Резултати од пребарување

URBANFLOODS

Body: 

URBANFLOODS: Зајакнување на отпорноста на поплави низ Јадранско-јонскиот регион

URBANFLOODS Logo

URBANFLOODS  има за цел да ја подигне јавната свест, да препорача насоки за спречување поплави и да обезбеди стратешки акциски планови на краток, среден и долг рок. Проектот е дизајниран да им користи на локалните власти, заедниците, креаторите на политики и јавноста кои во иднина треба да имаат во предвид овие препораки за градење на градови поотпорни на поплави за иднината.

Инфо за проектот

  • Име на проектот: URBANFLOODS: Зајакнување на отпорноста на поплави низ Јадранско-јонскиот регион
  • Извор на финансирање: Interreg IPA-Adrion
  • Период на имплементација: 2024 - 2027
  • Вкупен буџет: 1.747.583,17 € (80% придонес од ЕУ - 85% придонес од ИПА фонд)
  • Веб-страница: https://urbanfloods.interreg-ipa-adrion.eu/

Опис на проектот

Јадранско-јонскиот регион, со своите уникатни географски и климатски услови, е сè поподложен на сериозни поплави поради комбинацијата на климатските промени и користењето на земјиштето. Овие настани доведоа до значителни геоморфни промени на речните канали и, историски, предизвикаа значителна штета на животот, имотот, земјоделството и туристичката инфраструктура.

Целта на URBANFLOODS проектот е зајакнување на урбаната отпорност против растечката закана од поплави, особено насочени кон реките и потоците во урбаните средини во Јадранско-јонскиот регион. Со развивање на интегриран систем за поддршка на одлуки според Директивата на ЕУ за поплави и иновативна платформа за комуникација и учење, проектот се стреми да го трансформира управувањето и подготвеноста за поплави.

Специфични цели на проектот

  • Заеднички развој на интегриран систем за поддршка на одлуки (СПО): Вклучува создавање на напреден СПО базиран на податоци кој нуди сеопфатни решенија за управување со поплави и системи за рано предупредување.
  • Зајакнување на механизмите за природна и цивилна заштита: Фокус на подобрување на постоечките стратегии за природна и цивилна заштита и воведување нови мерки за понатамошна заштита на Јадранско-јонскиот регион од ризици од поплави.
  • Анализа на воспоставени протоколи за ефективни практики, транснационални стратегии и акциски планови: Процес кој вклучува идентификација, документирање и усвојување на успешни стратегии за управување со поплави и акциони планови, кои можат да послужат како референца за другите региони кои се соочуваат со слични проблеми.
  • Едукација на локалните заедници: Се стреми да го подобри разбирањето на ризиците од поплави меѓу локалните заедници преку охрабрување на културата на „подготвеност“ и промовирање на проактивни мерки за ублажување на потенцијалните влијанија.

Главни очекувани резултати

  • Еден унифициран СПО: Единствен, интегриран СПО ќе го подобри капацитетот на локалните власти да ги намалат ризиците од урбани поплави и да ја зголемат урбаната отпорност преку нудење софистицирани решенија за управување со поплави базирани на податоци. Овој унифициран СПО ќе биде потврден и демонстриран на девет различни пилот локации.
  • Заедничка транснационална стратегија: Ќе се воспостави сеопфатна транснационална стратегија за постигнување ефикасно и ефективно управување со поплавите. Оваа стратегија ќе обезбеди заедничка визија, цели, задачи, политики, акции и мерки, сите засновани на релевантни податоци.
  • Три акциони планови: Ќе се развијат три акциони планови за преточување на транснационалната стратегија во конкретни чекори. Овие планови имаат за цел да го зголемат знаењето и да помогнат во донесувањето одлуки на три категории на клучни институции: (1) локални/регионални власти, (2) органи за цивилна заштита, и (3) национални власти.
  • Меморандум за соработка: Формален договор меѓу партнерите за продолжување на соработката по завршувањето на проектот. Овој меморандум ќе промовира размена на знаења и трансфер на најдобри практики меѓу партнерите и релевантните засегнати страни, зголемувајќи ја видливоста на резултатите од проектот за да се поддржат идните синергии и да се подигне свеста и подготвеноста на пошироката јавност, со што ќе се максимизира потенцијалното влијание на проектот.

ПАРТНЕРИ

  • Универзитет на Западна Македонија, Катедра за електротехничко и компјутерско инженерство – Грција (ЕЛ) – Водечки партнер
  • Хидро-инженерски институт Сараево – Босна и Херцеговина (БА)
  • Развоен центар Мурска Собота – Словенија (SI)
  • Општина Мачерата – Италија (ИТ)
  • Регионална развојна агенција Бачка – Србија (РС)
  • Општинско претпријатие за водовод и канализација Кожани – Грција (ЕЛ)
  • Hydrowater-Albania sh.pk – Албанија (AL)
  • Агенција за развој на Риека Порин Дооел – Хрватска (HR)ж
  • Факултет за компјутерски науки и инженерство, Универзитет Св. Кирил и Методиј “ Скопје – Северна Македонија (МК)
  • Евромедитерански центар за одржлив развој – SVI.MED НПО – Италија (ИТ)
  • Центар за управување со знаење ЦКМ – Северна Македонија (МК)

Партнери на проектот

  • Општина Сцикли – Италија
  • Општина Модица – Италија
  • Словенечка агенција за животна средина – Словенија
  • Агенција за слив на Јадранско Море – Босна и Херцеговина
  • Асоцијација за водовод и канализација на Албанија – Албанија
  • МИНИСТЕРСТВО ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА И ЕНЕРГИЈА, ГЕНЕРАЛНА ДИРЕКЦИЈА ЗА ВОДА – Грција
  • Јавно водостопанско претпријатие „Воде Војводине“– Србија
  • Општина Кожани – Грција
  • Центар за управување со кризи – Северна Македонија
  • Институт за одржлив развој и управување со природни ресурси-UCRI TEMENUS UOWM – Грција
  • Јавна установа за управување со заштитени подрачја во општината Приморје-Горски Котар – Хрватска

Пилот локации

  • Сиопото - Грција
  • Река Матица - Босна и Херцеговина
  • Река Ледава - Словенија
  • Фосо Нардучи - Италија
  • Modica-Scicli - Италија
  • Река Караш - Србија
  • Река Тирана - Албанија
  • Река Рјечина - Хрватска
  • Крива Река - Северна Македонијa

Крива Река

Новости

Контакти

Проектот URBANFLOODS е ко-финансиран од Европската Унија преку програмата Interreg IPA ADRION.

1_8.jpg

ФИНКИ (координатор проф. Ана Мадевска Богданова) е еден од 4-те партнери на НАТО проектот SP4LIFE. За време на официјалната посета на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на Србија на 21 ноември 2023 година, во хотелот Холидеј Ин во Белград се одржа презентација на научни проекти поддржани од НАТО како дел од програмата Наука за мир и безбедност – ( Science for Peace and Security – SPS).

Од 14 проекти во кои е вклучена Србија, беа претставени 3 проекти, меѓу кои проектот „Smart patch for life support systems – SP4LIFE“. За време на посетата на генералниот секретар на НАТО, проектот го претстави советникот од канцеларијата на SPS на НАТО, д-р Ејуп Турмус, а со целите на проектот прусутните ги запознаа претставниците на проектот, младиот белградски докторант Стефан Илиќ и проектниот координатор Милан Тишлер. Во дискусија, високиот гостин ја согледа иновативноста на решението и неговиот потенцијал и изрази задоволство што во проектот учествуваат млади луѓе од повеќе земји.

Оваа презентација е голем чекор кон успешно завршување на проектот SP4LIFE.

Во проектот SP4LIFE, се развива систем во реално време со оригинален интегриран сензор што собира и паметно ги анализира информациите за виталните параметри на повеќе повредени лица (дишење, отчукувањата на срцето, оксигенација на крвта, крвен притисок и телесна температура) и може да му помогне на медицинскиот персонал во оптималното следење и управување со повредените лица, на пример во случај на масовни несреќи или терористички напади. Сензорот е уред налик на фластер, прикачен на градите на повреденото лице,  кој ги следи основните витални параметри и алармира доколку здравствената состојба на лицето критично се промени. Истовремено, безжично се пренесуваат измерените податоци од неколку сензори на таблет за следење, каде со помош на методи на вештачка интелигенција континуирано се оценуваат другите витални параметри на повредените, што овозможува приоритетен третман и транспорт до медицинска установа на повредените кои се во состојба на најголема животна опасност.

2_7.jpg

3_9.jpg

4_3.jpg

0