Резултати од пребарување

Компанијата INCOM објавува оглас за вработување. Огласите може да се погледнат подолу.
Senior JavaScript + PHP + PostgreSQL :: team leader
Бараме тим лидер, за американска компанија, која отвора свое одделение за развој во Скопје. Очекуваме пријави од искусни програмери, за долгорочен ангажман. Оваа позиција ќе ја носи одговорноста за развој и поддршка на апликација, која веќе има голем број на корисници во повеќе држави во светот. Задачите на тим лидерот ќе бидат:
- Координација со тимот во САД
- Развој на решението (ре-дизајн на нова платформа)
- Менаџирање на тимот во канцеларијата во Скопје
Идеалниот кандидат, треба да има повеќе од 10+ години искуство, кој очекува стабилен и долгорочен ангажман. Ангажманот е од новата канцеларија во Скопје, која е во фаза на отворање.
Вашите биографии, Ве молиме да ги доставите на sasho.jovanovski@incom.mk
Junior JavaScript + PHP + PostgreSQL :: developer
Бараме програмери, за американска компанија, која отвора свое одделение за развој во Скопје. Очекуваме пријави од програмери кои имаат одредено искуство во опишаната технологија за развој, за долгорочен ангажман. Оваа позиција ќе ја носи одговорноста за развој и поддршка на апликација, која веќе има голем број на корисници во повеќе држави во светот. Задачите на програмерите ќе бидат:
- Развој на решението (ре-дизајн на нова платформа)
- Поддршка на корисниците во светот (second level support)
Идеалниот кандидат, треба да има повеќе од 2+ години искуство, кој очекува стабилен и долгорочен ангажман. Ангажманот е од новата канцеларија во Скопје, која е во фаза на отворање.
Вашите биографии, Ве молиме да ги доставите на sasho.jovanovski@incom.mk
Почитувани кандидати, ве известуваме дека запишувањето на рангираните кандидати според решението за прием во првиот уписен рок ќе се изврши на 07.09.2018 и 10.09.2018 од 09:00 - 14:30 часот во просториите на ФИНКИ.
Им пожелуваме успех на сите идни студенти на ФИНКИ!
Напомена: Рангираните кандидати мора задолжително да се запишат во овие термини, инаку ќе го изгубат добиеното место и доколку сакаат пак да се запишат на ФИНКИ, ќе мора да се пријават на вториот или третиот уписен рок, од почеток, на местата кои ќе останат слободни.
ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ПРИ ЗАПИШУВАЊЕ НА НОВИ СТУДЕНТИ ВО УЧЕБНАТА 2018/2019
При запишувањето, примените кандидати треба да донесат:
1. Индекс и студентска легитимација
2. Три фотографии (две 3.5 х 4.5 см и една 2 х 3 см)
3. Образец за запишување на семестар, со административна такса од 50,00 денари (платена со уплатница или преку СМС )
i. Листа на предмети според насоки кои се пополнуваат во образецот.
4. Пријавен лист од Државен завод за статистика на РМ (образец ШВ. 20)
5. Кандидатите примени во државна квота поднесуваат потврда за уплата на прва рата од 100 евра во денарска противвредност по среден курс на НБ на Македонија (пример уплатница), односно 50 евра во денарска противвредност по среден курс на НБ на Македонија кај кандидатите примени во државна квота на кандидат чие родителско право го врши само еден родител
i. Договор за студирање во државна квота во два примероци
ii. Договор за студирање во државна квота на кандидат чие родителско право го врши само еден родител во два примероци
6. Кандидатите во квота со кофинансирање поднесуваат потврда за уплата на прва рата од 200 евра во денарска противвредност по среден курс на НБ на Македонија (пример уплатница ), односно 100 евра во денарска противвредност по среден курс на НБ на Македонија кај кандидатите примени во квота со кофинансирање на кандидат чие родителско право го врши само еден родител, како и
i. Изјава за согласност за поднесување на трошоците на студирање
ii. Договор за студирање во квота со кофинансирање во два примероци
iii. Договор за студирање во квота со кофинансирање на кандидат чие родителско право го врши само еден родител во два примероци
7. Потврда за уплата на 750,00 денари на сметката на ФИНКИ за административно материјални трошоци и осигурување. (пример уплатница )
8. Потврда за уплатени 750,00 денари - за информативни, информатички, културни и спортски активности на студентите на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје, со назнака Одлука на УКИМ за ИКСА, ФИНКИ, на жиро сметка 1600103689 788 18, депонент НБРМ со трезорска сметка 100000000063095, повикување на број 723012, програма 41 (пример уплатница ).
Уплатите за ФИНКИ се вршат на следната жиросметка
• Назив на примачот: Буџет на РМ - ФИНКИ – Скопје
• Банка на примачот: НБРМ
• Сметка: 100000000063095
• Сметка на буџетски корисник: 160016170078813
• Приходна шифра: 723012
• Програма 41
Сите примени кандидати документите за упис ги поднесуваат на 07.09.2018 и 10.09.2018 од 09:00 до 14:30 часот во просторија 117 на ФИНКИ.
Кандидатите кои нема да се запишат или се откажуваат од запишувањето на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство во учебната 2018/2019, поднесените документи можат да ги повлечат на 07.09.2018 и 10.09.2018 (09 - 14:30 часот). При тоа, потребно е да се потпише изјава за подигнување на документите во 2 примероци.
Напомена за стипендистите
Сите кандидати кои имаат добиено потврди за стипендии од ФИНКИ, а не ги приложиле во документите за пријавување, потребно е истите да ги донесат при уписот на 07.09.2018 и 10.09.2018 година.
Сите кандидати кои немаат ваков документ, а имаат награди од државни, меѓународни натпревари и олимпијади по информатика, математика или физика и не ги предале при пријавувањето, потребно е да ги донесат дипломите при уписот на 07.09.2018 и 10.09.2018 година и во рок од 30 минути по разледувањето на документите ќе добијат одговор од комисијата дали ќе добијат ослободување од плаќање партиципација и дали тоа ќе биде целосно или делумно. Студентите ја задржуваат стипендијата во текот на целото студирање само ако имаат просек над 9,00.
Највисоко рангирани 10 кандидати со завршена државна матура, во категоријата редовни студенти, во првиот уписен рок се стипендирани од УКИМ, односно се ослободени од плаќање партиципација само во учебната 2018/2019 година. Списокот со овие студенти е поставен овде. Студентите преминуваат во стипендисти на ФИНКИ и ја задржуваат стипендијата во текот на целото студирање само ако имаат просек над 9,50.

Подготвителната настава по програмирање и математика оваа година ќе биде спроведена во периодот од 11-ти до 28-ми септември 2018 година.
Детали за подготвителната настава по математика
Одржување на подготвителната настава по математика: 11, 12, 13, 14, 20 и 21-ви септември 2018.
Започнување на наставата: 9 часот.
Просторија: АМФ - ФИНКИ (во анексот на ТМФ, веднаш до Деканат на ФИНКИ).
Број на часови (дневно): 6 часови предавања и 1 час изработка на домашни задачи.
Детали за подготвителната настава по програмирање
Одржување на подготвителната настава по програмирање: 24, 25, 26, 27 и 28-ми септември 2018.
Започнување на наставата: 9 часот
Просторија: АМФ - ФИНКИ (во анексот на ТМФ, веднаш до Деканат на ФИНКИ) и предавална 117 – на приземје ТМФ (просторијата каде се вршеше запишувањето на ФИНКИ)
Број на часови (дневно): 4 часови предавања и лабораториски вежби
Бидете 10 минути пред почетокот на наставата пред соодветната просторија.
Финансии
Уплатата за подготвителната настава треба да биде направена на сметката на факултетот. Детали за уплатата можат да се најдат на следниот линк https://finki.ukim.mk/mk/zafakultetot/finansii

Гости од компанијата KIWI на ден 12.09.2018 во Амфитеатарот на ФИНКИ од 16 часот ќе одржат гостинско предавање на тема: Data engineering showcase: delivering clean and reliable data.
Ги покануваме студентите на ФИНКИ да земат активно учество во настанот и објавуваме дека дружењето на темите од областа на Data Science ќе продолжи на meetup настанот во Cineplexx за кои повеќе информации можете да најдете тука.

Повеќе информации можете да најдете на следниот линк

Во организација на ФИНКИ, како и одделите на македонската ИЕЕЕ секција за компјутери и теорија на информации, на 13.09.2018 година во 13:00 часот, во АМФ на ФИНКИ ќе се одржи покането предавање од Chun-Yen Chang, Ph.D., NTNU Chair Professor, Director of Science Education Center, National Taiwan Normal University на тема: The marriage of interdisciplinary research:
The old, the new, the borrowed, and the blue.
Апстрактот и биографијата на предавачот се дадени во прилог.
the_marriage_of_interdisciplinary_research_0.pdf

Компанијата Eyetea Solutions објавува оглас за практиканти. Подетални информации може да се најдат на следниот линк.

Компанијата InterWay објавува оглас за вработување. Повеке информации може да се најдат подолу.
Објавени се прелиминарни ранг листи за вториот уписен рок за академската 2018/2019 година.
Поднесувањето на приговор за прелиминарната ранг листа на пријавени кандидати во вториот уписен рок ќе се врши од 17.09.2018 од 15:00 часот до 18.09.2018 до 15:00 часот.
Приговорите се доставуваат во 2 печатени и потпишани примероци на образец во службата за студентски прашања на ФИНКИ во зградата на ТМФ.
Сите кандидати кои НЕ се рангирани или сакаат да го променат или дополнат изборот на студиските програми или начинот на студирање (државна квота или кофинансирање) имаат можност да се доизјаснат за студиски програми во кои има слободни места и да бидат рангирани на студиска програма која не е целосно пополнета. Новото рангирање ќе биде направено без притоа да се промени редоследот на претходно рангираните кандидати. Промената на изборот на студиската програма или начинот на студирање се прави со пополнување на Изјава за дополнување или промена на избраните студиски програми.
Изјавите за дополнување или промена на избраните студиски програми (запишување на студиска програма на која има слободни места) или менување на изјава за студирање во квота со кофинансирање (ако тоа не е сторено во интерниот пријавен лист) ќе се примаат во службата за студентски прашања на ФИНКИ во среда, 19.09.2018 година, 8-14:00 часот.
Службата работи секој работен ден од 08:00–16:00 часот.