26/01/2012

Почитувани студенти, компанијата Евер-Неар објавува отворен конкурс за практиканти, и ги поканува студентите на ФИНКИ да аплицираат. Повеќе информации за конкурсот се дадени во продолжение.
Компанијата Евер-Неар и оваа година има отворени места за практиканти. Мило ни е што можеме да се обратиме до студентите на ФИНКИ и да ги поканиме да аплицираат за едно од трите практикантски места во почетокот на годинава, во траење 2 до 3 месеци.
Во текот на изведбата на праксата студентите ќе имаат можност да се запознаат со најнови технологии - од информациони системи до напредни комуникациски технологии и серверски апликации, ќе можат да стекнат искуство во работа во вистински тим, на реални проекти кои тековно се изведуваат во компанијата. Праксата подразбира полно работно време, од 09:00 – 17:00 часот, 40 часа неделно. Практикантите ќе добијат месечен надомест за трошоци во висина од 4.200 денари.
Кандидатите за пракса треба да ги исполнат следните услови:
- Да ги имаат ислушано сите предмети од последната година на студии
- Да не се вработени и да немаат претходно искуство (на пракси или друго вработување)
- Одлично познавање на англиски јазик
- Солидни комуникациски способности
Примените практиканти ќе ги имаат следните задачи:
- Да работат во тим
- Да учествуваат во изработка/одржување на информациони системи
- Да учат и применуваат нови технологии
- Да покажат колку се способни да ги извршуваат професионалните задачи
Ќе се работи во повеќе фази на развој на софтвер, во тим составен од искусни програмери и останати практиканти. Дополнителни квалификации:
- Солидни (факултетски) познавања од основи на развој на софтвер
- Солидни познавања од работа со релациони бази на податоци
- Повеќе информации за барањата имате на оваа локација.
Заинтересираните кандидати можат да го пратат своето CV и мотивационо писмо преку email на hr@ever-near.mk , со назнака за пракса (“практикант програмер”).
Првиот рок за пријавување е 31.01.2012 година.