Родена е 1982 година во Гостивар.Основно училиште завршила во ОУ„Братство-Единство“, Гостивар, а средно училиште во „Раде Јовчевски – Корчагин-ПЕКСНАС“ во Скопје, како ученик на генерација. Дипломирала на Природно-математички факултет на Институт за Информатика во Скопје 2006 година, со дипломска работа на тема „ Веб апликација за on-line пријавување на проекти “ под менторство на проф. Д-р Марјан Гушев, притоа завршувајќи ги своите студии со просек 9,7. 2007 година се запишува на последипломските студии на Природно-Математичкоти Факултет, на насоката Софтверско Инженерство. За време на студиите (од 2001 година до 2005 година) добила признанија и пофалби за натпросечно остварување во првата, втората, третата и четвртата студиска година од факултетското образование. Од 2005 до 2007 работи како демонстратор на Институтот за Информатика и паралелно од 2006 до 2007 работи и во компанијата Ултра во Скопје. Притоа работи на проекти како: банкарски информационен систем, трезорски информационен систем, осигурителен информационен систем и billing систем. Уште во финалната година на студирање е примена за демонстратор, а во 2007 година е избрана за помлад асистент на ИИ. Магистрирала во 2010 год. на темата "е-Трезор - ТРЕЗОРСКИ ИНФОРМАЦИОНЕН СИСТЕМ" и истата година е избрана за асистент на Заводот за програмско инженерство на ИИ при ПМФ. Изведувала вежби по предметите: анализа на софтверски потреби, конструкција на софтвер, дизајн и архитектура на софтвер, структури на податоци, интеракција човек-компјутер, бази на податоци, архитектура на компјутери, безжични и мобилни технологии, управување на софтверски проекти и податочно рударство. Има издадено и учествувано во креирање на повеќе публикации.