Резултати од пребарување

Тео Грозданоски

Име и презиме: 
Тео Грозданоски
Наслов: 
Проектирање на безбедна мрежа за прептријатија со користење на CISCO DMVPN
Датум: 
Monday, November 8, 2021 - 12:00

Оливер Кочовски

Име и презиме: 
Оливер Кочовски
Наслов: 
Систем за менаџирање на едукативен центар
Датум: 
Wednesday, November 10, 2021 - 11:30

Александар Максимов

Име и презиме: 
Александар Максимов
Наслов: 
Веб платформа за преглед со акции
Датум: 
Wednesday, November 10, 2021 - 11:00

Наталија Витанова

Име и презиме: 
Наталија Витанова
Наслов: 
On-line продавница за персонализирани играчки
Датум: 
Wednesday, November 10, 2021 - 12:30

Јана Адамовиќ

Име и презиме: 
Јана Адамовиќ
Наслов: 
Од идеја до реализација на финален производ - мобилна апликација
Датум: 
Thursday, November 11, 2021 - 12:00

Андреј Миловановиќ

Име и презиме: 
Андреј Миловановиќ
Наслов: 
Развој, безбедност, автоматизација и мониторинг на cloud native веб апликации
Датум: 
Monday, November 8, 2021 - 14:00

Дамјан Анакиев

Име и презиме: 
Дамјан Анакиев
Наслов: 
Мобилна апликација за поставување цели и следење навики.
Датум: 
Monday, November 8, 2021 - 09:30

Ве известуваме дека се продолжува рокот за одбрана на дипломски работи за студентите кои се во последен семестар од студии по ЕКТС.

1. Студентите кои имаат пријавено дипломски труд ако до 19.11.2021 година истиот го одбранат немаат обврска за запишување на зимскиот семестар. Истите треба да направат само заверка на летниот семестар.
2. Студентите кои пријавиле дипломски труд во изминатиот летен семестар и истиот нема да го одбранат до 19.11.2021 година должни се да запишат зимски семестар при што покрај потребните документи треба да приложат уплатница од 1000,00 ден. за административни трошоци на жиро сметка на ФИНКИ, како и уплатница за ИКСА (точка 6 од потребните документи).

Tuesday, November 9, 2021

Иван Кузманов

Име и презиме: 
Иван Кузманов
Наслов: 
Модели за естимирање крвен притисок со ECG и PPG сигнали
Датум: 
Thursday, November 11, 2021 - 13:00

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје има континуирана заложба да ја поддржува научноистражувачката работа. Секоја година на Светскиот ден на науката за мир и развој, 10-ти Ноември, се доделува Награда за избор на најдобри научници/уметник на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, за покажани врвни резултати во научноистражувачката дејност во текот на календарската година.

Одборот за доделување на Наградата за избор на најдобри научници/уметник на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје за 2020 година, врз основа на објавен Конкурс, а по предлог на Комисијата за наука на Универзитетот, донесе Одлука за избор на најдобри научници/уметник на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје за 2020 година.

Во областа на техничко-технолошките науки, како најдобар научник на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје за 2020 година е избран д-р Ефтим Здравевски, доцент на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство. Во 2020 година доц. д-р Ефтим Здравевски има објавено 25 трудови во списанија со фактор на влијание со вкупен фактор на влијание 64,56 и вкупен Scopus Cite Score 99,4, како и 16 публикации во зборници на трудови од меѓународни конференции. Доц. д-р Ефтим Здравевски е дел од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство од неговото основање во 2011 година. Неговите научни интереси и активности се во областите на машинско учење, паралелни алгоритми, анализа на временски серии и нивната примена кај големи податоци од повеќе домени.

Доделувањето на оваа награда на доц. д-р Ефтим Здравевски, уште еднаш докажува дека Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство е една од водечките институции во научно-истражувачката дејност во регионот и дека е институција во која работат најдобрите кадри од техничко технолошките науки.

Во рамки на настанот кој го организира УКИМ по повод Светскиот ден на науката за мир и развој, ќе се одржи и доделувањето на наградите на 10-ти Ноември 2021 (среда) со почеток во 13:00 во свечената сала за седници на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Настанот може да се следи преку видеоконференциската платформа ZOOM на линкот: https://us02web.zoom.us/j/83223326322?pwd=blJjd2JzM2VJK1FFV2lKcjIvNG5vZz09#success

1