Резултати од пребарување

Заверувањето на летниот семестар и уписот на зимскиот семестар ќе се врши од 18.09.2018 до 25.09.2018 година. Детали можете да погледнете во официјалното соопштение.

Исто така во прилог е листата на предмети за зимскиот семестар за академската 2018/2019 година. Листата е прелиминарна и активирањето на изборните предмети зависи од бројот на студенти кои ќе се пријават за предметот.

Tuesday, September 18, 2018

Компанијата Sample Solutions објавува оглас за вработување. Повеќе информации може да се најдат подолу.

ДокументГолемина на документ
PDF icon sample_solutions_oglas.pdf194.15 KB
1

Почитувани кандидати, ве известуваме дека запишувањето на рангираните кандидати според решението за прием  во вториот уписен рок ќе се изврши на 21.09.2018 од 09:00 - 14:30 часот во просториите на ФИНКИ.

Им пожелуваме успех на сите идни студенти на ФИНКИ!

Напомена: Рангираните кандидати мора задолжително да се запишат во овие термини, инаку ќе го изгубат добиеното место и доколку сакаат пак да се запишат на ФИНКИ, ќе мора да се пријават на  третиот уписен рок, од почеток, на местата кои ќе останат слободни.

ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ПРИ ЗАПИШУВАЊЕ НА НОВИ СТУДЕНТИ ВО УЧЕБНАТА 2018/2019

При запишувањето, примените кандидати треба да донесат:

1.         Индекс и студентска легитимација

2.         Три фотографии (две 3.5 х 4.5 см и една 2 х 3 см)

3.         Образец за запишување на семестар, со административна такса од  50,00 денари (платена со уплатница  или преку СМС )

            i.          Листа на предмети  според насоки кои се пополнуваат во образецот.

4.         Пријавен лист од Државен завод за статистика на РМ (образец ШВ. 20)

5.         Кандидатите примени во државна квота поднесуваат потврда за уплата на прва рата од 100 евра во денарска противвредност по среден курс на НБ на Македонија (пример уплатница), односно 50 евра во денарска противвредност по среден курс на НБ на Македонија кај кандидатите примени во државна квота на кандидат чие родителско право го врши само еден родител  

            i.          Договор за студирање во државна квота во два примероци

            ii.         Договор за студирање во државна квота на кандидат чие родителско право го врши само еден родител во два примероци

6.         Кандидатите во квота со кофинансирање поднесуваат потврда за уплата на прва рата од 200 евра во денарска противвредност по среден курс на НБ на Македонија (пример уплатница ), односно 100 евра во денарска противвредност по среден курс на НБ на Македонија кај кандидатите примени во квота со кофинансирање на кандидат чие родителско право го врши само еден родител, како и 

            i.          Изјава за согласност за поднесување на трошоците на студирање

            ii.         Договор за студирање во квота со кофинансирање во два примероци

            iii.        Договор за студирање во квота со кофинансирање на кандидат чие родителско право го врши само еден родител во два примероци

7.         Потврда за уплата на 750,00 денари на сметката на ФИНКИ за административно материјални трошоци и осигурување. (пример уплатница )

8.         Потврда за уплатени 750,00 денари - за информативни, информатички, културни и спортски активности на студентите на Универзитетот  “Св. Кирил и Методиј” во Скопје, со назнака Одлука на УКИМ за ИКСА, ФИНКИ, на жиро сметка 1600103689 788 18, депонент НБРМ со трезорска сметка 100000000063095, повикување на број 723012, програма 41 (пример уплатница ).

 

Уплатите за ФИНКИ се вршат на следната  жиросметка 

•           Назив на примачот: Буџет на РМ - ФИНКИ – Скопје

•           Банка на примачот: НБРМ

•           Сметка: 100000000063095

•           Сметка на буџетски корисник:  160016170078813 

•           Приходна шифра: 723012

•           Програма 41

 

Сите примени кандидати документите за упис ги поднесуваат на 21.09.2018 од 09:00 до 14:30 часот во студентската служба на ФИНКИ.

Кандидатите кои нема да се запишат или се откажуваат од запишувањето на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство во учебната 2018/2019, поднесените документи можат да ги повлечат на 21.09.2018 (09 - 14:30 часот). При тоа, потребно е да се потпише изјава за подигнување на документите во 2 примероци.

Напомена за стипендистите

Сите кандидати кои имаат добиено потврди за стипендии од ФИНКИ, а не ги приложиле во документите за пријавување, потребно е истите да ги донесат при уписот на 21.09.2018 година. 

Сите кандидати кои немаат ваков документ, а имаат награди од државни, меѓународни натпревари и олимпијади по информатика, математика или физика и не ги предале при пријавувањето, потребно е да ги донесат дипломите при уписот на 21.09.2018 година и во рок од 30 минути по разледувањето на документите ќе добијат одговор од комисијата дали ќе добијат ослободување од плаќање партиципација и дали тоа ќе биде целосно или делумно. Студентите ја задржуваат стипендијата во текот на целото студирање само ако имаат просек над 9,00.

Wednesday, September 19, 2018

Компанијата PwC објавува оглас за пракса.

Огласот може да се погледне на следниот линк

1

Emit Knowledge е во потрага по.NET back-end developer кој ќе ни се приклучи во:
- развој на тековните проекти во областа на: Contract Management, Data analytics and prediction, Vehicle Market Management;
- развој и надградба на нашиот: Software Development Framework;

Пишете ни на: career@emitknowledge.com

emit_knowledge.jpg

1

Почитувани кандидати, ве известуваме дека запишувањето на рангираните кандидати според решението за прием во третиот уписен рок ќе се изврши на 28.09.2018 од 09:00 - 14:30 часот во просториите на ФИНКИ. Потребната документација за запишување може да ја најдете тука <https://finki.ukim.mk/mk/content/%D0%A0%D0%B5%D1%88%D0%B5%D0%BD%D0%B8%D0%B5-%D0%B7%D0%B0-%D0%BF%D1%80%D0%B8%D0%B5%D0%BC-%D0%B8-%D0%B8%D0%BD%D1%84%D0%BE%D1%80%D0%BC%D0%B0%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%B7%D0%B0-%D0%B7%D0%B0%D0%BF%D0%B8%D1%88%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5-%D0%BD%D0%B0-%D0%BA%D0%B0%D0%BD%D0%B4%D0%B8%D0%B4%D0%B0%D1%82%D0%B8-%D1%81%D0%BE%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D1%81%D0%BD%D0%BE-%D1%80%D0%B5%D1%88%D0%B5%D0%BD%D0%B8%D0%B5%D1%82%D0%BE-%D0%B7%D0%B0-%D0%BF%D1%80%D0%B8%D0%B5%D0%BC-%D0%B2%D0%BE-3>.

 

Им пожелуваме успех на сите идни студенти на ФИНКИ!

 

Напомена: Рангираните кандидати мора задолжително да се запишат во овие термини, инаку ќе го изгубат добиеното место. 

Wednesday, September 26, 2018

Почитувани студенти, објавено е решение за префрлање од други факултети на ФИНКИ. Решението може да го најдете во прилог.

Wednesday, September 26, 2018

Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство распишува интерен оглас за избор на лица кои ќе помагаат во изведување на лабораториски вежби (лаборанти).

На огласот може да се пријават актуелни студенти кои треба да бидат на располагање на Факултетот во било кое време во зависност од распоредот на часови (по можност невработени). Во пријавата кандидатите треба да наведат куса биографија (CV со вклучени контакт информации, број на индекс и детали за студиите) и листа на предмети за кои се заинтересирани да бидат лаборанти.

Се повикуваат заинтересираните кандидати да се пријават на огласот. Пријавите се поднесуваат електронски, на адреса arhiva@finki.ukim.mk со тема [lab] Prijava na konkurs, најдоцна до петок, 11.10.2018 година до 12:00 часот.

Рангирањето за избор на кандидатите ќе се изврши на основа на остварениот просек на оценки во текот на студиите како и на основа на бројот на освоени кредити во тек на студиите. 

 

Thursday, September 27, 2018

Почитувани студенти,

Ве известуваме дека на 01.10.2018 година во 10:00 часот во хотелот "Александар Палас" ќе се одржи првиот академски час за учебната 2018/2019 година на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

На првиот академски час се поканети сите новозапишани студенти.

За сите останати студенти наставата почнува во вторник (02.10.2018) согласно распоред кој ќе биде дополнително објавен на нашата веб страна.

img_9096.jpg

Thursday, September 27, 2018

УКИМ ги поканува сите студенти на отворениот ден. На овој настан идните студенти ќе имаат уште една шанса директно да се запознаат со можностите за студирање и да ги одберат вистинските студии за градење на нивната успешна кариера. Како и секогаш, настанот ќе биде исполнет со забава и игри.

flaer1verzija2_za_web.jpgflaer1verzija2-zadna_strana.jpg

 

 

 

 

 

0