Потпишан меморандум за соработка помеѓу Македонската стопанска комора за информатички и комуникациски технологии - МАСИТ и ФИНКИ.

Во периодот од 16 до 18 мај 2011 година, во Охрид се одржа „Меѓународната регулаторна конференција 2011“, во организација на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК). По повод Светскиот ден на телекомуникации и информатичко општество, во текот на вториот ден од конференцијата Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ во соработка со АЕК организираше конференција на тема “Информатичко комуникациските технологии како двигател на просперитетна економија”.

Во рамките на оваа конференција беа потпишани два меморандуми – меморандум за странски инвестиции и промоција на извозот на софтвер и ИТ услуги, и меморандум за соработка помеѓу Македонската стопанска комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ) и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ).

Целта на меморандумот за соработка помеѓу МАСИТ и ФИНКИ е да придонесе за взаемно воспоставување на корисни академски врски, релации и соработка на полето на кариерите и вработувањата, како и взаемна соработка на полето на испитување на пазарот на работна сила за дипломците по информатички технологии од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство.

Исто така, двете страни ќе се заземат за профилирање на ИКТ кадри соодветни на потребите на ИКТ индустријата, изведување легална пракса, ускладување на курикулумите на насоките кои се предвидени за студии, заедничко организирање на настани и заедничко работење на научно истражувачки проекти.

Во рамките на меморандумот спаѓа и поддршка на ангажирањето на истражувачкиот кадар и студентите во практична работа, работа на одредено и работа на неодредено време на ИТ пазарот на труд. Ќе бидат разменувани книги, електронски и разни други публикации и материјали за едукација, обука и истражувачки цели.

<img style=Нетпрес, МИА и МРТ. Останатите медиуми кои го покриваа настанот можете да ги погледнете во Прес делот.