Код на предмет: 
F18L2S051
Фонд на часови: 
180
Цел на предметната програма: 

Преку изучување на основните концепти за е-учење, м-учење, е-учење 2.0, разгледување на предизвици при воведување на ИКТ во образованието во светот, актуелни примери на воведување на ИКТ во образованието кај развиените земји и земјите во развој студентите ќе добијат еден поширок и сеопфатен поглед на темата. Низ примери за примена на видео игри, масивни отворени онлајн курсеви, оддалечени и виртуелни лаборатории, виртуелни училници студентите ќе се запознаат со можностите за искористување на ИКТ за поддршка на образованието и со современите едукативните принципи кои се користат во процесот на учење потпомогнато со технологии. Преку практична работа студентите ќе се запознаат и ќе развијат вештини за компјутерско размислување.

Акредитација: