Резултати од пребарување

БЕСТ Хакатон е 12 часовен натпревар, поделени во тимови од 3-5 студенти кои ќе треба да дадат креативно решение на проблем од web development, користејќи технологии кои ним им се познати.
Апликациите се отворени до 10.12 (23:59ч.) на следниов линк.
За било какви прашања стоиме на располагање на нашите социјални медиуми @bestskopje.
Информациите за хакатонот може да ги најдете и на официјалната страна на хакатон hackathon.best.org.mk

На 19.12.2023г (вторник) со почеток во 18:00ч во Netaville ќе се одржи предавање на тема: „Основи на безбедност при онлајн плаќања, заедно со HalkBank и Netcetera“.
На предавањето Сениор Софтвер Инженерот Ненад Коцев од Netcetera ќе открие со какви технички решенија се надминуваат предизвиците поврзани со имплементација на 3DS во банкарскиот сектор, додека претставниците на Halkbank ќе претстават како се користи овој сервис, и како клиентите се заштитуваат при онлајн трансакции.

ФИНКИ (координатор проф. Ана Мадевска Богданова) е еден од 4-те партнери на НАТО проектот SP4LIFE. За време на официјалната посета на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на Србија на 21 ноември 2023 година, во хотелот Холидеј Ин во Белград се одржа презентација на научни проекти поддржани од НАТО како дел од програмата Наука за мир и безбедност – ( Science for Peace and Security – SPS).
Од 14 проекти во кои е вклучена Србија, беа претставени 3 проекти, меѓу кои проектот „Smart patch for life support systems – SP4LIFE“. За време на посетата на генералниот секретар на НАТО, проектот го претстави советникот од канцеларијата на SPS на НАТО, д-р Ејуп Турмус, а со целите на проектот прусутните ги запознаа претставниците на проектот, младиот белградски докторант Стефан Илиќ и проектниот координатор Милан Тишлер. Во дискусија, високиот гостин ја согледа иновативноста на решението и неговиот потенцијал и изрази задоволство што во проектот учествуваат млади луѓе од повеќе земји.
Оваа презентација е голем чекор кон успешно завршување на проектот SP4LIFE.
Во проектот SP4LIFE, се развива систем во реално време со оригинален интегриран сензор што собира и паметно ги анализира информациите за виталните параметри на повеќе повредени лица (дишење, отчукувањата на срцето, оксигенација на крвта, крвен притисок и телесна температура) и може да му помогне на медицинскиот персонал во оптималното следење и управување со повредените лица, на пример во случај на масовни несреќи или терористички напади. Сензорот е уред налик на фластер, прикачен на градите на повреденото лице, кој ги следи основните витални параметри и алармира доколку здравствената состојба на лицето критично се промени. Истовремено, безжично се пренесуваат измерените податоци од неколку сензори на таблет за следење, каде со помош на методи на вештачка интелигенција континуирано се оценуваат другите витални параметри на повредените, што овозможува приоритетен третман и транспорт до медицинска установа на повредените кои се во состојба на најголема животна опасност.

Народната банка на Република Северна Македонија објавува оглас за вработување на девет (9) извршители, и тоа:
1.1. Три извршители на определено време во траење од 2 години во Дирекцијата за апликации, од кои:
- 2 извршители на работното место „помлад програмер почетен II степен“ во Отсекот за програмирање и
- 1 извршител на работното место „помлад продуктен инженер почетен II степен“ во Отсекот за раководење со готови софтверски продукти.
1.2. Четири извршители на определено време во траење од 2 години во Дирекцијата за ИТ инфраструктура, од кои:
- 1 извршител на работното место „помлад систем инженер“ во Отсекот за ИТ инфраструктура;
- 1 извршител на работното место „помлад систем инженер почетен II степен“ во Отсекот за ИТ инфраструктура;
- 1 извршител на работното место „помлад систем инженер“ во Отсекот за ИТ услуги и
- 1 извршител на работното место „помлад систем инженер“ во Отсекот за поддршка на платните системи.
1.3. Еден извршител на определено време во траење од 2 години на работното место „помлад систем инженер почетен II степен“ во Отсекот за надзор и ИТ безбедност во Секторот за информациска технологија.
1.4. Еден извршител на определено време во траење од 1 година на работното место „статистичар за ИТ поддршка“ во Отсекот за изготвување и објавување екстерни статистики во Дирекцијата за статистика.
Повеќе детали на следниот линк.
Прелиминарна листа на кандидати кои исполнуваат услови за запишување на трет циклус студии - докторски студии во вториот уписен рок во академската 2023/2024 година |
студиска програма |
Код (првите седум бројки од единствениот матичен број на кандидатот) |
ментор |
Информатика 0604970 Проф. Др Марјан Гушев |
Прелиминарна листа на кандидати кои НЕ исполнуваат услови за запишување на трет циклус студии - докторски студии во вториот уписен рок во академската 2023/2024 година |
студиска програма | Код (првите седум бројки од единствениот матичен број на кандидатот) | ментор |
очитувани студенти,
На следниот линк е прелиминарната листа на кандидати кои НЕ исполнуваат услови за запишување во вториот уписен рок од конкурсот за докторски студии на насоката КНИ.
Почитувани студенти,
Објавен е распоред за распоред за втори парцијални испити зимски семестар 2023/2024. Истиот може да го видите на огласна табла.