Резултати од пребарување

Табови

Riste Stojanov Ph.D.

 

Во IT Labs продолжува обуката за Дизајн на чипови со HDL и летово ќе се одржува 1 месечна пракса почнувајќи од 3ти јули. Праксата ќе биде наменета за студенти кои имаат завршено најмалку 2ра година или дипломци од техничките факултети.

 

 

Предуслов за следење на обуката е предзнаење од: 

  • Дизајн на дигитални кола
  • Дискретна математика
  • Електрични кола
  • Компјутерска електроника

Предност при селекцијата би носело: 

  • Успешно положени испити од Напредна електроника
  • Основно разбирање на Хардверска конфигурација со VHDL 

Праксата ќе биде менторирана од експерти во областа, со програма која е наменета да ги запознае студентите со потребните вештини и техники за дизајнирање на HDL базирани системи.

Повеќе информации можете да најдете овде.

Сите заинтересирани студенти можат да аплицираат на следниот линк: https://apply.workable.com/it-labs1/j/D3F634E29D/ или со испраќање на CV до talent@it-labs.com.

1

Компанијата Pelagus IT објавува огласи за пракса и за вработување. Повеќе информации на следните линкови.

Java Fullstack Developer
https://www.pelagus-it.com/jobs/java-fullstack-developer/

Junior Development Program
https://www.pelagus-it.com/jobs/junior-development-program/

1

Табови

Katarina Trojachanec Dineva PhD.

Компанијата Loka (loka.com) ја објавува својата четврта DevOps пракса за студентите на Финки. На праксата се работи на DevOps практики и технологии: Git култура, CI/CD pipelines, Docker, Kubernetes, AWS како Cloud платформa и IaC (Infrastructure as a code). Праксата вклучува теоретско изучување на практиките и практична примена на наведените технологии и Cloud платформи преку имплементирање на комплетен CI/CD pipeline за даден проект со multi environment решение.
Заинтересираните кандидати може да се пријават на следниот линк: https://loka.bamboohr.com/careers/169?source=aWQ9Mjg%3D

1

Почитувани,

Во заедничка организација на ФИНКИ и ПМФ-Скопје, од 10-11 Јули, 2023 г. ќе се одржи Работилница на тема “Примена на пресметување со високи перформанси во современата метеорологија ".
Учеството на работилницата е бесплатно и има за цел стекнување иновативно знаење и информации за современиот тренд во развојот на метеорологијата и нумеричката прогноза како и нивната интердисциплинарна примена во општеството.
На работилницата ќе има и интересни теми за компјутерски системи за пресметување со високи перформанси, процесирање на големи податоци (Big data), со примена на системи за симулација и метеорологија.

Во рамките на овој настан ќе биде промовиран веб порталот и мобилната апликација за користење на алатката за алерти на временски непогоди-"NOTHAS".

Воведни обраќања на настанот ќе имаат

  • Проф. д-р Боро Јакимовски, Декан на Финки; и
  • Проф. д-р Александар Скепаровски, Декан на ПМФ.

Свои излагања на работилницата ќе имаат експерти од ФИНКИ и ПМФ.
Ќе ни претставува особено задоволство ако присуствувате на овој настан.

За присуство на настанот потребно е да се регистрирате на следниот линк: https://forms.microsoft.com/r/igZS8mijUP.

Во прилог Ви доставуваме детална агенада за настанот.

 

ДокументГолемина на документ
PDF icon Агенда на настанот1.05 MB
0