Праксата е наменета за македонски студенти и ќе се одвива на француски јазик. Истата треба да започне најдоцна до декември 2016 година. Времетраењето е три месеци, а ќе се одвива во Брисел (Белгија).

  • Се бара основно познавање на француски јазик
  • Студентот треба да биде запишан на универзитетот Св Кирил и Методиј, Скопје
  • Францускиот институт во Скопје му нуди бесплатен модул за јазична подготовка (30 часа) на идниот практикант. Часовите ќе се одвиваат во Скопје пред заминувањето на пракса
  • Сместувањето го покрива Вокс Тенео
  • Вокс Тенео и Универзитетската агенција за франкофонија (УАФ) му плаќаат надомест на практикантот во износ од 450 евра месечно
  • УАФ ги покрива патните трошоци на релација Скопје-Брисел (повратен билет) и патничко осигурување.

Испратете CV и писмо за мотивација (пожелно е истите да бидат на француски јазик) на clemence.lefevres@ifs.mk

Повеќе информации во документот во прилог.

ДокументГолемина на документ
PDF icon mken_offre_de_stage.pdf112.14 KB
1