Резултати од пребарување

Dear Candidates,

To ensure a smooth enrollment process, please be informed that the submission of documents will be conducted according to the schedule based on the first letter of your last name. Kindly adhere to the specified time slots and ensure that you bring all the required documents.

Document Submission Schedule:

August 29, 2024

09:00 - 11:00: Last names from A to V
11:00 - 13:00: Last names from G to J
13:00 - 14:30: Last names from K to O

August 30, 2024

09:00 - 11:00: Last names from P to S
11:00 - 13:00: Last names from T to SH
13:00 - 14:30: For candidates who were unable to attend during the previous time slots
Please be punctual and prepared to facilitate the efficient completion of the enrollment process.

If you have additional questions regarding the enrollment process, you can reach out on our Discord server: https://discord.com/invite/HSDyH55DKH

For the list of required documents, please visit the following page: Required Documents.

1

Соопштение за Префрлување на Студенти на ФИНКИ

Почитувани студенти,

Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) со задоволство го отвора процесот за префрлување на студенти од други факултети, давајќи им можност да ги продолжат своите студии во современа академска средина. Сите заинтересирани студенти треба да го поднесат своето барање најдоцна до 20-ти септември 2024 година.

Потребни документи:

  1. Молба за префрлување
    • Ве молиме, задолжително наведете ги вашиот контакт телефон и e-mail адреса.
    • Примерокот на молбата можете да го преземете овде.
  2. Уверение за положени испити
  3. Наставни планови
    • Детални информации за наставните програми на претходно положените предмети.
  4. Уплатница
    • Износ од 3000 МКД уплатени на сметката на ФИНКИ, со назнака „префрлување од друг факултет“ (согласно ценовникот на ФИНКИ).
    • Уплата од 400 денара по признаен предмет при упис на семестар по добивање на решението за еквиваленција.

Услови за префрлување:

  • Студенти од факултетите на УКИМ:
    • Продолжуваат да студираат во истата квота од која се префрлаат.
  • Студенти од други универзитети:
    • Ќе можат да ги продолжат студиите во квота со кофинансирање.

Поднесувањето на документите се врши електронски со испраќање на потребните документи на  arhiva@finki.ukim.mk

Комисијата за префрлување ќе ги разгледа сите пристигнати барања и ќе ги извести кандидатите за резултатите и истите ќе бидат објавени на нашата веб страна.

Monday, September 2, 2024

Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство во периодот од 16 септември до 27 септември 2024 година, организира подготвителна настава по математика и програмирање. Подготвителната настава се организира со цел да им помогне на новите студенти полесно да ја следат наставата по предметите од математика и програмирање во првата година на студирање на сите наставни насоки. 

Подготвителната настава претставува одлична можност студентите да увидат кои предзнаења се неопходни за совладување на курсевите од првите семестри и полесно вклопување во образовниот процес, како и да го надополнат и освежат своето знаење од математика и програмирање.

Наставата ќе се организира ако се пријават доволно студенти за формирање на група за секој од двата курса. 

Предвидено е дневно да се реализираат 4 до 7 часа настава и вежби. Наставата ќе се реализира со почеток од 9 часот во кампусот на ФИНКИ (деталниот распоред ќе биде дополнително истакнат, по завршување на пријавувањето на кандидатите). 

Наставата по математика и програмирање ќе се одвива хибридно, т.е. ќе има настава во просторија на факултетот, а истата ќе може да се следи и online на платформата Teams.

За курсот по математика се предвидени 40 часа во периодот од 16.9.2024 година до 21.9.2024 година, додека курсот по програмирање ќе се реализира во рамки на 20 часа, во периодот од 23.9.2024 година до 27.9.2024 година. Цената за следење на курсот по математика изнесува 5000 денари. Цената за следење на курсот по програмирање е 3000 денари.

Студентите кои планираат да следат некој од курсевите (или двата) треба да се пријават најдоцна до петок, 13.9.2024 до 11 часот преку пополнување на следнава форма.

Подетални информации околу подготвителната настава може да добиете на следната електронска адреса: 

Сите студенти кои се пријавиле за следење на наставата во предвидениот рок, ќе бидат известени најдоцна до сабота, 14.9.2024 со порака на електронската адреса што ја внеле во пријавата дали се активирани групите и дали наставата ќе започне.  

Во продолжение следат кратки содржини на материјалот за подготвителната настава по математика и програмирање.

Детали за курсот по Математика

Наставата по математика опфаќа значајни делови од материјалот изучуван во основно и средно образование кои се потребни за полесно следење на наставата по предметите од математика во првата година на студирање на сите наставни насоки. 

Опис на темите кои ќе се обработат:

  • Тема 1: Основни бројни множества. Алгебарски и рационални изрази 
    • Основни бројни множества. Природни броеви: преглед на операциите и законите, прости и заемно прости броеви, деливост. Бројни системи, декаден и бинарен броен систем. Цели броеви: преглед на операциите, подредување.  Рационални броеви: преглед на операциите со дропки, децимални броеви, бесконечни децимални броеви. Реални броеви: поим, геометриско претставување, подредување. Алгебарски и рационални изрази: степен со показател природен број, операции со степени. Цели рационални изрази, мономи, полиноми, операции, разложување на множители, НЗС и НЗД. Дробно рационални изрази: поим и операции.
  • Тема 2: Линеарна функција, линеарни равенки и неравенки. Систем линеарни равенки 
    • Линеарна функција, линеарни равенки и неравенки. Правоаголен координатен систем во рамнина. Реална функција: дефинициона област, множество вредности. Линеарна функција, тек и график. Линеарна равенка со една непозната: решавање, дискусија и примена. Линеарна неравенка со една непозната. Систем линеарни равенки: систем од две линеарни равенки со две непознати, еквивалентност. Методи за решавање систем од две линеарни равенки со две непознати. Решавање систем линеарни неравенки со една непозната. Апсолутна вредност на реален број. Равенки и неравенки со апсолутни вредности.
  • Тема 3: Квадратни равенки и неравенки, степени и корени 
    • Квадратни равенки: решавање на полна квадратна равенка, решавање на неполна квадратна равенка, дискусија на решенијата на полна квадратна равенка. Квадратна функција (својства и график) и квадратна неравенка со една непозната.  Степени и корени: степен со показател цел број, корен (поим, проширување и скратување), коренување на производ и количник, степенување и коренување на корен, нормален вид на корен, ирационални изрази.  Рационализација на именител на дропка. Степен со показател рационален број.
  • Тема 4: Експоненцијални и Логаритамски функции. Тригонометриски функции
    • Експоненцијална функција, дефиниција, график и својства. Логаритамска функција, правила за логаритмирање, врски меѓу логаритми со различни основи. Тригонометрија: тригонометриски функции од остар агол, врски меѓу тригонометриските функции од ист агол, вредност на тригонометриските функции за некои агли, решавање на правоаголен триаголник, дефиниции на тригонометриските функции (синус, косинус, тангенс и котангенс) од произволен агол, вредност на тригонометриските функции од произволен агол.
  • Тема 5: Математичка логика 
    • Искази. Операции со искази и вистинитосни таблици. Исказни формули и тафтологии. Преведување на реченици од говорен јазик во логички исказни формули.  Исказни функции: поим и решение на исказна функција. Квантификатори. Аксиоми, теореми, докази. Докажување на едноставни математички задачи.
  • Тема 6: Множества. Комбинаторика
    • Множества. Подмножества и еднаквост на множества. Oперации со множества. Индукција. Комбинаторика: комбинации, пермутации, варијации. Биномна формула.

Детали за курсот по Програмирање

Наставата по програмирање опфаќа значајни делови од материјалот изучуван во средно образование, а вклучува и методи за полесно совладување на алгоритамските концепти.

  • Тема 1: Алгоритми и програмирање. Интегрирани околини за развој.
    • Поим за алгоритам. Eдноставни алгоритми и изработка на пример алгоритми. Елементи на околините за програмирање: преведувач, поврзувач, дебагер, библиотеки со стандардни функции. Работа со Интегрирана околина за развој, инсталација, опис на изгледот на околината: главен прозорец, работна површина. Креирање на нов проект и додавање на изворна датотека во проект. Изградба и извршување на проект.
  • Тема 2: Вовед во програмскиот јазик C++
    • Синтакса на C++: азбука, зборови, посебни симболи и коментари. Величини и податоци. Основни типови на податоци (char, int, float, double, bool). Изрази и искази во C++. Променливи и нивно декларирање. Структура на програмите во C++. Оператори во C++: аритметички, за доделување, инкремент и декремент (префиксен, постфиксен), релациски, логички оператори. Влез и излез. Примери на едноставни C++ програми.
  • Тема 3: Редоследна структура. Изработка на едноставни програми
    • Редоследна структура, блок од наредби. Празна наредба. Изработка на едноставни C++ програми.
  • Тема 4: Контролни структури. Наредби за избор
    • Контролни искази: наредби за избор, наредби за повторување и наредби за скок. Наредби за избор: if, if-else и switch. Вгнездување на if наредби. Примери на C++ програми со примена на наредбите за избор.
  • Тема 5: Наредби за повторување
    • Наредбата while – реализација на контролната структура додека-извршувај. Примери за примена на наредбата while. Наредбата do-while – реализација на контролната структура повторувај-додека. Примери за примена на наредбата do-while. Наредбата for – реализација на контролната структура за-до-чекор. Примери за примена на наредбата for. Наредби за скок: break и continue.
  • Тема 6: Еднодимензионална низа
    • Низите како податочни структури. Декларирање на низа. Пристап до елемент на низа – индекси на елементи.  Иницијализација на низа. Примери на C++ програми со примена на низи.

 

1
Објавена е листа на пријавени кандидати за упис на ФИНКИ во првиот уписен рок за академската 2024/2025 година. Листата можете да ја најдете на следниот линк.
 
Листата ги содржи информациите за она што е пополнето во документите и не дава информација за рангирањето на кандидатите. Листата содржи број на кандидатот, првиот избор на студиска програма, Дали кандидатот избрал кофинансирање или не, редослед на изборите на насоки по приоритет, како и поените од успехот.
 
По објавувањето на листата на пријавени кандидати за запишување во прва година, почнувајќи од 03.09.2024, најдоцна до 04.09.2024 до 10:00 часот може да се достави приговор за технички пропусти. Приговорите се доставуваат со пополнување на формата на следниот линк
 
Техничките пропусти се однесуваат на:
1. Печатна грешка на основен избор на студиска програма
2. Избор со кофинансирање
3. Редослед на студиски програми
4. Погрешно пресметани поени (заради соодветност на предмети, тип на матура и сл.)
Tuesday, September 3, 2024

Почитувани студенти,

Ве известуваме дека можете да поднесете молба за промена на студиска програма преку системот molbi.finki.ukim.mk. Рокот за поднесување молби е до 14.09.2024.

Tuesday, September 3, 2024

Почитувани студенти,

во прилог е конкурсот за студентска мобилност за академската 2024/2025.

Апликациите за студентска мобилност за студирање во три примерока се доставуваат најдоцна до 4 октомври 2024 до 16h во Архивата на ФИНКИ (не е можно доставување на апликации по маил). 

Повеќе информации во врска со конкурсот може да најдете на https://ukim.edu.mk/mk_content.php?meni=169&glavno=42.

За дополнителни информации и прашања контактирајте со порака на ilinka.ivanoska@finki.ukim.edu.mk.

Wednesday, September 4, 2024
Почитувани студенти,
Ве известуваме дека по иницијатива од ФСС ФИНКИ и управата на Факултетот се оствари конструктивна средба по која беа донесени следниве Одлуки 
 
ОДЛУКИ НА ДЕКАНСКАТА УПРАВА
Разгледувајќи и анализирајќи ги сите погоренаведени акти, управата на факултетот, на барање на студентите изнесени преку официјалните претставници на ФСС ФИНКИ, донесе следните одлуки:
  1. Одложување на примената на констатираното постапување
  • Примена од 1 октомври 2025 година: Одлуката за задолжително префрлање на активни студиски програми ќе стапи на сила од 1 октомври 2025 година. Ова одложување од една учебна година е со цел да се излезе во пресрет на студентите кои се во завршна фаза од нивното студирање и претставува поповолно толкување на правните акти кои важат за нив.
  1. Можност за завршување на дипломска работа
  • Студенти од акредитацијата 2011-2013: Студентите кои ги имаат завршено сите обврски освен дипломската работа, добиваат можност истата да ја предадат најдоцна до 31 декември 2024 година. Ова им овозможува да ги завршат студиите без потреба од запишување нов семестар, со што се намалуваат административните и финансиските оптоварувања.
  • Останати студенти: Студентите кои не ги исполнуваат овие услови се должни да изберат активна студиска програма доколку сакаат да го продолжат своето студирање на факултетот.
  1. Продолжување на рокот за промена на насока
  • Студенти од акредитацијата 2013: Рокот за менување на студиската насока се продолжува за уште една година. Студентите кои нема да успеат да дипломираат до 1 октомври 2025 година, ќе мора да ја променат својата насока според активните студиски програми и акредитации во текот на наредната академска година. Ова продолжување им дава дополнително време за завршување на студиите според актуелните програми.
  1. Организација на советувања
  • ФСС ФИНКИ во соработка со управата на факултетот ќе организира отворени средби за советување на сите заинтересирани студенти кои нема да можат да ги исполнат обврските во зададените рокови. На овие средби ќе се понудат соодветни решенија за продолжување на студиите.
  • Детали за советувањата (трибина) ќе се одржи на 05.09.2024 со почеток во 17ч на следниот ЛИНК.
Сакаме да изразиме наша искрена благодарност до ФСС ФИНКИ за нивната посветеност и напори во застапувањето на интересите на студентите. Ние ги поддржуваме нивните иницијативи и сме свесни за предизвиците со кои се соочуваат студентите на ФИНКИ. Се надеваме дека ваквите конструктивни средби ќе станат редовна пракса, преку која ќе се надминуваат проблемите и ќе се создава подобра академска средина. ФИНКИ постои за студентите, и како партнер на студентите, продолжуваме да работиме заедно за подобрување на нашето образование и искуство.
 
Исечок од запсиникот за текот на средбата може да видите тука.
1

Информатика

Научниот назив со кој што студентот се стекнува по завршувањето на студиската програма: Доктор по природно-математички науки, специјалност информатика (PhD in natural sciences, specialty in informatics) 

Елаборатот за докторските студии Информатика може да го најдете на следниот ЛИНК

СТРУКТУРА НА СТУДИСКА ПРОГРАМА 

Табела 1. Структура на студиската програма

СТРУКТУРА НА СТУДИСКАТА ПРОГРАМА ЗА ДОКТОРСКИ СТУДИИ
семестар РБ или код Назив на предмет/активност Тип на предмет / активност (задолжителен / изборен) Број на ЕКТС кредити Припадност на предмет/активност согласно ЗВО
ПРВ семестар 1 Етика во научноистражувачката работа во областа Информатика задолжителен 3 академска обука
2 Методологија на научно-истражувачка работа во областа на Информатика задолжителен 3 академска обука
3 Предмет за стекнување генерички знаења и вештини за истражување од универзитетска листа на изборни предмети изборен 6 академска обука
4 Предмет од студиската програма за стекнување напредни знаења изборен 6 академска обука
5 Предмет од студиската програма за стекнување напредни знаења изборен 6 академска обука
6 Предмет од студиската програма за стекнување напредни знаења изборен 6 академска обука
ВКУПНО: 30  
ВТОР семестар 7 Предмет од студиската програма за стекнување напредни знаења изборен 6 академска обука
8 Предмет од студиската програма за стекнување напредни знаења изборен 6 академска обука
9 Истражувачка работа под менторство (подготовка на предлог-докторски проект) задолжителен 14 Независен истражувачки проект под менторство (докторски проект)
10 Прва годишна конференција задолжителен 4 Предавања и друг вид на комуникациски активности
ВКУПНО: 30  
ТРЕТ семестар 11 Предлог докторски проект задолжителен 27 Независен истражувачки проект под менторство (докторски проект)
12 Прв докторски семинар задолжителен 3 Предавања и друг вид на комуникациски активности
ВКУПНО: 30  
ЧЕТВРТИ семестар 13 Изработка на докторскиот труд задолжителен 20 Изработка и јавна одбрана на докторскиот труд врз основа на докторскиот проект
14 Меѓународна мобилност задолжителен 6 Меѓународна мобилност
15 Втора годишна конференција задолжителен 4 Предавања и друг вид на комуникациски активности
ВКУПНО: 30  

 

Табела 2. Изборни предмети за стекнување на генерички знаења и вештини за истражување од универзитетската листа на изборни предмети на трет циклус студии (Предмет 3 од Табела 1). 

Р.б. Код Наставен предмет Семестар ЕКТС Наставник
1   Пишување на научно-истражувачки труд прв 6 Проф. Д-р Смиле Марковски
Проф. Д-р Марјан Гушев
2   Раководење со научно-истражувачки проект прв 6 Проф. Д-р Анастас Мишев
3   Статистички методи во истражување прв 6 Проф. Д-р Жанета Попеска
Проф. Д-р Марија Михова
Вон. проф. д-р Билјана Тојтовска Рибарски

 

Табела 3. Изборни предмети за стекнување на генерички знаења и вештини за истражување од универзитетската листа на изборни предмети на трет циклус студии (Предмет 3 од Табела 1). 

Р.б. Код Наставен предмет Семестар ЕКТС Наставник
1   Пишување на научно-истражувачки труд прв 6 Проф. Д-р Смиле Марковски
Проф. Д-р Марјан Гушев
2   Раководење со научно-истражувачки проект прв 6 Проф. Д-р Анастас Мишев
3   Статистички методи во истражување прв 6 Проф. Д-р Жанета Попеска
Проф. Д-р Марија Михова
Вон. проф. д-р Билјана Тојтовска Рибарски

 

Табела 4.  Изборни наставни предмети на студиската програма ИНФОРМАТИКА  (Предмети 4-8  од Табела 1) 

Р.б. Код Назив на предметот Семестар ЕКТС
1 ИНФ-С1 Алгебарски структури за компјутерски науки I или II 6
2 ИНФ-С2 Асистивни технологии I или II 6
3 ИНФ-С3 Биоинформатика I или II 6
4 ИНФ-С23 Електронски сервиси во облак I или II 6
5 ИНФ-С6 Инженерство, верификација и валидација на софтверски барања I или II 6
6 ИНФ-С9 Математичка логика и ламбда калкулус I или II 6
7 ИНФ-С11 Менаџмент на софтверски процеси I или II 6
8 ИНФ-С14 Напредна криптоанализа I или II 6
9 ИНФ-С15 Напредни аспекти од теорија на кодирање и криптокодирање I или II 6
10 ИНФ-С10 Напредни интелигентни системи I или II 6
11 ИНФ-С16 Напредни модели на е-влада I или II 6
12 ИНФ-С17 Напредни пресметувачки методи I или II 6
13 ИНФ-С18 Напредни системи за е-учење I или II 6
14 ИНФ-С19 Напредни техники и компјутерски системи за пресметување со високи перформанси I или II 6
15 ИНФ-С20 Нови трендови во истражувањата кај базите на податоци и големи податоци I или II 6
16 ИНФ-С21 Прaктична оптимизација I или II 6
17 ИНФ-С24 Практична криптографија I или II 6
18 ИНФ-С22 Предизвиците кај интелигентните информациски системи I или II 6
19 ИНФ-С7 Применета информациска безбедност I или II 6
20 ИНФ-С25 Роботика I или II 6
21 ИНФ-С27 Софтверско инженерство за критични системи I или II 6
22 ИНФ-С28 Статистичка теорија на учење I или II 6
23 ИНФ-С30 Теорија на графови со алгоритми и апликации I или II 6
24 ИНФ-С31 Теорија на случајни процеси I или II 6

Во договор со менторот студентот може да избере и предмети од студиската програма на трет циклус Компјутерски науки и Инженерство.

За повеќе информации Ве молиме да се обратите до раководителот на студиската програма вонр. проф. Билјана Тојтовска Рибарски e-mail biljana.tojtovska@finki.ukim.mk

Предмети: 

На линкот се објавени одговорите на приговорите за технички пропусти по објавената листа на пријавени кандидати во учебната 2024/2025 година (прв уписен рок)

Објавени се прелиминарни ранг листи за првиот уписен рок за академската 2024/2025 година.

Поднесувањето на приговор за прелиминарната ранг листа на пријавени кандидати во прв уписен рок ќе се врши до 06.09.2024 година до 12:00 часот.

Сите  кандидати  кои НЕ се  рангирани  имаат можност да се  доизјаснат  за студиските  програми во кои има слободни места:

  • Софтверско инженерство и информациски системи
  • Интернет мрежи и безбедност
  • Компјутерски науки
  • Компјутерско инженерство
  • Стручни студии за програмирање

Новото рангирање ќе биде  направено  без притоа да се промени редоследот на претходно рангираните кандидати. Промената на изборот на студиската  програма или начинот на студирање се прави со пополнување  на  Изјава за  дополнување  на избраните студиски  програми најдоцна до 06.09.2024 година до 12:00 часот.

Thursday, September 5, 2024

Компјутерски науки и инженерство

Научниот назив со кој што студентот се стекнува по завршувањето на студиската програма: Доктор по техничко-технолошки науки, специјалност компјутерски науки и инженерство (PhD in technical sciences in the field of computer science and engineering) 

Елаборатот за докторските студии Компјутерски науки и инженерство може да го најдете на следниот линк.

СТРУКТУРА НА СТУДИСКА ПРОГРАМА 

СТРУКТУРА НА СТУДИСКАТА ПРОГРАМА ЗА ДОКТОРСКИ СТУДИИ
семестар РБ или код Назив на предмет/активност Тип на предмет / активност (задолжителен / изборен) Број на ЕКТС кредити Припадност на предмет/активност согласно ЗВО
ПРВ семестар   Етика во научноистражувачката работа во областа задолжителен 3 академска обука
  Методологија на научно-истражувачка работа во областа задолжителен 3 академска обука
  Предмет за стекнување генерички знаења и вештини за истражување* (според правилник) изборен 6 академска обука
  Предмет од студиската програма за стекнување напредни знаења изборен 6 академска обука
  Предмет од студиската програма за стекнување напредни знаења изборен 6 академска обука
  Предмет од студиската програма за стекнување напредни знаења изборен 6 академска обука
ВКУПНО: 30  
ВТОР семестар   Предмет од студиската програма за стекнување напредни знаења изборен 6 академска обука
  Предмет од студиската програма за стекнување напредни знаења изборен 6 академска обука
  Истражувачка работа под менторство (подготовка на предлог-докторски проект) задолжителен 14 Независен истражувачки проект под менторство (докторски проект)
  Прва годишна конференција задолжителен 4 Предавања и друг вид на комуникациски активности
ВКУПНО: 30  
ТРЕТ семестар   Предлог докторски проект задолжителен 27 Независен истражувачки проект под менторство (докторски проект)
  Прв докторски семинар задолжителен 3 Предавања и друг вид на комуникациски активности
ВКУПНО: 30  
ЧЕТВРТИ семестар   Изработка на докторскиот труд задолжителен 20 Изработка и јавна одбрана на докторскиот труд врз основа на докторскиот проект
  Меѓународна мобилност задолжителен 6 Меѓународна мобилност
  Втора годишна конференција задолжителен 4 Предавања и друг вид на комуникациски активности
ВКУПНО: 30  
ПЕТТИ семестар   Активности за објавувањето на два труда во референтна научна публикација задолжителен 20 Објавување во референтни научни публикации и активно учество на меѓународни собири во врска со докторскиот труд
  Учество на меѓународен собир задолжителен 7 Објавување во референтни научни публикации и активно учество на меѓународни собири во врска со докторскиот труд
  Финален докторски труд задолжителен 3 Објавување на финален докторски труд
ВКУПНО: 30  
Вкупно кредити 150

 

Изборни предмети за стекнување на генерички знаења и вештини за истражување од универзитетската листа на изборни предмети на трет циклус студии. 

РБ Код Назив на предметот Семестар ЕКТС Научна област на која му припаѓа изборниот предмет
1 КНИ-Г2 Раководење со научно-истражувачки проекти I 6 компјутерски науки и инженерство
2 КНИ-Г3 Пишување научно-истражувачки труд I 6 компјутерски науки и инженерство
 

Изборни наставни предмети на студиската програма Компјутерски науки и инженерство.

РБ

Код

Назив на предметот

Семестар

ЕКТС

Научна област на која му припаѓа изборниот предмет

1

КНИ-С40

Адаптивни и интерактивни веб информациски системи

I или II

6

компјутерски науки и инженерство

2

КНИ-С25

Бајесова анализа на податоци

I или II

6

компјутерски науки и инженерство

3

КНИ-С1

Визуелизација на информации

I или II

6

компјутерски науки и инженерство

4

КНИ-С28

Вовед во динамички системи и управување

I или II

6

компјутерски науки и инженерство

5

КНИ-С7

Деловна интелигенција

I или II

6

компјутерски науки и инженерство

6

КНИ-С23

Еколошко моделирање

I или II

6

компјутерски науки и инженерство

7

КНИ-С22

Интелигентни софтверски алгоритми

I или II

6

компјутерски науки и инженерство

8

КНИ-С8

Когнитивна роботика

I или II

6

компјутерски науки и инженерство

9

КНИ-С19

Компјутерска визија

I или II

6

компјутерски науки и инженерство

10

КНИ-С4

Математичка биологија

I или II

6

компјутерски науки и инженерство

11

КНИ-С20

Меко пресметување

I или II

6

компјутерски науки и инженерство

12

КНИ-С5

Мрежи

I или II

6

компјутерски науки и инженерство

13

КНИ-С32

Мрежна наука

I или II

6

компјутерски науки и инженерство

14

КНИ-С12

Напредни безжични мрежи

I или II

6

компјутерски науки и инженерство

15

КНИ-С38

Напредни концепти кај паметни финансиски системи

I или II

6

компјутерски науки и инженерство

16

КНИ-С2

Напредни кориснички интерфејси

I или II

6

компјутерски науки и инженерство

17

КНИ-С35

Напредни методи базирани на грубо пресметување

I или II

6

компјутерски науки и инженерство

18

КНИ-С15

Напредни мобилни информациски системи

I или II

6

компјутерски науки и инженерство

19

КНИ-С16

Напредни мултимедиски информациски системи

I или II

6

компјутерски науки и инженерство

20

КНИ-С14

Напредни поглавја за системи за поддршка на учење на растојание

I или II

6

компјутерски науки и инженерство

21

КНИ-С30

Напредни техники за рударење на масивни податочни множества

I или II

6

компјутерски науки и инженерство

22

КНИ-С27

Напредни теми од науката за податоци

I или II

6

компјутерски науки и инженерство

23

КНИ-С33

Напредни техники во облакот

I или II

6

компјутерски науки и инженерство

24

КНИ-С18

Нови трендови во интернет технологијата

I или II

6

компјутерски науки и инженерство

25

КНИ-С6

Откривање знаење во податоците

I или II

6

компјутерски науки и инженерство

26

КНИ-С3

Пресметковни парадигми во биоинформатика

I или II

6

компјутерски науки и инженерство

27

КНИ-С37

Прибирање, предобработка и фузија на податоци

I или II

6

компјутерски науки и инженерство

28

КНИ-С24

Просторно временски анализи со ГИС

I или II

6

компјутерски науки и инженерство

29

КНИ-С26

Процесирање и препознавање на слики и видео содржини

I или II

6

компјутерски науки и инженерство

30

КНИ-С9

Семантички веб и семантички веб сервиси

I или II

6

компјутерски науки и инженерство

31

КНИ-С13

Сервисно ориентирани архитектури

I или II

6

компјутерски науки и инженерство

32

КНИ-С29

Скалабилно пребарување и класификација на слики и видеа

I или II

6

компјутерски науки и инженерство

33

КНИ-С10

Современи методи за паралелно процесирање

I или II

6

компјутерски науки и инженерство

34

КНИ-С36

Современи методи од машинско учење

I или II

6

компјутерски науки и инженерство

35

КНИ-С34

Статистички техники во роботиката

I или II

6

компјутерски науки и инженерство

36

КНИ-С21

Теми во развој на софтвер

I или II

6

компјутерски науки и инженерство

37

КНИ-С11

Технологии за е-бизнис

I или II

6

компјутерски науки и инженерство

38

КНИ-С39

Транспарентна, интерпретабилна и објаснета вештачка интелигенција

I или II

6

компјутерски науки и инженерство

39

КНИ-С17

Учење и интеракција во повеќе-агентни системи

I или II

6

компјутерски науки и инженерство

40

КНИ-С31

Учење со структурирани податоци

I или II

6

компјутерски науки и инженерство

41

КНИ-С41

Федерирано машинско учење

I или II

6

компјутерски науки и инженерство

 

Во договор со менторот студентот може да избере и предмети од студиската програма на трет циклус Информатика.

За повеќе информации Ве молиме да се обратите до раководителот на студиската програма проф. д-р Слободан Калајџиски e-mail slobodan.kalajdziski@finki.ukim.mk

Предмети: