Резултати од пребарување

ICT Innovations 2024

Конференцијата ICT Innovations 2024, насловена „TechConvergence: AI, Business, and Startup Synergy“, се одржа од 28 до 30 септември во Охрид. Темите на конференцијата се вештачка интелигенција, бизнис стратегии, стартапи и нивните етички импликации. Учествуваа истражувачи, индустриски експерти и претприемачи и ги споделија најновите истражувања и иновации. Посебен акцент се стави на соработка меѓу различни сектори за подобро искористување на технологијата и создавање одржливи решенија.

Повеќе информации можете да најдете на официјалниот сајт

1

На 1 октомври 2024 година, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) беше домаќин на конференцијата Science|Business, која ја истакна важноста на интегрирањето на истражувачката инфраструктура на Западен Балкан во Европскиот истражувачки простор.

Конференцијата опфати дискусии за јакнење на капацитетите за истражување и иновации, создавање стратешки партнерства и спречување на „одливот на мозоци“. Покрај тоа, учесниците дебатираа за можностите на Југоисточна Европа да се поврзе со европската истражувачка мрежа.

Поддржана од Европската комисија и EIT Community, конференцијата обедини регионални и европски експерти.

На конференцијата учествуваше Д-р Анастас Мишев, редовен професор на ФИНКИ.

Конференцијата е прва од ваков вид, надвор од земјите на ЕУ.

0-02-05-9996d232a0e12e60f39f5c427f3894cfc734b43bd831253f59f26ed806e5462a_2261da08236ee943.jpg

0-02-05-e0a2f77e878f5fbb7392dddc3d30f625b8622cc5743879e7e49c4e2786c902d6_fcc04f6f5ea9f955.jpg

0-02-05-fd04fb6c330c03d620fe676034d52d06c4ba16ea687f8bc8bd67df33bc97f5d4_a920469ac1684e83.jpg

1

Почитувани кандидати,

За да се осигура непречен тек на процесот на уписи, ве информираме дека поднесувањето на документите ќе се врши според распоредот утврден врз основа на првата буква од вашето презиме. Ве молиме да го почитувате предвидениот термин и да ги донесете сите потребни документи.

Распоред за поднесување на документи:

29.08.2024

  • 09:00 - 11:00: Презимиња од А до В
  • 11:00 - 13:00: Презимиња од Г до Ј
  • 13:00 - 14:30: Презимиња од К до О

30.08.2024

  • 09:00 - 11:00: Презимиња од П до С
  • 11:00 - 13:00: Презимиња од Т до Ш
  • 13:00 - 14:30: За кандидати кои не можеле да се појават во претходно предвидените термини

Ве молиме да бидете точни и подготвени со цел да се овозможи ефикасно завршување на процесот на упис.

Доколку имате дополнителни прашања во врска со уписите, можете да се обратите на нашиот Discord сервер: https://discord.com/invite/HSDyH55DKH.

За листата на потребни документи, ве молиме посетете ја следната страница: Потребни документи.

1

Имате прашања за уписите на ФИНКИ за 2024 година? Придружете се на нашиот нов Discord сервер и добијте одговори веднаш! Разговарајте директно со нашиот тим и запознајте ги вашите идни колеги.

Кликнете ТУКА и влезете во разговорот.

ФИНКИ ве очекува!

0

А1 Македонија објави стратегиска соработка со ФИНКИ

Скопје, 19.06.2024г.- А1 Македонија, водечката компанија за телекомуникации го објавува почетокот на стратешка соработка со Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство при Универзитет “Св. Кирил и Методиј” во Скопје, која ќе се одвива во учебната 2024/25, со најава за долгорочна соработка.

Соработката помеѓу А1 Македонија и ФИНКИ се одвива на повеќе нивоа како што се работа на развојно-истражувачки и апликативни проекти, консултативни активности и експертски услуги.  Главниот фокус на компанијата ќе биде обезбедување на бенефити и поволности за  студентите на ФИНКИ како пракса во А1 Македонија, работа на дипломски и постдипломски студии, стипендирање на студенти од завршните години и донации наменети за подобрување на условите за студирање на студентите.

„А1 Македонија како носител на дигитализацијата во општеството, ја има и одговорноста за едукација за дигитални вештини на сите нивоа во општеството. Овој наш фокус, на кој работиме долги години, преку различни иницијативи, сега го прошируваме со студентите од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство. Сметаме дека предводници во креирањето на иновативни решенија се токму студентите од ФИНКИ кои со знаењето кое денес го стекнуваат, веќе утре ќе бидат врвни експерти во креирањето на дигиталните иновации на иднината. Покрај теоретското знаење, студентите сега имаат на располагање компанија во која можат да го надоградат своето знаење со практична работа и тоа во работна средина која е дел од голема Групација и во која работат врвни експерти од техничките области, подготвени своето знаење да го пренесат на младите,“изјави Методија Мирчев, Главен извршен директор на А1 Македонија

„Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство започна со имплементација на нова програма за партнерство, чија главна цел е преку заедничка соработка и вложување на Факултетот и компаниите да се обезбедат подобри услови и подобри можности за студентите. Долгогодишната соработка на ФИНКИ со А1 Македонија сега ја продолжуваме на највисоко ниво, и истата ќе придонесе до наш заеднички раст, а воедно и големи придобивки за студентите. Би сакал да ги поздравам големиот број на компании кои се одзваа на нашиот повик на програмата за партнерство, и верувам дека следната година со гордост ќе бидеме сведоци на резултатите од истата.“изјави Деканот на ФИНКИ проф. д-р Боро Јакимовски

Оваа соработка  помеѓу А1 и ФИНКИ, ќе започне со донација на опрема наменета за уредување на студентските соби на факултетот, како и за уредување на новиот амфитеатар на ФИНКИ.

mih_5868.jpeg

1

Уписите на ФИНКИ ќе се извршат на скалите од влезот на Технолошки – Металуршки Факултет (ТМФ).

Локација до ТМФ преку Google Maps: https://goo.gl/maps/SZc8E68Di2HFjJeQ8

1.png

2_4.jpg

3_8.jpg

ПОМОШ НА ЛИЦЕ МЕСТО

При некомплетна електронска пријава обратете се во Конференциска сала.

4_2.jpg

0

Прелиминарна листа на примени кандидати по објавениот конкурс за трет циклус на студии за насоката Компјутерски науки и инженерство

Код (првите седум бројки од единствениот матичен број на кандидатот) Ментор
2808993 проф. д-р Дејан Ѓорѓевиќ
3001985 вон. проф. д-р Ефтим Здравевски
1304999 проф. д-р Билјана Ристеска Стојкоска
Wednesday, October 2, 2024
Согласно одлука на ректорска управа на УКИМ 20.9.2024, се повикуваат заинтересираните студенти да се пријават на интерен оглас.
 

Право на учество на Огласот има секој студент кој запишал зимски семестар на прв циклус на студии во учебната 2024/2025 година, а кој има само еден родител со родителско право (во натамошниот текст – апликант), односно има: 

  • само еден родител запишан во изводот од матичната книга на родените, или;  
  • починат родител, или 
  • родител кој го загубил родителското право. 
Апликантите, најдоцна до 14.10.2024 година, на електронска адреса aplikacijaEdenRoditel2024@finki.ukim.mk  треба да достават пријава во која ќе наведат: 

- за бруцошите: вкупен број на поени според кои, согласно Конкурсот, студентот се запишал во прва година на студии 

- за студентите од повисоките години: просечен успех од положените испити 

 

Со пријавата апликантите, во pdf – формат, ги доставуваат и следниве документи: 

- потврди за остварена плата на вработените членови на семејството за последната исплатена плата, 

- за корисници на социјална помош се доставува последно решение/потврда од центарот за социјални работи, 

- за пензионираните членови на семејството се доставува документ за висина на пензија 

- пресуда од надлежен суд со утврдена законска издршка за кандидат и истата се смета како месечен приход 

- за родител на кој му е одземено родителското право - решение од надлежен суд и/или 

- за починат родител - извод од матичната книга на умрените. 

 

Доколку е потребно, можно е да биде побарано документите дополнително и физички да се достават во архивата на ФИНКИ. 

Friday, October 4, 2024

Магистерски студии

Body: 

Втор циклус студии

Во согласност со Конкурсот за запишување студенти на втор циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, пријавувањето на кандидатите за првиот уписен рок на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство ќе се одржи од 01 октомври до 11 октомври 2024 година. Пријавувањето за вториот уписен рок на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство ќе се одржи од 03 февруари до 14 февруари 2025 година.

Заради поефикасно процесирање на документите за упис, документите во хартиена форма, треба да се донесат на шалтер во Студентска служба- ФИНКИ на наведените датуми од 09:00 до 12:00 часот.

Документите кои заинтересираните кандидати ќе треба да ги приложат при пријавувањето за уписите на втор циклус студии на ФИНКИ, се дадени во делот Потребни документи.

НАПОМЕНА: Уписот на втор циклус студии мора најпрво да се изврши електронски, на системот за упис на нови студенти на УКИМ. 

 

Заинтересираните кандидати ќе можат да одберат да се запишат на една од следните студиски програми:
Актуелни студиски програми од втор циклус на ФИНКИ
Распределбата на слободните места по студиски програми, како и висината на вкупната школарина за секоја од студиските програми можете да ја погледнете во делот Квоти.
 
Документите кои заинтересираните кандидати ќе треба да ги приложат при пријавувањето за уписите на втор циклус студии на ФИНКИ, се дадени во делот Потребни документи.
 
Условите кои заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат за да се запишат на втор циклус студии на ФИНКИ, се дадени во делот Услови.

Сите кои се заинтересирани да бидат тутори за лабораториски вежби, да се пријават на следната форма најдоцна до 12.10.2024 - 18 часот.

Wednesday, October 9, 2024