Резултати од пребарување

Објавена е листа на пријавени кандидати за упис на ФИНКИ во вториот уписен рок за академската 2023/2024 година. Листата можете да ја најдете на следниот линк.

Листата ги содржи информациите за она што е пополнето во документите и не дава информација за рангирањето на кандидатите. Листата содржи број на кандидатот, првиот избор на студиска програма, Дали кандидатот избрал кофинансирање или не, редослед на изборите на насоки по приоритет, како и поените од успехот.

По објавувањето на листата на пријавени кандидати за запишување во прва година, почнувајќи од 21.09.2023, најдоцна до 22.09.2023 до 10:00 часот може да се достави приговор за технички пропусти на следниот линк.

Техничките пропусти се однесуваат на:

1.    Печатна грешка на основен избор на студиска програма

2.    Избор со кофинансирање

3.    Редослед на студиски програми

4.    Погрешно пресметани поени (заради соодветност на предмети, тип на матура и сл.)

Thursday, September 21, 2023

Објавени се прелиминарни ранг листи за вториот уписен рок за академската 2023/2024 година.

Поднесувањето на приговор за прелиминарната ранг листа на пријавени кандидати во прв уписен рок ќе се врши до 25.09.2023 година до 12:00 часот.

Friday, September 22, 2023

Почитувани студенти,

Ве известуваме дека сите кои немате запишано електронски семестар (со предмети) истото можете да го направите најдоцна до 22.10.2023 со казна од 500 денари на сметката на ФИНКИ, после тоа може да се запише само празен семестар со казна од 1000 денари на сметката на ФИНКИ.

Monday, September 25, 2023

Процедура за изведување на студентска пракса

Body: 

Според Законот за високо образование, сите студенти од втора, трета и четврта година треба да имаат изведено по минимум 1 пракса во текот на годината. Праксата треба да е со минимално траење од 30 дена (20 работни денови) при што се претпоставува дека студентот работел секој работен ден по 8 часа во текот на периодот. Праксата исто така треба да биде во врска со работа која е од областа на студиите на факултетот (ИТ поврзана пракса).

Постапката за започнување на пракса и заверување на пракса е следната:

  1. Студентот треба да најде компанија кај која ќе оди на пракса. 
    • За оваа цел може да му помогне веб страницата на факултетот каде се објавуваат понудите за пракси на фирмите, како и листата на пријатели на ФИНКИ која ги листа компаниите со кои ФИНКИ има склучено меморандуми за соработка и кои се обврзале да примаат студенти на ФИНКИ на пракса. Листата на компании кои може да се контактираат не е ограничена на оваа листа.
  2. Доколку компанијата кај која студентот ќе оди на пракса побара од студентот официјален документ дека ФИНКИ го упатува на пракса тогаш:
    • Студентот доаѓа со потпишано и пополнето барање за издавање документ за упатување на пракса. Потполнето барање претпоставува дека е потпишан меморандум за соработка на ФИНКИ со компанијата (доколку компанијата нема потпишано ваков меморандум, тогаш ФИНКИ не може да го издаде потребниот документ и пожелно е студентот да ја упати компанијата до деканатот на ФИНКИ за да се потпише меморандум за соработка). Архивските броеви кои се бараат во документот при потпишување на меморандумот треба да ги пополнат лица од компанијата. На тоа барање потребно е да се потпише овластено лице од компанијата и да се стави печат од компанијата.
    • Врз основа на пополнетото барање се издава и потпишува документ за упатување на пракса кој потоа студентот го доставува во компанијата. Тој се печати на официјалниот меморандум на ФИНКИ и се заверува со потпис и печат од студентска служба
  3. Студентот ја изведува праксата во избраната компанија и во текот на работата пишува дневник за извршената пракса. Дневникот кој го води студентот врши евиденција на работни обврски по недели, односно за секоја недела на пракса потребно е да има извештај за сработеното.
  4. По завршената пракса компанијата на студентот треба да му издаде Потврда за остварена пракса потпишана од директорот и со печат на компанијата каде праксата е изведена, како и заверена во архивата на компанијата. Во текстот на потврдата јасно треба да е истакнат идентитетот на студентот кој бил на пракса, периодот во кој студентот бил на пракса заедно со општ опис на неговите работни обврски.
    • Дневникот за извршената пракса треба да биде одобрен со потпис од одговорното лице за студентот во рамките на компанијата.

Студентот треба да го прати дневникот во електронска форма на одговорниот координатор, со наслов [Opshta praksa]; а по одобрувањето, треба да ги донесе потврдата и дневникот кај координаторот на увид. Координаторот ја одобрува праксата со потпис на потврдата и/или дневникот.

  1. Одобрената потврда и дневник студентот ги предава на студентската служба за чување во неговото досие и официјално потврдување дека студентот ја завршил обврската за пракса.

 

Наставници- координатори според последната цифра на бројот на индексот:

Последна цифра на индекс

Координатор

Термин

1,2,3

проф. д-р Весна Димитриевска Ристовска

Закажан термин по одобрување на дневникот

4,5,6

доц. д-р Георгина Мирчева

Во термин за консултации со физичко присуство на Факултет

7,8,9,0

вон. проф. д-р Андреја Наумоски

Во термин за консултации со физичко присуство на Факултет

За студентите кои од ФЕИТ преминале на ФИНКИ поделбата по координатори се прави според последната цифра од бројот на индекс, а не од годината.

Пример: за број на индекс 345/2006, последната цифра од индексот е 5.

 

НАПОМЕНА: Како студенски пракси се признаваат и праксите реализирани во странство.

Почитувани кандидати, ве известуваме дека запишувањето на рангираните кандидати според решението за прием  во првиот уписен рок ќе се изврши на 26.09.2023 на шалтер во студентска служба од 9:00 до 12:00 часот.

Им пожелуваме успех на сите идни студенти на ФИНКИ!

Рангираните кандидати мора задолжително да се запишат во овој термин и да ги достават во целост наведените документи. Во спротивно, ќе го изгубат добиеното место и доколку сакаат пак да се запишат на ФИНКИ, ќе мора да се пријават на третиот уписен рок, од почеток, доколку останат слободни места.

 

ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ПРИ ЗАПИШУВАЊЕ НА НОВИ СТУДЕНТИ ВО УЧЕБНАТА 2023/2024
1. Изјава за доставени документи
2. Образец за запишување на семестар (со залепена слика), пополнет и потпишан (се купува од книжара)
    2.1.    Листа на предмети според насоки кои се пополнуваат во образецот.
3. Пријавен лист од Државен завод за статистика на РМ (образец ВОИ. 20) (се купува од книжара)
4.а. Кандидатите примени во државна квота поднесуваат потврда за уплата на прва рата од 100 евра во денарска противвредност по среден курс на НБ на Република Северна Македонија (пример уплатница)
    4.а.1.    Договор за студирање во државна квота во два примероци
4.б. Кандидатите во квота со кофинансирање поднесуваат потврда за уплата на прва рата од 200 евра во денарска противвредност по среден курс на НБ на Република Северна Македонија (пример уплатница), како и
    4.б.1.    Изјава за согласност за поднесување на трошоците на студирање
    4.б.2.    Договор за студирање во квота со кофинансирање во два примероци
4.в. Кандидатите примени на Стручни студии за програмирање поднесуваат потврда за уплата на прва рата од 300 евра во денарска противвредност по среден курс на НБ на Република Северна Македонија (пример уплатница), како и
     4.в.1.    Изјава за согласност за поднесување на трошоците на студирање
     4.в.2.    Договор за студирање на ССП во два примероци
5. Потврда за уплата на 750,00 денари на сметката на ФИНКИ за административно материјални трошоци и осигурување. (пример уплатница)
6. Потврда за уплатени 750,00 денари - за информативни, информатички, културни и спортски активности на студентите на Универзитетот  “Св. Кирил и Методиј” во Скопје, со назнака Одлука на УКИМ за ИКСА, ФИНКИ, (пример уплатница).
7. Студенти кои сакаат да дадат пристап на трето лице за увид на личните документи и пристап до документите од студентското досие, потребно е да пополнат и поднесат Изјава за пристап до информации и документи од трети лица на ФИНКИ
8. Индекс (со залепена слика) и студентска легитимација (со залепена слика), пополнети без број на индекс (се купува од книжара)

 

Кандидатите кои нема да се запишат или се откажуваат од запишувањето на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство во учебната 2023/2024, поднесените документи можат да ги повлечат до 29.9.2023 (09:00 - 12:00 часот). При тоа, потребно е да се потпише изјава за подигнување на документите во 2 примероци.

 

Monday, September 25, 2023

Врз основа на член 163 од Законот за високото образование (Сл. Весник 82 од 08.05.2018 година), член 20 и 53 од Правилникот за посебните услови и постапката за избор во наставно-научни, научни, наставно-стручни и соработнички звања и демонстратори на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Одлуката бр. 02-2423/1 од 26.09.2109 година за воспоставување на критериуми за избор на демонстратори и Статутот на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство Скопје во состав на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, се распишува следниов

 

ИНТЕРЕН КОНКУРС

За пројавување интерес за избор на демонстратори за академската 2023/2024 година

 

Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство Скопје во состав на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ Скопје распишува конкурс за избор на единаесет демонстратори за учебната 2023/24 година.

 

Критериуми за избор

За да биде избран демонстраторот треба да ги исполнува минималните критериуми предвидени во Законот за високото образование, Правилникот  за посебните услови и постапката за избор во наставно-научни, научни, наставно-стручни и соработнички звања и демонстратори на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје  и Посебните критериуми за избор на демонстратори во учебната 2024/25 година донесени од Наставно научниот совет на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство и тоа:

  1. Демонстратор може да биде лице кое е студент на втор или трет циклус студии од соодветна област (Области од  наставно научните подрачја  110 ОЕЦД - информатика  и/или 212 ОЕЦД компјутерска техника и информатика)
  2. За демонстратор може да биде избран студент кој ги има завршено студиите од прв циклус студии по ЕКТС со освоено 240 ЕКТС кредити на соодветна студиска програма со просечна оценка од најмалку 8,5

Како критериум за избор се земат:

  • учество од 47,5% на просекот на завршени додипломски студии
  • учество од 47,5% на просекот од задолжителните предмети на студиската програма на која студирал кандидатот на додипломските студии
  • 5 % од интервју (оценка на афинитети од областите кои ги покрива)
  • Предност имаат кандидатите кои завршиле студии на повисоко рангирани универзитети. (се пресметува тежински фактор односно коефициент според рангот на универзитетот)
  • Предност имаат кандидатите кои се внесени во базата за можни демонстратори на Факултетот.

Обем, надоместок и траење на ангажманот

Демонстраторите согласно потребата ќе бидат ангажирани за дежурање и одржување на  аудиториски и лабораториски вежби со максимално оптоварување од 12 часа аудиториски вежби односно 8 аудиториски + 8 лабораториски вежби. (сооднос аудиториски/лабораториски е 1/2). Освен наведеното, сите демонстратори имаат обврска да учествуваат и на други активности (дежурање на испити, промотивни активности и сл.).

За целосен максимален ангажман на демонстраторот му следува надоместок во максимален износ од 36.000,00 денари нето месечно.

Работното време е 40 работни часа во текот на неделата согласно распоред на настава и други дополнителни работни задачи.

Демонстраторите се избираат до завршетокот на учебната 2023/24 година. 

 

Кандидатите се пријавуваат на линкот најдоцна до 02.10.2023.

 

Monday, September 25, 2023
Почитувани студенти,
 
Ве известуваме дека на 02.10.2023 година во 18:00 часот во Филхармонија на Република Северна Македонија ќе се одржи првиот академски час за учебната 2023/2024 година на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
 
На првиот академски час се поканети сите новозапишани студенти.
 

Наставата почнува во вторник (03.10.2023) согласно распоред кој ќе биде дополнително објавен на нашата веб страна. 

 
Tuesday, September 26, 2023

МЦА објавува повик за практикантство за full stack development со фокус на backend технологии, со можност за вработување. Огласот можете да го погледнете тука.

1

Сите кои се заинтересирани да бидат тутори за лабораториски вежби, да се пријават на следната форма најдоцна до 5.10.2023 година.

Tuesday, September 26, 2023

Во гејмингот и понатаму најбараните позиции се уметниците. 2Д артист, 3Д артист, аниматор, Креативен директор, props, околина, концептуален дизајн… не им се знае бројот.

Затоа SGA тргнува во мала турнеја низ регионот. Во соработка со MGI и МАГДА претставуваме митап посветен на оваа тема. Во срцето на Скопје разговараме за разновидноста на оваа креативна професија која крајно исполнува, без разлика дали сте фан на AAA, инди или индивидуална работа. Овој настан SGA ќе го искористат и да спорелат информации за нивните Playing Narratives, проект низ кој младите се запознаваат со гејмингот.

ПРЕДАВАЊА

  1. Креирање на визуелен стил и асети за АА – Што е визуелен стил во игрите? Креирање на визуелен стил за Odium to the Core. Како изгледа креацијата на карактер за Скопје од идеја до реализација во игра.
  2. Гејм арт во инди игри: фусија на креативноста и гејмингот – Што е тоа што ка прави играта? Нејзината приказна, механика, атмосфера, звук, карактери,… но до овие компоненти мора да се стигне преку конципирање, а тука клучен момент е гејм арт. Ќе поминеме низ повеќе важни точки за гејм арт, градење и практична употреба на визуелни библиотеки, пренесување на концептот на хартија (или екран), наоѓање адекватен стил за проекти како и други основни компоненти од оваа област.
  3. Pocket-Sized Art: The Magic Of Making Optimized game assets – за најмалите екрани важат други правила, без разлика дали станува збор за карактери, UI или мапа. Овие игри требаат секојдневно да ги „враќаат“ играчите во нивните светови, па затоа овде креативната насока е малку поразлична.
  4. Playing Narratives – билет за влез во гејминг индустријата

Влезот е бесплатен, а по завршувањето на предавањата ве покануваме да останете за да се запознаеме и со пијачка да продолжиме муабет за нашата омилена тема, видео игрите. Се гледаме во Netaville.

pn-meetup-skopje-wp-1200x63027912.png

0