22/05/2011

Потпишан меморандум за соработка помеѓу Македонската стопанска комора за информатички и комуникациски технологии - МАСИТ и ФИНКИ.
Во периодот од 16 до 18 мај 2011 година, во Охрид се одржа „Меѓународната регулаторна конференција 2011“, во организација на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК). По повод Светскиот ден на телекомуникации и информатичко општество, во текот на вториот ден од конференцијата Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ во соработка со АЕК организираше конференција на тема “Информатичко комуникациските технологии како двигател на просперитетна економија”.
Во рамките на оваа конференција беа потпишани два меморандуми – меморандум за странски инвестиции и промоција на извозот на софтвер и ИТ услуги, и меморандум за соработка помеѓу Македонската стопанска комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ) и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ).
Целта на меморандумот за соработка помеѓу МАСИТ и ФИНКИ е да придонесе за взаемно воспоставување на корисни академски врски, релации и соработка на полето на кариерите и вработувањата, како и взаемна соработка на полето на испитување на пазарот на работна сила за дипломците по информатички технологии од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство.
Нетпрес, МИА и МРТ. Останатите медиуми кои го покриваа настанот можете да ги погледнете во Прес делот.