Здружението ЕТАИ (Електроника Телекомуникации, Автоматика, Информатика) доделува ЕТАИ студентски награди за најдобар дипломски труд од горе наведените области за студентите на ФИНКИ кои дипломирале во 2015 година.

 

Наградата е парична и изнесува 10.000,00 денари. Критериумите кои ќе бидат земени во вид од страна на трочлена Комисија согласно која ќе бидат избрани најдобрите трудови се следните:

 

  • Практична реализација на дипломскиот труд.
  • Оригиналност/Иновативност на дипломскиот труд.
  • Квалитет на текстуалната презентација на дипломскиот труд.
  • Дипломскиот труд или негов дел е објавен како инженерски труд на национална или меѓународна конференција.

 

Потребни документи за апликација:

 

  • Пријава за награда за најдобар инженерски труд од областа на Информатика (може да ја најдете тука).
  • Краток опис на дипломскиот труд (до 500 зборови)
  • Дипломскиот труд во електронска форма (.pdf)
  • Биографија на кандидатот
  • Уверение за дипломиран инженер.
  • Дополнителни материјали кои ќе послужат за појаснување на дипломскиот труд (видео материјали, фотографии, линкови и сл.)

 

 

Право на пријавување на конкурсот имаат сите студенти кои дипломирале со просечна оцена поголема од 8.00

 

Рокот за пријавување е до 11ти март, а апликациите се праќаат на arhiva@finki.ukim.mk со наслов [ЕТАИ награди за дипломски труд].