Резултати од пребарување
Табови
дипл. инж. Влатко Николовски
Табови
д-р Ана Соколова
Табови
д-р Игор Трајковски
Табови
д-р Тони Малиновски

Македонско еколошко друштво во изминатите десетина години активно соработува со Германската фондација за животна средина (Deutsche Bundesstiftung Umwelt) којашто минатата година прослави 25 години од постоењето на програмата за стажирање во Германија наменета за студенти од земјите од Југоисточна Европа. Студентите својот истражувачки престој може да го поминат во организации, фирми, институти, универзитети во Германија 6 до 12 месеци.
Програмата за стипендии поддржува најширок опсег на професии, под услов предлог-проектот да биде од областа на заштитата на животната средина, екологијата, одржливиот развој, климатските промени или обновливите извори на енергија. Во последно време оваа програма поддржува и проекти за дигитализација кои имаат некаква допирна точка со екологија или животна средина.
На 23.01.2023 година на платформата ЗУМ од 17ч. ДБУ и МЕД организираат онлајн информативна сесија за условите за стажирање во Германија.
Повеќе информации за стипендиите има на следниот линк:

Задоволство ни е да објавиме дека Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство при УКИМ во Скопје успешно започнува со проектот за магистерски студии од областа на Применета Сајбер безбедност “Erasmus MUNDUS project for a Master of Science in Applied Cybersecurity”, насловен CyberMACS. Во проектот се вклучени Kadir Has University, Истанбул, Турција како координатор на проектот и SRH Berlin, Берлин, Германија како партнер. Дополнително, во проектот се вклучени и други извонредни партнери во академијата и индустријата во Турција, Северна Македонија, Германија, како и во Естонија и Холандија.
CyberMACS е двегодишна заедничка европска магистерска програма со 120 ЕКТС со фокус на „Применета Сајбер безбедност“. Обезбедува солидно знаење во Сајбер безбедноста, со фокус на обука на идни експерти за сајбер безбедност за откривање, спречување и управување со сајбер напади. Сите студенти се обучуваат за основите на сајбер безбедноста во првата година во Истанбул. Во втора година, студентите ќе се специјализираат и ќе одат или во Берлин или во Скопје. Дополнително, предвидено е учество на зимски/летни школи и задолжителна пракса. Наставата за специјализираните насоки, како што се Управување со сајбер безбедност, Напредни технологии во сајбер безбедноста во Берлин, и Криптологија и Веб и сајбер безбедност на ФИНКИ ќе се одвива на англиски јазик и студентите ќе ги завршат со двојна диплома. Времетраењето на проектот е 74 месеци и вклучува четири приеми почнувајќи од зимскиот семестар 2023/24.
Координатор на проектот е проф. д-р Hasan Dağ од Kadir Has University, а локални координатори се: проф. д-р Весна Димитрова од ФИНКИ и проф. д-р Reiner Creutzburg од SRH Berlin.
Во прилог документ со информации за магистерските студии.
Повеќе информации за проектот може да се најдат на http://www.cybermacs.eu.
За дополнителни информации може да се обратите на cybermacs@finki.ukim.mk.
Еnglish version
Врз основа на член 163 од Законот за високото образование (Сл. Весник 82 од 08.05.2018 година), член 20 и 53 од Правилникот за посебните услови и постапката за избор во наставно-научни, научни, наставно-стручни и соработнички звања и демонстратори на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Одлуката бр. 02-2423/1 од 26.09.2109 година за воспоставување на критериуми за избор на демонстратори и Статутот на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство Скопје во состав на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, се распишува следниов
ИНТЕРЕН КОНКУРС
За избор на демонстратори за академската 2022/2023 година
Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство Скопје во состав на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ Скопје распишува конкурс за избор на двајца демонстратори за учебната 2022/23 година.
Критериуми за избор
За да биде избран демонстраторот треба да ги исполнува минималните критериуми предвидени во Законот за високото образование, Правилникот за посебните услови и постапката за избор во наставно-научни, научни, наставно-стручни и соработнички звања и демонстратори на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и Посебните критериуми за избор на демонстратори во учебната 2022/23 година донесени од Наставно научниот совет на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство и тоа:
- Демонстратор може да биде лице кое е студент на втор или трет циклус студии од соодветна област (Области од наставно научните подрачја 110 ОЕЦД - информатика и 212 ОЕЦД компјутерска техника и информатика)
- За демонстратор може да биде избран студент кој ги има завршено студиите од прв циклус студии по ЕКТС со освоено 240 ЕКТС кредити на соодветна студиска програма од областа (области од наставно научните подрачја 110 ОЕЦД - информатика и 212 ОЕЦД компјутерска техника и информатика) со просечна оценка од најмалку 8,5
Како критериум за избор се земат:
- учество од 47,5% на просекот на завршени додипломски студии
- учество од 47,5% на просекот од задолжителните предмети на студиската програма на која студирал кандидатот на додипломските студии
- 5 % од интервју (оценка на афинитети од областите кои ги покрива)
- Предност имаат кандидатите кои завршиле студии на повисоко рангирани универзитети. (се пресметува тежински фактор односно коефициент според рангот на универзитетот)
- Предност имаат кандидатите кои се внесени во базата за можни демонстратори на Факултетот.
Обем, надоместок и траење на ангажманот
Демонстраторите согласно потребата ќе бидат ангажирани за дежурање и одржување на аудиториски и лабораториски вежби со максимално оптоварување од 12 часа аудиториски вежби односно 8 аудиториски + 8 лабораториски вежби. (сооднос аудиториски/лабораториски е 1/2). Освен наведеното, сите демонстратори имаат обврска да учествуваат и на други активности (дежурање на испити, промотивни активности и сл.).
Работното време е 40 работни часа во текот на неделата согласно распоред на настава и други дополнителни работни задачи.
Демонстраторите се избираат до завршетокот на учебната 2022/23 година.
Кандидатите треба да достават:
- Пријава за позицијата за која аплицираат
- Краткa биографија (CV) со контакт телефон и eмаил адреса
- Доказ дека е студент на втор или трет циклус студии на соодветна студиска програма или дека е во процес на конкурирање за запишување на втор или трет циклус студии.
- Доказ дека има завршено прв циклус студии по ЕКТС со освоено 240 ЕКТС кредити со просек од мин. 8,5.
- Уверение за положени испити од прв циклус студии
- Потврда за познавање на македонски јазик доколку студиите ги има завршено на друг јазик
Пријавите се поднесуваат најдоцна до 08.02.2023 во Деканатот на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, ул. Руџер Бошковиќ 16, Скопје, или по електронска пошта arhiva@finki.ukim.mk
Заверувањето на зимскиот семестар и уписот на летниот семестар ќе се врши од 01.02.2023 до 08.02.2023 година. Детали можете да погледнете во официјалното соопштение во прилог.
Исто така во прилог е листата на предмети за летниот семестар за академската 2022/2023 година. Листата е прелиминарна и активирањето на изборните предмети зависи од бројот на студенти кои ќе се пријават за предметот.

Гостинското предавање на тема Artificial Intelligence in Cryptography: Challenges and Opportunities ќе се одржи на 24.02.2023 со почеток од 15:00 часот во Амфитеатарот на Финки од страна на Stjepan Picek.
Bio: Stjepan Picek is an associate professor at Radboud University, The Netherlands. His research interests are security/cryptography, machine learning, and evolutionary computation. Prior to the associate professor position, Stjepan was an assistant professor at TU Delft, and a postdoctoral researcher at MIT, USA and KU Leuven, Belgium. Stjepan finished his PhD in 2015 with a topic on cryptology and evolutionary computation techniques. Stjepan also has several years of experience working in industry and government. Up to now, Stjepan has given more than 30 invited talks and published more than 150 refereed papers. He is a program committee member and reviewer for a number of conferences and journals, and a member of several professional societies. His work has been featured in the mainstream media and on popular technology blogs.