Резултати од пребарување
Ангела Велковска
Submitted by martina.jankulovska on Wed, 11/10/2021 - 10:18Александра Арсова
Submitted by martina.jankulovska on Wed, 11/10/2021 - 10:20Ангела Стојковска
Submitted by martina.jankulovska on Wed, 11/10/2021 - 10:21Александра Ивановска
Submitted by martina.jankulovska on Wed, 11/10/2021 - 10:23Катерина Шалевска
Submitted by martina.jankulovska on Wed, 11/10/2021 - 10:25
Фондацијата Метаморфозис во соработка со Министерството за информатичко општество и администрација, а во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско учество, организира втор Хакатон за отворени податоци. Хакатонот ќе се одржи од 30 ноември до 3 декември 2021 година. Наградниот фонд за најдоброто решение на Хакатонот изнесува 3,000 долари, наменети за комплетирање на демо верзијата во функционална апликација.
Хакатонот за отворени податоци е 4-дневен предизвик на кој учесниците треба да создадат креативно решение кое ќе овозможи промовирање на концептот за отворени податоци. Основната цел на хакатонот е доближување на отворените податоци до сите граѓани и нивно прикажување на едноставен и иновативен начин. Право на учество имаат тимови составени од студенти или стартап компании од областа на IT. Неопходно е членовите на секој тим да имаат знаења од програмирање, дизајн, економија, маркетинг и слично. Еден тим може да биде составен од најмалку тројца членови, а најмногу осум.
Пријавувањето на тимовите е отворено до 24 ноември, 2021 година, до 16:00 часот. Повикот за пријавување на Хакатонот е објавен тука, формуларот за пријавување е достапен тука, а концептот може да го погледнете тука.

Компанијата Loka (loka.com) ја објавува својата петта ML пракса за студентите на Финки. Нудиме интересни предизвици од полето на Machine Learning, Data Analysis, Data Mining и Data Processing. Очекуваме студенти кои се заинтересирани да работат со големи податоци и кои сакаат да научат како да користат некои од следните алатки: TensorFlow, Beam, Spark, Flink, Airflow, Docker, Kubernetes, KubeFlow, MLFlow, SageMaker како и некои од Cloud платформите, како AWS, GCP и Azure. Ќе бидете вклучени во изработка на проект за петтата генерација практиканти, од почеток до крај - анализа на податоците, креирање модел, прием на податоци, податочен pipeline, сервирање на модел и клиентска апликација.
Заинтересираните кандидати може да се пријават на следниот email:


Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје има континуирана заложба да ја поддржува научноистражувачката работа. Секоја година на Светскиот ден на науката за мир и развој, 10-ти Ноември, се доделува Награда за избор на најдобри научници/уметник на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, за покажани врвни резултати во научноистражувачката дејност во текот на календарската година.
Во 2012 година проф. д-р Марјан Гушев беше добитник на наградата за најдобар научник . Дополнително, заради континуираната работа и продолжениот успех во работата, во континуиран подолг период од 10 години, проф. д-р Марјан Гушев од ФИНКИ е добитник и на новата награда на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј"-Скопје – плакета за посебен придонес во развојот на научно-истражувачката дејност на Универзитетот. Плакетата му ја врачи ректорот проф. д-р Никола Јанкуловски. Откако во 2012 година добил награда „Научник на годината", рече дека тоа за него претставувало голем предизвик и поттик да работи понатаму.
„Се надевам дека на сите научници во државата ќе им биде предизвик да работат напорно бидејќи навистина заслугите се вреднуваат на крај. Да беше ова настан од спортски или музички активности, ќе имаше црвени теписи, луѓе, медиуми итн. Се надевам дека оние што одлучуваат за науката во државава ќе имаат разбирање дека и науката еден ден ќе стигне на високо ниво“, рече Гушев