Did you mean
application

Резултати од пребарување

Табови

д-р Катерина Здравкова

Магистерски студии

Body: 

Втор циклус студии

Во согласност со Конкурсот за запишување студенти на втор циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, пријавувањето на кандидатите за првиот уписен рок на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство ќе се одржи од 01 октомври до 15 октомври 2025 година.

Напомена: За учебната 2025/2026 година ќе биде активен само првиот уписен рок. Втор уписен рок нема да се реализира.

Заради поефикасно процесирање на документите за упис, документите во хартиена форма, треба да се донесат на шалтер во Студентска служба - ФИНКИ на наведените датуми од 09:00 до 12:00 часот.

Документите кои заинтересираните кандидати ќе треба да ги приложат при пријавувањето за уписите на втор циклус студии на ФИНКИ, се дадени во делот Потребни документи.

НАПОМЕНА: Уписот на втор циклус студии мора најпрво да се изврши електронски, на системот за упис на нови студенти на УКИМ. 

 

Заинтересираните кандидати ќе можат да одберат да се запишат на една од следните студиски програми:
Актуелни студиски програми од втор циклус на ФИНКИ
Распределбата на слободните места по студиски програми, како и висината на вкупната школарина за секоја од студиските програми можете да ја погледнете во делот Квоти.
 
Документите кои заинтересираните кандидати ќе треба да ги приложат при пријавувањето за уписите на втор циклус студии на ФИНКИ, се дадени во делот Потребни документи.
 
Условите кои заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат за да се запишат на втор циклус студии на ФИНКИ, се дадени во делот Услови.

Додипломски студии

Body: 

Додипломски студии

 

Временски распоред на активностите за првиот уписен рок на ФИНКИ 2025

 

 Термин

 Час

 Активност

 19 - 20.08.2025 

 09:00-14:30

 Пријавување на кандидати за првиот уписен рок

 22.08 2025

 до 16:00

 Објавување резултати од успехот од средно образование

 25.08.2025 

 до 10:00

 Рок за приговори до Конкурсната комисија (приговорите се  однесуваат само на технички пропусти)

 26.08.2025 

 до 16:00

 Одговор на приговорите и објавување на прелиминарна  ранг листа

 27.08.2025 

 до 16:00

 Рок за приговори до Управата на Факултетот (приговорите се однесуваат само на технички пропусти)

 29.08.2025 

 до 16:00

 Објавување решение за прием на кандидатите

 04 - 05.09.2025

 09:00-14:30

 Запишување на кандидатите

 

 Информација за уписот на нови студенти на ФИНКИ

 
 
Во согласност со Конкурсот за запишување студенти на прв циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во учебната 2025/26 година, пријавувањето на кандидатите на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство ќе се одржи на:
  • за првиот уписен рок на 19.8. и 20.8.2025 година
  • за вториот уписен рок на 11.8. и 12.9.2025 година
  • за третиот уписен рок на 24.9.2025 година
Заради поефикасно процесирање на документите за упис, а согласно точка XI од конкурсот за упис на УКИМ, документите во хартиена форма, треба да се донесат во просториите на ФИНКИ на наведените датуми од 09:00 до 14:30 часот.
 
На ФИНКИ, во сите уписни рокови, ќе можат да се запишат матурантите кои ги имаат положено соодветните екстерни и интерни предмети од матурата, кои се пропишани со Конкурсот, но и матурантите кои имаат несоодветни екстерни и интерни предмети. Во согласност со упатството на УКИМ за примена на Конкурсот, матурантите кои ги немаат положено соодветните екстерни и интерни предмети ќе имаат различна формула за пресметка на поените од матурата и успехот од средно образование. Подетани информации се поставени на линкот за Пресметување на бодови.
 
Потребните екстерни и интерни предмети за запишување на ФИНКИ, како и начинот на пресметување на поените, се дадени во делот Потребни предмети.
 
Потребните документи потребни за запишување на ФИНКИ се дадени во делот Потребни документи

 

 
 
 
Согласно Конкурсот, Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство во учебната 2024/2025 година ќе запише вкупно 1020 студенти. Заинтересираните матуранти ќе можат да одберат да се запишат на една од следните студиски програми:
 
Студиски програми од прв циклус на ФИНКИ
Официјални информации за акредитацијата на студиските програми се објавени од Агенција за квалитет во високото образование (ЛИНК 1, ЛИНК 2, ЛИНК 3, ЛИНК 4), а точната распределба на слободни места во секоја од нив може да се погледне во делот Квоти.
 
Информативни инфографици за новите студиски програми може да се погледнат на следниот линк.
 

Лаборатории на ФИНКИ

Body: 

Лаборатории

Факултетот располага со голем број на соодветно опремени лаборатории, кои што ги задоволуваат сите стандарди за изведување на практична и теориска настава. 

Во списокот на лаборатории спаѓаат: 

На Факултетот има и поголем број на соодветно опремени лаборатории и компјутерски училници за изведување на настава во пониските години.

Документи