Резултати од пребарување

Управување во информатички технологии (IT Management) (3+1+1)

Управување во информатички технологии (IT Management) (3+1+1)

1. Општи информации

Постдипломските студии по Управување во информатички технологии имаат за цел да обезбедат квалитетно и врвно европско образование и обучување на високо образувани кадри со длабоки познавања на методи и техники за управување со ИКТ проекти и системи. По завршувањето на студиите овие кадри ќе можат да заземат одговорни позиции во процесите на планирање, дизајн, управување и мониторинг на ИКТ проекти и системи вклучувајќи ги и нивните бизнис аспекти.

Програмата во рамките на студиите по Управување во информатички технологии се компатибилни со соодветните студии кои се нудат на најголемиот број светски универзитети кои ја поддржуваат оваа тематика и овозможуваат мобилност на студентите.

  • Назив на предлагачот: Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство – ФИНКИ
  • Назив на студиската програма: Управување во информатички технологии
  • Научно - истражувачко подрачје: 2 техничко-технолошко
  • Поле: 212 компјутерска техника и информатика
  • Вредноста на постдипломските студии изнесува 60 ЕКТС кредити.
  • Траење на студиите: 2 семестри.
  • Една академска година се состои од два семестра во траење од 30 недели (1 семестар = 15 недели).
  • Услови за запишување на студиите: На студиите по Управување во информатички технологии можат да се запишат студенти кои имаат завршено студии кои имаат 240 или 180 кредити на додипломски студии .
  • Воведувачки слој: на студентите кои во текот на студиите стекнале помалку од 240 кредити им се нуди множество диференцијални воведувачки предмети. По нивното успешно реализирање, студентот стекнува право да продолжи со првиот семестар на постдипломските студии.
  • Прв семестар: 2 задолжителни предмети, 2 изборени предмети од областа.
  • Втор семестар: 1 задолжителен предмет од областа, 1 изборен предмет предмет од областа и 1 изборен предмет од листата на УКИМ и завршен проект – магистерска тема (18 ЕКТС)
  • 1 ЕКТС кредит соодветствува на 30 часови вкупен работен ангажман
  • Бројот на контактните часови е 4

По успешното завршување на постдипломските студии по Управување во информатички технологии, успешниот студент ќе ги поседува следниве општи способности и квалификации:

  • Способност за работа во интердисиплинарни тимови
  • Моќ за анализа и синтеза
  • Моќ за примена на знаењето во праксата
  • Моќ за генерирање нови идеи (креативност)
  • Моќ за учење
  • Способност за критика и самокритика
  • Способност за донесување одлуки
  • Познавање англиски јазик
  • Истражувачки способности

По успешното завршување на постдипломските студии по Управување во информатички технологии, успешниот студент ќе ги поседува следниве специфични способности и квалификации:

   Знаење и разбирање

 

Обезбедува на продлабочени знаења и разбирања на теориските основи на софтверски и иновациски проектен менаџмент, управување со информациски системи и ризици како и други дисциплини.

Стекнување на потребните знаења од областа на менаџмент со ИКТ системи и проекти.

Развој на напредни вештини во планирање, проектирање, дизајнирање, управување, тестирање, како и имплементација на ИКТ системи и проекти.

Покажува високо ниво на професионална компетентност во анализа на емпириски податоци во областа на бизнисот, индустрија, економија и влада.

Работа со применети апликации за управување со проекти, ресурси, пари и луѓе.

Владее со најновите индустриски стандарди и најдобри пракси, како и со можностите за подобрувања и идниот развој во областа.

 Примена на знаењето и  разбирањето

 

Може да го примени знаењето и разбирањетоза професионално усовршување во потесна област од Управување во информатички технологии.

Покажува вештини и знаење потребни за индивидуата да биде компетентна за управување на ИТ системи и проекти на високо ниво.

Компетенциите го квалификуваат со цврста менаџмент и техничка основа со можност за вклучување на избран спектар од пошироки аспекти од Управување во информатички технологии и слично кои ќе одговараат на потребите на професионалецот во ова поле со постојан и брз развој.

Продлабочени познавања на управување потребни за ефикасна работа на ИКТ менаџер, независен специјалист или член на специјализиран тим.

 Способност за проценка

Демонстрира посветеност за самонапредување, и постојан професионален развој.

Покажува продлабочено знаење за напредни техники за анализа и дизајн од областите на Управување во информатички технологии.

Демонстрира познавање на најдобрите практики за подобрување на продуктивноста и взаемното разбирање во бизнис организациите земајќи ги предвид личните, општествените, научните и етичките аспекти.

Покажува способност за самостојно носење на управувачки одлуки и поврзување на бизнис практиката со апликативните решенија.

 Комуникациски вештини

Покажува способност за комуникација со колегите и за тимска работа преку висока свесност за значењето и моќта на комуникациите.

Илустрира ефективна размена на информации, идеи и аргументирано поткрепени предлози.

Демонстрира висока способност за работа и раководење со мултидисциплинарни тимови

Покажува способности за планирање и управување со времето на менаџерско ниво и професионална социјализација и решавање конфликти.

Препознава комплексни организациски структури и потреба за нивно реструктурирање,  го разбира нивното влијание на ефективноста и ефикасноста во комбинација со модерните технологии.

 Вештини на учење

Покажува разбирање на основите на истражувачката методологија, со способности да оценува, дизајнира и изведува истражување во областа, да формулира, планира истражувачки проект и продлабочено да комуницира на темата.

Демонстрира способност за разумна проценка и генерирање на идеи со креативно и критичко размислување, совладување нови теории, модели, техники и технологии, ценејќи ја притоа неопходноста од постојан професионален развој.

Способен е да ги избере и сфати процедурите и методите за структурирање, обединување и ракување со информациите и податоците во една околина.

Поседува висока самодоверба и независност, проактивност и самосвесност за изведување и делегирање на работни задачи и управување со понатамошната кариера.

 

Стекната титула: Магистер по информатички науки и компјутерско инженерство од областа на управување во информатички технологии. 

2.  Воведувачки слој

Воведувачкиот слој им е наменет на студентите кои студии кои траат помалку од четири години или стекнале помалку од 240 кредити од претходните студии.

Табела 1: Листа на предметите на воведувачкиот слој

 

 

Код

Предмет

Неделен фонд

Семестар

ЕКТС

 CSEW501

 Менаџмент информациски  системи*

2+2+1

зимски

6

 CSEW705

 Иновации преку ИКТ*

2+1+2

зимски

6

 

 Изборен од табела 2

 

зимски

6

 

 Изборен од табела 2

 

зимски

6

 

 Изборен од табела 2

 

зимски

6

 6 

 CSES811

 Претприемништво*

2+1+2

летен

6

 CSES634

 Управување со ИКТ проекти*

2+2+1

летен

6

 

 Изборен од табела 2

 

летен

6

 

 Изборен од табела 2

 

летен

6

10 

 

 Изборен**

 

летен

6

*Доколку студентот во своите додипломски студии го има положено предметот, ќе треба на негово место да избере друг предмет од листата на изборни предмети од воведувачкиот слој (Табела 2).

**Предметот може да се избере од листата на изборни предмети од табела 2 или од универзитетската листа на слободни изборни предмети

Табела 2: Листа на изборните предмети во воведувачки слој

 

Код

Предмет

Неделен фонд

Семестар

ЕКТС

 CSEW528

 Управување со техничка поддршка

2+1+2

зимски

6

 CSEW505

 Анализа на софтверските барања

2+2+1

зимски

6

 CSEW701

 Анализа и дизајн на ИС

2+2+2

зимски

6

 CSEW704

 Дизајн на интегрирани системи

2+1+2

зимски

6

 CSEW511

 Дизајн и архитектура на софтвер

2+1+2

зимски

6

 CSEW514

 Имплементација на системите со отворен код

2+1+2

зимски

6

 CSEW515

 Компјутерска етика

4+0+0

зимски

6

 CSEW310

 Маркетинг

2+2+1

зимски

6

9

 CSES631

 Софтверски квалитет и тестирање

2+1+2

летен

6

10

 CSES625

 Развоен процес на ИС

2+2+2

летен

6

11

 CSES612

 Електронска и мобилна трговија

2+2+2

летен

6

12

 CSES610

 е-Влада

2+1+2

летен

6

13

 CSES617

 Моделирање на бизнис процеси

2+1+2

летен

6

14

 CSES606

 Географски информациски  системи

2+1+2

летен

6

15

 CSES205

 Бизнис и менаџмент

2+2+1

летен

6

16

 CSES628

 Сервисно ориентирани  архитектури

2+2+2

летен

6

17

 УКИМ-И

 Избор од универзитетската  листа слободни предмети

 

 

 

 

По успешното завршување на сите десет предмети и остварени 60 кредити, студентот со претходно стекнати 180 ЕКТС кредити (или завршени тригодишни студии) продолжува со предметите од втората студиска година на постдипломски студии .

 

3. Студии
 

Табела 1: Листа на предметите на постдипломски студии

 

 

Код

Име на предметот

Статус

Семестар

ЕКТС

П

А

Л

1

ITMW01

Напредно управување со софтверски проекти

З

зимски

6

2

1

0

2

ITMW02

Напредни ИКТ иновации и претприемништво

З

зимски

6

2

1

0

3

 

Изборен предмет

И

зимски

6

 

 

 

4

 

Изборен предмет

И

зимски

6

 

 

 

5

 

Изборен предмет

И

зимски

6

 

 

 

6

ITMS01

Напредно инженерство на софтверски барања

З

летен

6

2

1

0

7

 

Изборен предмет

И

летен

6

 

 

 

8

 

Магистерска тема

З

летен

18

 

 

 

3.1 Изборни предмети

Студентот може да избере предмет од листата на понудени изборни предмети од сите студиски програми од втор циклус на студии. Листата на понудени изборни предмети може да се најде на овој линк.

Решенија

Табови

Aleksandar Stojmenski, Ph.D.

prvnnsslajder.jpg

Денешниот ден пред точно десет години беше почеток на едно огромно патување кое сеуште трае. На овој ден се одржа првиот Наставно-научен совет на професорите при новоформираниот Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство, при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. ФИНКИ е резултат на залагањата на сите професори, асистенти и вработени кои неизмерно секојдневно го пренесуваат своето знаење и со тоа придонесуваат нашиот факултет да расте и да успева. Низ ова десетгодишно патување факултетот прерасна во еден од водечките факултети во државата.

Столбот на кој се гради ФИНКИ беа и секогаш ќе бидат студентите. Голема е честа кога најмногубројни и најдобри студенти ќе го изберат токму ФИНКИ како еден од битните чекори во својот животен пат. Уште поголемо задоволство е кога ќе се гледаат нашите дипломци како понатаму успеваат во науката и индустријата, општеството. Бескрајна благодарност до сите вас кои ни верувате и до сите професори кои се или биле дел од нашиот кадар.

Се надеваме дека овој ден ќе го прославиме сите заедно во блиска иднина, кога нештата ќе се вратат во нормала. 

viber_image_2021-03-31_18-43-45.jpg

viber_image_2021-03-31_18-43-42.jpg

viber_image_2021-03-31_18-43-43.jpg

201837_175467639172152_7472956_o.jpg

 

0

Предводени од потребите на дигиталниот свет, ФИНКИ започнува со програми за стручно и професионално усовршување на дигиталните вештини кај ентузијасти со цел помагање на развојот на области се во постојан подем како: медицина, производство, инженерство, земјоделие, трговија, наука, едукација, спорт, итн. 

finki_slajder_obuki_1400x500_text_0.png

Кадарот на ФИНКИ своето искуство и квалитет ќе го насочи кон квалификација, доквалификација и преквалификација на потенцијални учесници со желба за стекнување на основни компјутерски вештини, стручно или професионално усовршување. 

Новите програми на ФИНКИ се поделени во три категории: 

ОБУКИ ЗА КОМПЈУТЕРСКИ ВЕШТИНИ - наменети за почетници кои сакаат да ја зголемат својата продуктивност и да  научат како да работат со компјутер;

ОБУКИ ЗА СТРУЧНИ ВЕШТИНИ - наменети за луѓе кои сакаат да се стекнат со компјутерски вештини и да започнат кариера во IT секторот;

ОБУКИ ЗА ПРОФЕСИОНАЛНО УСОВРШУВАЊЕ - кратки обуки наменети за ИТ професионалци и студенти.

Обуките за основни и напредни компјутерски вештини се одвиваат во времетраење од 3-4 месеци практична настава и полагање за сертификат.

На обуките може да се пријават сите заинтерисирани кандидати. Дополнително, младите учесници на возраст од 18-29 години, ќе бидат стимулирани со можност за искористување на ваучер доделен од страна на МОН. 
Пријавувањето за некоја од обуките на ФИНКИ ќе се одвива електронски  до 1 август 2020 год., по што ФИНКИ ќе ве контактира на вашата e-mail адреса  и навремено ќе ве информира за сите новости, информации и термини за почеток за обуките.
Повеќе информации за обуките може да погледнете на obuki.finki.ukim.mk.

0

Првото предавање од серијата на ФИНКИ Tech клубот беше одржано од страна на компанијата MCA, каде беа прикажани практични примери на тема Rest Fundamentals. Во пријатна атмосфера и со голема посетеност, присутните поставија многу прашања, а воедно беше доделена и награда. Слики од настанот може да погледнете на следниот линк

img_2054.jpg

0

На 30-ти март, Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство – Скопје (ФИНКИ) го  одбележа својот седми роденден. На свеченоста  им беа врачени награди на најдобрите студенти со средна оценка над 9,5. Исто така, беа доделени и дипломи на сите завршени и магистрирани студенти од 2017-та година.

dsc_6735.jpg

Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) е формиран во 2011 година, во рамките на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ). ФИНКИ како дел од УКИМ е најголем и најпрестижен ваков факултет во Македонија, а исто така е и меѓу најголемите факултети за информатичка технологија (ИТ) во регионот.

dsc_6778.jpg

 

0

Почитувани студенти,

Секоја година ФИНКИ е организатор на меѓународната научна конференција CiiT (International Conference on Informatics and Information Technologies) на која се презентираат трудови од најновите научни достигнувања на истражувачите од земјата и странство. Оваа година, конференцијата ќе се одржи во периодот 20-22.04.2018 во хотелот „Бистра“, кој се наоѓа во Националниот парк „Маврово“.

Како и секоја година, така и оваа, ФИНКИ им нуди можност за учество на своите студенти на конференцијата. Учеството може да биде преку студентски научен труд кој се однесува на проект кој сте го изработиле или пак на кој тековно работите. Проектот може да биде изработен во рамки на курсевите на факултетот, ваш самостоен проект или дел од ваша работа завршена за време на студентска размена/пракса.

Студентите кои се заинтересирани за учество на конференцијата најпрво треба на една страница да напишат кратко резиме (апстракт) за проектот и да го постават на страницата за прикачување најдоцна до 20.02.2018. Авторите кои ќе влезат во потесен избор ќе треба да го прошират краткото резиме во студентски труд (максимум 6 страни). За студентски трудови ќе се сметаат трудовите за кои при нивното праќање е избрано дека се од тип студентски труд. Сите потребни информации за форматот на трудовите и нивно поставување ќе ги најдете на официјалниот сајт на конференцијата http://ciit.finki.ukim.mk.  Рокот за поставување на студентските трудови е 18.03.2018. За повеќе информации, контактирајте нѐ на ciit@finki.ukim.mk.

Испратените студентски трудови ќе бидат евалуирани од избирачкиот одбор на конференцијата и најдобрите 10 ќе бидат наградени со бесплатно учество на конференцијата, кое вклучува котизација, едноднево сместување во хотелот „Бистра“ и превоз на еден претставник за секој труд.

Главните критериуми при евалуација на испратените трудови ќе бидат иновативноста, имплементацијата на најновите трендови во компјутерската наука и инженерство и коректна форма на техничко изразување. Студентските трудови ќе бидат презентирани во специјални студентски сесии и истите ќе влезат во изборот за најдобар студентски труд.

Освен презентацијата на вашата работа, учеството на конференцијата ќе ви овозможи и да се запознаете со работата на останатите колеги од факултетот и да уживате во пријатната атмосфера и амбиент на хотелот „Бистра“ и Националниот парк „Маврово“. Затоа, ве покануваме и охрабруваме да земете активно учество во конференцијата.

Со почит,

Организациски одбор на CIIT 2018.

 

 

1

На 16.03.2018 во просториите на ФИНКИ се одржа настанот Digi Girlz. Целта на овој настан беше да ги поттикне и мотивира младите девојчиња за кодирање, програмирање, иновација во креирање и смислување на нови ИТ идеи. За време на настанот успешни жени од Македонија во ИТ бизнис сферата и вработените од Мајкрософт зборуваа  со младите за да ги запознаат со придобивките на ИТ професиите.

dsc_6527.jpg

dsc_6637.jpg

dsc_6495.jpg

0

EESTEC LC Skopje и Факултетот за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство - Скопје со гордост Ви го најавуваат четвртото издание на интернационалната работилница “Code App, Level Up.

Работилницата претставува интернационален семинар од едукативен и компететитивен карактер. Во ова издание на “CALU” ќе биде обработена тематиката “Општествено одговорни веб страни”, каде би можеле Вашето знаење да го проширите преку академскиот дел, како и практично да ја реализирате Вашата тимска идеја за време на работилниците. Во текот на овие работилници би имале ментори од кои би можеле да побарате стручно мислење и помош при вашите потешкотии во реализацијата на веб страната.

_dsc0291.jpg

На овој настан би добиле квалитетна обука во следните области:

- Дизајн на веб платформа (Front-end) – каде би се запознале со технологии кои се користат за дизајн на веб страни, како што се: Bootstrap, Angular 2 и JavaScript.

- Развој на веб платформа (Back-end) – каде би се запознале со технологии кои се користат за развој на веб страни, како што се: ASP.Net и Јava Spring.

Настанот ќе се одржува од 26-ти февруари до 3-ти март 2018 година. На семинарот ќе земат учество 12 странски студенти од држави ширум Европа и 23 студенти од Техничкиот Кампус при универзитетот “Св. Кирил и Методиј” - Скопје.

Апликациите за учество на настанот се бесплатни и се отворени до 12.02.2018. Доколку сте заинтересирани и сакате да се надоградите себе си, можете да се пријавите самостојно или во тим со уште двајца (вкупно тројца). Пријaвување на следниот линк: https://goo.gl/forms/qUKfMZ7XofGK6vIa2

Повеќе информации можете да најдете на http://calu.mk/

Учесниците на семинарот кои студираат на Факултетот за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство ќе добијат по 2 ЕКТС за учество на истиот. 

 
0