Резултати од пребарување

Распоредот на часови за зимскиот семестар за учебната 2018/2019 година и распределбата по групи може да ги најдете на огласна табла.
 
Преку системот http://molbi.finki.ukim.mk може да поднесете молба за промена на група и/или професор во точно дефиниранитe рокови кои ќе бидат поставени на системот. Промена на група/професор е дозволена само доколку постои преклопување меѓу предметите од распоредот за кои се бара промената.
Saturday, October 6, 2018

Почитувани, 

Ја користиме оваа прилика да ве информираме за првата конференција за е-трговија на Македонија на тема “eCommerce: The eFuture for eMacedonia!”, која ќе се одржи на 26ти октомври во хотел Marriott, Скопје со почеток од 09 до 17ч, а е во организација на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија

Воедно сакаме да ве поканиме да присуствувате и да ве известиме дека за пријателите на ФИНКИ, како партнер на конференцијата, обезбедивме попуст од 15% на секоја купена карта. Попустот може да се искористи со внесување на кодот finki15, при регистрација на настанот.

Целта на конференцијата е да придонесе кон поголеми знаења и свест за важност на е-трговијата, вклучувајќи ги и поврзаните услуги и технологии како и да ги собере на едно место сите засегнати страни да дискутираат и да разменат искуства и знаења. Конференцијата вклучува четири главни теми: развој, плаќања, достава и маркетинг организирани во десет главни говори и четири панел дискусии во кои ќе учествуваат повеќе од дваесет македонски и странски говорници.

Делегатите, претприемачите и основачите, како и менаџментот на компаниите и институциите во поширокиот еко систем на е-трговија ќе имаат можност подобро да се запознаат со актуелните и идни случувања, како и со практични солуции за оптимизација на нивното онлајн присуство со цел да го направат својот бизнис поефективен.

Дел од говорниците на конференцијата ќе бидат Министерот за информатичко општество и администрација г-дин Дамјан Манчевски, Директорот на Фондот за Иновации и Технолошки Развој г-дин Јован Деспотовски, регионалниот директор на Mastercard г-ѓа Вања Манова, Генералниот извршен дирекртор на Македонски Телеком г-дин Никола Љушев, Генералниот директор на Оне.Вип г-дин Мислав Галер како и други бројни домашни и странски искусни претставници од приватниот сектор од областа на е-трговијата.

Повеќе информации за останатите говорници и агендата, може да погледнете на следниов линк: https://www.ecommerceconference.mk/

 

КАКО ДА КУПИТЕ КАРТА СО ПОПУСТ?

За да се регистрирате и да го добиете попустот,  потребно е да ги следите следните чекори:

  • Да кликнете тука и да одите на Купи карта 
  • Да го внесете кодот finki15 во полето за код
  • Да ги пополните информациите за учесниците
  • Продолжете кон плаќање за да ја комплетирате нарачката

По комплетирањето ќе добиете email за успешна регистрација.

0

Со цел да се поттикне и продлабочи соработката помеѓу АССЕКО СЕЕ и образовните институции, АССЕКО СЕЕ ДООЕЛ од Скопје организира програма за обука на млади софтверски инженери.

Подетални информации можете да добиете на следниот линк.

 

 

1
Новата верзија од распоредот на часови за зимскиот семестар за учебната 2018/2019 година може да ја најдете на огласна табла.
Sunday, October 14, 2018

СмартАп - Лабораторија за социјални иновации Скопје и УНИЦЕФ ги покануваат сите млади иноватори од 14 до 24 години да осмислат решенија за #КрајНаНасилството врз децата и меѓу децата во рамки на Младинскиот предизвик - Generation Unlimited.

 

 

На следните линкови може да ги најдете:

Рок за аплицирање: 29.10.2018

Дополнителни информации може да се погледне во документот подолу.

ДокументГолемина на документ
PDF icon povik_do_mladi_inovatori_da_osmislat_reshenija_za_krajnanasilstvoto_vrz_i_megu_decata1240.pdf311.56 KB
1

ФИНКИ го одбележува месецот на сајбер безбедноста со официјално започнување со работа на новиот сајт на FINKI-CIRT https://cirt.finki.ukim.mk/mk/doma/ кој првенствено служи за прибирање информации за компјутерски поврзани инциденти во мрежата на ФИНКИ. Отсега имате можност да пријавите инцидент поврзан со сајбер безбедноста на ФИНКИ. Тимот на FINKI-CIRT ќе ја разгледа пријавата и соодветно ќе реагира на настанот.

Освен известувања за скорешни инциденти, на сајтот ќе најдете и дополнителни информации врзани со сајбер безбедноста, како и корисни совети за подигнување на нивото на безбедност на вашите кориснички сметки и уреди. Дополнително, тука ќе бидат објавувани и известувањата за закажани настани и тренинзи од областа на сајбер безбедноста.

Воедно би сакале да ја искористиме оваа прилика и да ги повикаме сите заинтересирани студенти кои сакаат активно да се вклучат во работата на FINKI-CIRT да не контактираат на cirt@finki.ukim.mk. Бараме ентузијасти за справување со инциденти, автори на интересни статии, блогери, влогери, хакери, пен-тестери, ...,  или едноставно вљубеници во уметноста на сабјер безбедност.

Tuesday, October 16, 2018

PwC е моќна мрежа од над 236.000 професионалци во 158 земји во светот. Професионалци посветени на градењето на квалитетот на услугите во областа на ревизија, даноци, консултантски услуги како и услугите од областа на ИТ.
Спојте ја Вашата љубопитност со постојаните можности за учење и напредок, и направете разлика. Објавуваме отворени позиции.

Во прилог огласот:

https://www.facebook.com/notes/pwc-macedonia/отворени-позиции-за-практиканти-во-одделот-за-ревизија-be-a-game-changer/1819272398191842/

1

 

 

 

 

 

 

 

 

Курсевите CISCO CCNA (CCNA1 R&S - Introduction to Networks) почнуваат од четврток, 25.10.2018 во 16ч. во просторија 116 на Финки. 

Сите заинтересирани студенти што сè уште не се пријавени, да се пријават на емаил најдоцна до четврток, 25.10.2018, до 12ч. за да бидат навреме вклучени.

Во прилог се детали за курсевите:

***************************************************************************************************

Во рамките на CISCO академијата на ФИНКИ, од октомври 2017 се организираат најновите курсеви од програмата на CISCO – CCNA R&S 1 и 2 (Routing and Switching, Верзија 6.0), наместо досегашните Cisco CCNA Exploration.

Истите се изведуваат како вон курикуларна настава и цената за студенти на ФИНКИ за курсевите CCNA R&S 1 (Introduction to Networks) и CCNA R&S 2 (Routing and Switching Essentials) заедно е 9999 денари за двата курса (се уплаќаат на две месечни рати 5499 + 4500 на сметката на факултетот). Цената на курсевите во други академии во Македонија и странство е неколку пати повисока. За успешно положување на секој курс, студентите ќе добијат 2 кредити согласно ЕКТС еквиваленција (70 часови активност за секој CCNA 1, 2, 3, 4 курс посебно).  Најголемиот број на кредити што секој студент може да ги добие од вон курикуларна настава во текот на своето студирање е 6 кредити.

Заинтересираните студенти можат да се пријават или да добијат дополнителни информации кај м-р. Кирил Ќироски kiril.kjiroski@finki.ukim.mk

.

Детали за курсевите:

Курсевите се официјални од CISCO и ги предаваат само CISCO инструктори на македонски. Академијата има неколку инструктори кои што ги предаваат курсевите од CISCO. Истите се организирани како блок часови предавања и блок часови лабораториски вежби со работа на опрема и симулатор.

Полагањето на секој поединечен курс се изведува на 2 дела: финален испит и практичен испит. Финалниот испит е клик тест и истиот се изведува на англиски (и неколку други странски јазици) на сајтот на CISCO https://cisco.netacad.com/, додека практичниот дел се полага во симулаторот од CISCO – Packet Tracer 6.

Во текот на курсот секој студент секоја недела добива домашни. Секој курс е организиран во модули (11 по курс) и неделно се поминуваат просечно по 2 модули.

Секој студент добива пристап до онлајн материјалите за учење од сајтот на курсот (на англиски, официјални од CISCO), како и официјалните студентски материјали за лабораториски вежби, видеа, задачи предизвици, квизови и други помагала за учење.

По положување на двата курса, студентот се здобива со можност за полагање на сертификатот CCENT (Cisco Certified Entry Networking Technician).

Информација за понатамошните курсеви CCNA 3 и 4:

Преостанатите курсеви за CCNA R&S, 3 и 4 вообичаено се организираат во летниот семестар. Доколку има заинтересирани студенти (минимум 6), може да се организира група и во овој (зимски) семестар за CCNA 3 и 4.

По положување на четирите курса CCNA R & S се добива можност за полагање на CCNA R & S сертификат (Cisco Certified Network Associate Routing and Switching).

 
1

Компанијата Digicube објавува огласи за вработување и тоа за следните позиции:

1. Senior React JS & React Native Developer (Lead Developer)

2. Intermediate Wordpress Web developer / Administrator

Огласите можат да се видат и на следниов линк https://www.digicube.ch/jobs/

1

Новата верзија од распоредот на часови за зимскиот семестар за учебната 2018/2019 година може да ја најдете на огласна табла.

Sunday, October 21, 2018