Резултати од пребарување
Почитувани студенти,
Поради промоција на дипломирани и магистрирани студенти на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, студентската служба нема да работи на 30.03.2023 (четврток).
Почитувани колеги,
Според Статутот на ФСС ФИНКИ, студентите кои сакаат да се пријават на овогодинешните избори за студентски претставници, потребно е да се кандидираат на кратка студентска средба организирана од моменталното ФСС, а потоа да достават изјава до Архивата на факултетот.
Средбата за кандидирање ќе се одржи денес во 20:00 часот на овој линк. Изјавата е во соопштението (објавено на меил) и ја пополнувате за член или претседател, во зависност од тоа за што се кандидирате (на пример, ако се кандидирате за член, секаде каде што пишува член/претседател треба да пишува само член). Пополнетата изјава може да се достави физички во Архива или скенирана на arhiva@finki.ukim.mk, најдоцна до понеделник 3.4.2023 до 16:00 часот. Доколку некој не може да се вклучи на средбата вечер од оправдани причини, кандидатурата ќе ви биде валидна сè додека нè известите за отсуството на fss@finki.ukim.mk и однесете/испратите изјава до Архива.
Ги охрабруваме сите студенти кои сакаат да ги претставуваат колегите од својот смер, или би сакале да го претставуваат целото студентско собрание во улога на претседател/ка, да се пријават за тековните избори. Дел од задачите на членовите на ФСС вклучуваат:
- Залагање за интересите и потребите на студентите и реагирање на пријавени проблеми
- Организирање различни видови настани, работилници, забави итн.
- Соработка со Студентската служба при креирање распореди за предавања и испити
- Менаџирање на социјалните мрежи на ФСС ФИНКИ
- Учество во Наставно-научниот совет
- Учество во Универзитетското студентско собрание на УКИМ
Во текот на наредната недела ќе има дополнителна средба отворена за сите кандидирани студенти, на која ќе може да се претстават пред колегите и да елаборираат за што ќе се залагаат во рамки на ФСС. Потоа ќе има и можност за поставување прашања до кандидатите.
ФСС ФИНКИ
Почитувани студенти,
Објавен е распоред за први парцијални испити во учебната 2022/2023 година. Истиот може да го видите на огласна табла.

Се распишува оглас за практикантска работа во ИТ Сектор во АД Осигурителна полиса Скопје, во дирекција на бул.Свети Климент Охридски бр.26 Скопје.
Практикантот се ангажира со цел стекнување на вештини во областа на ИТ технологијата и ќе ги обавува следните задачи:
- Конфигурирање и одржување на мрежната инфраструктура
- Одржување на Domain Controllers
- Одржување на back-up системите
- Одржување на e-mail серверите
- Одржување на системите за виртуелизација
- Одржување и промени на постоечката веб страна
- Одржување на фајл сервери и веб сервери
- Одржување и конфигурација на антивирус
- Сервисирање на компјутерите и принтерите во секојдневната работа
Се бара 1 лице за обавување на практична работа.
Времетраење на ангажманот е не повеќе од 6 месеци. Почеток на ангажманот е флексибилен, во договор со избран апликант.
Флексибилно работно време, не помалку од 2 часа дневно и не повеќе од 40 часа неделено, со комбинација од канцелариска работа и работа од дома/место по договор.
Потребни вештини:
- Познавање на Windows и Linux
- Добро познавање на англиски јазик
- Познавање на Microsoft Office
- Возачка дозвола од Б категорија
Ангажманот е со месечен надоместок во висина од 18.000,00 денари за обавување на пракса од 40 часа неделно, односно сразмерно на договорениот ангажман за практиканство.
Право на аплицирање имаат лица кои не се во работен однос и да не се постари од 34 години.
Сите заинтересирани може да испратат кратка биографија на е-маил: info@ospol.mk.
Иван Јелиќ
Submitted by martina.jankulovska on Mon, 04/03/2023 - 13:32
Attention students!
The next CodeFu round is just around the corner!
Whether you’re an experienced coder or just starting out, CodeFu offers a fantastic chance to demonstrate your coding abilities and compete against some of the industry’s finest talents.
9 April is near, so brush up on your skills, get your coding tools ready, and get ready to compete!
Find out more: https://www.codefu.mk/codefu2023.html

ОКТА објавува конкурс за практикантска работа. Повеќе информации на следниот линк.

Овогодинешниот ФИНКИ ILT ќе биде насочен кон споделување на можностите кои ги нуди Amazon Web Services (AWS) во областа на вештачката интелегенција (AI). Оваа година, ќе имате можност да чуете искуства на претставници од ИТ компанијата Intertec.io кои ќе го споделат своето знаење и вештини за користење на најдобрите практики и процеси кога станува збор за вештачката интелегенција (AI), машинското учење (ML) и податочно инженерство (DE).
Настанот во соработка со Intertec.io, годинава ќе се оддржи во просториите на ФИНКИ во период од 8 до 12 мај. Повеќе информации на следниот линк.
Почитувани,
Ве известуваме дека поради технички причини, изборите за претседател и членови на ФСС кои требаше да се одржат денеска се одложуваат. За денот на одржување ќе бидете дополнително известени.