Body: 

По барање на студентот му се овозможува да го повтори завршното оценување за повисока завршна оценка по наставен предмет во период од најмногу четири месеца од полагањето.

Барањето од овој карактер, студентот го доставува во студентската служба која проверува дали се исполнети условите за повторно полагање согласно претходните ставови и му се одобрува или не повторното полагање.
Ако се одобри повторно полагање, Студентската служба ја поништува претходно добиената оценка на студентот.
Оценката добиена на повтореното завршно оценување е конечна и студентот нема право да го повтори завршното оценување.