Почитувани студенти, компанијата Евер-Неар објавува отворен конкурс за практиканти, и ги поканува студентите на ФИНКИ да аплицираат. Повеќе информации за конкурсот се дадени во продолжение.
 

 
Компанијата Евер-Неар и оваа година има отворени места за практиканти. Мило ни е што можеме да се обратиме до студентите на ФИНКИ и да ги поканиме да аплицираат за едно од трите практикантски места во почетокот на годинава, во траење 2 до 3 месеци.
 
Во текот на изведбата на праксата студентите ќе имаат можност да се запознаат со најнови технологии - од информациони системи до напредни комуникациски технологии и серверски апликации, ќе можат да стекнат искуство во работа во вистински тим, на реални проекти кои тековно се изведуваат во компанијата. Праксата подразбира полно работно време, од 09:00 – 17:00 часот, 40 часа неделно. Практикантите ќе добијат месечен надомест за трошоци во висина од 4.200 денари.
 
Кандидатите за пракса треба да ги исполнат следните услови:
  • Да ги имаат ислушано сите предмети од последната година на студии
  • Да не се вработени и да немаат претходно искуство (на пракси или друго вработување)
  • Одлично познавање на англиски јазик
  • Солидни комуникациски способности
 
Примените практиканти ќе ги имаат следните задачи:
  • Да работат во тим
  • Да учествуваат во изработка/одржување на информациони системи
  • Да учат и применуваат нови технологии
  • Да покажат колку се способни да ги извршуваат професионалните задачи
 
Ќе се работи во повеќе фази на развој на софтвер, во тим составен од искусни програмери и останати практиканти. Дополнителни квалификации:
  • Солидни (факултетски) познавања од основи на развој на софтвер
  • Солидни познавања од работа со релациони бази на податоци
  • Повеќе информации за барањата имате на оваа локација

Заинтересираните кандидати можат да го пратат своето CV и мотивационо писмо преку email на hr@ever-near.mk , со назнака за пракса (“практикант програмер”).
 

Првиот рок за пријавување е 31.01.2012 година.