. Во изминатите пет години интересот за учество беше изненадувачки голем. На него досега се сретнаа скоро 1200 учесници - професионалци, студенти, средношколци и ентузијасти од различни сфери за заедно да креираат игри, разменуваат знаење и остваруваат контакти. Досега се создадени 121 видео игрa во прототип, од кои некои продолжија да се развиваат во комерцијални продукти.

Македонија беше на 5то место во светот по бројот на игри создадени на нашиот настан по глава на жител. Оваа година сакаме да го подобриме тој пласман, преку зголемување на бројот на учесници.

Global Game Jam Macedonia 2018 се очекува да има преку 300 учесници на локациите. За нив организаторите ќе обезбедат непрекинат интернет пристап, храна, пијалаци, простор за работа, простор за рекреација и простор за одмор. Очекуваме да продефилира публика од над 2000 луѓе за време на отварањето и затварањето, како и во текот на настанот.

Global Game Jam во Скопје го организира МАГДА (Македонска Асоцијација за развивање на игри) и оваа година ќе се одржи во просториите на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство - ФИНКИ. За учесниците е обезбеден непрекинат интернет пристап, храна, пијалаци, простор за работа, простор за рекреација и простор за одмор. Во текот на работата ментори од ќе им помагаат на учесниците и ќе одржуваат кратки предавања. За најиновативните тимови и поединци се обезбедени награди.

Повеќе информации за настанот како и фотографии од претходните години може да се добијат на нашата web страна: http://gamejam.mk

 

ggjm2017.jpg

0

И оваа година по 11ти пат на 14ти октомври се одржа глобалниот 24-часовен (хакатон) натпревар во програмирање IEEEXtreme, со рекорден број на тимови - 3300 тимови. Во кој учествуваа 12 студенти, односно 4 македонски тима од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство и кои се пласираа во Топ100 во светот и Топ10 во Европа.

Тимот „Meme“ составен од Васја Павлов, Давид Симеоновски и Стојан Илиески кои се пласираа со 30то место на глобално ниво и 8мо место во Европа, тимот „CodeMac“ составен од Божидар Стевановски, Кристијан Постолов и Ѓорѓи Јанчески кои се пласираа со 92ро место на глобално ниво и 28мо место во Европа, тимот „Kremenadla“ составен од Горјан Поповски, Никола Анастасовски и Марио Величковски се пласираа со 182 место на глобално ниво и 63 место во Европа, и последниот тим „TheCerealKillers“ составен од Иван Неделковски, Александар Стојановиќ и Марија Трајкова се пласираа со 909 место на глобално ниво и 327 место во Европа.

Од вкупно 3300 тимови (2,516 тима кои се пласираа) ова се одлични резултати за Македонија и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, како и за Македонската IEEE секција.

Натпреварот беше организиран од страна на Компјутерскиот оддел при Македонската секција на IEEE, а поддржан од страна на Netcetera (воедно и домаќин на натпреварот), NI TEKNA, RedBull и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство.

Во прилог линк до официјалните резултати.

slika5.jpg

slika3.jpg

0

Во согласност со Конкурсот за запишување студенти на втор циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во учебната 2017/18 година, пријавувањето на кандидатите на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство ќе се одржи во периодот од 11-ти септември до 9-ти октомври 2017 година  секој работен ден од 9 до 14.30 часот. ФИНКИ обезбедува стипендии за ослободување од школарината до 30% за запишување на втор циклус на студии за студентите кои дипломирале на ФИНКИ. Повеќе информации за стипендиите може да погледнете на следниот линк.

Согласно Конкурсот, Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство во учебната 2017/2018 година ќе запише вкупно 432 студенти на втор циклус студии. Заинтересираните кандидати ќе можат да одберат да се запишат на една од понудените студиски програми на ФИНКИ.

10444363_786546868064223_9124116977590635637_n_0.jpg

 

Распределбата на слободните места по студиски програми, како и висината на вкупната школарина за секоја од студиските програми можете да ја погледнете во делот Квоти.
 
Документите кои заинтересираните кандидати ќе треба да ги приложат при пријавувањето за уписите на втор циклус студии на ФИНКИ, се дадени во делот Потребни документи.
 
Условите кои заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат за да се запишат на втор циклус студии на ФИНКИ, се дадени во делот Услови.
 
 
0

На 20.09.2017 со почеток од 19.00 часот во просториите на ФИНКИ, односно во Регионалниот центар за социјални иновации, ќе се одржи TEDxSeptemvriskaSesijaSalon настан на тема Car Sharing: The future of transport. 

Со темата "Car Sharing: Иднината на транспортот" (Car Sharing: The future of transport) ќе стане збор за мотивот позади споделувањето на возила. Исто така, ќе се дискутира и за успешните примери од странство и Македонија, за општественото и економското влијание од ваквите промени. Целта е да се разменат мислења и знаење за процесите преку кои ваквите иновации може да станат подобри, односно како со помали трошоци до поголема ефикасност и одржливост преку имплементација на нови методи и технологии. 

21371078_1903720083178571_5388769398079419405_n.jpg

Линк до официјалниот настан на TED.com:

https://www.ted.com/tedx/events/24774

Линк до настанот на Facebook тука.

 

0

Во вторник (19.9.2017) во 14.00 часот во aмфитеатарот на ФИНКИ ќе се одржи покането предавање на тема "Success with EU Proposals. Предавањето ќе го одржи Richard Wheeler, експерт за вештачка интелигенција со долгогодишно искуство во менаџирање на ЕУ проекти. Предавањето ќе биде во форма на работилница на која ќе бидат презентирани повеќе практични примери, како и добри практики и совети за успех при аплицирање за ЕУ проекти.

Повеќе детали за предавањето и предавачот може да погледнете во прилог.

Abstract: In this workshop Richard Wheeler will present everything he knows about winning EU proposals, providing a comprehensive and practical insider's view of how to engineer funded proposals.  The talk will be in the form of a workshop, with many examples given, going section by section describing best practice and tips for success, and will include how to write in the appropriate style, how to choose calls, how to position your research for maximal chances of success, and how to compose the perfect research case.

About the Presenter: Richard Wheeler is an expert in artificial intelligence and an experienced EU project manager, and is also Chair or Vice-Chair of a number of EU call.

top_new.jpg

0

Почитувани бруцоши, ни претставува особена чест да ве поканиме да присуствувате на свечениот час за академската 2017/2018 година на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Свечениот час ќе се одржи во Кино Милениум на 18.09.2017 година, со почеток во 11:30 часот.

Редовната настава на факултетот започнува истиот ден и распоредот ќе биде дополнително објавен. 

img_9096.jpg

0

Пријавувањето на кандидатите за првиот уписен рок на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство ќе се одржи на 17-ти и 18-ти август 2017 година (9:00 - 14.30 часот).

Секој заинтересиран кандидат треба да се најави на www.upisi.ukim.mk и да ја пополни комплетната пријава. Потоа на денот на уписите се доставуваат документите заедно со бројот од електронската апликација. 

Повеќе информации за уписите може да следите на порталот на идни студенти на ФИНКИ join.finki.ukim.mk и на сајтот на ФИНКИ во делот уписи на додипломски студии.

ukimslider.jpeg

0

На 6-ти мај 2017 година (сабота)  на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство се одржа Отворен ден, на коj идните студенти имаа можност директно да се запознаат со можностите за студирање на Факултетот. 

Идните студенти го запознаа кампусот на ФИНКИ преку посета на просториите на ФИНКИ, суперкомпјутерот на ФИНКИ, а имаа и можност да присуствуваат на летање на дронови. Пред идните студенти свое обраќање имаше Деканот на ФИНКИ.

dji_0747.jpg

dji_0978.jpg

0

На 6-ти мај 2017 година (сабота) со почеток во 11 часот, Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство организира Отворен ден, на коj идните студенти ќе имаат уште една можност директно да се запознаат со можностите за студирање на Факултетот. Отворениот ден ќе се одржи во просториите на ФИНКИ - на техничко-технолошкиот кампус, во Карпош 2.

Ги повикуваме сите матуранти да дојдат и заедно со своите постари колеги од ФИНКИ од прва рака да се запознаат со Факултетот, со начинот, условите и можностите за студирање, со студиските програми, со лабораториите, просториите за предавање, итн.

Секако, како и секогаш и овој пат неизоставен дел ќе биде и забавата и игрите. Подетални информации за настанот можете да најдете на веб страната на ФИНКИ.

Останете во тек со случувањата и поврзете се со нас преку Facebook

Ве очекуваме!

_mg_9878.jpg

0

Саемот за вработување и пракса „Контакт 2017“ е отворен за сите студенти на УКИМ на кои им нуди можност да си ги подобрат своите меки вештини, да се запознаат со кариерните можности и актуелните побарувања. Студентите во секој момент може да ги посетат компаниите кои се во холот на техничките факултети (ФЕИТ/МФС/ФИНКИ/ТМФ).

Овогодинешниот Саем за вработување и пракса „Контакт 2017“ се состои од 2 едукативни модули кои се БЕСПЛАТНИ за сите студенти на УКИМ. Едукативниот дел е поддржан од МОТИВА - Центар за менаџмент консалтинг образование и обука. Повеќе информации и пријавување за модулите може да најдете тука: https://goo.gl/forms/Vq7Md6FNlVmwmYjB2

На саемскиот дел ќе имате можност да го искористите своето ново добиено знаење од модулите и полесно да добиете пракса или работа во фирмата во која посакувате.

Опфаќајќи ги сите студенти , со акцент на техничките факултети, настанот има за цел да ги поврзе работодавците со студентите, преку овозможување директна промоција на компаниите од една страна и претставување на искуството и знаењата на студентите (дирекно или преку оставање на CV) од друга страна.

Повеќе информации за настанот може да најдете на kontakt@kontakt.org.mk, http://kontakt.org.mk/, на официјалната фан страна и на евентот.

finki_veb_baner.png

0