Резултати од пребарување

Викторија Стојанова

Име и презиме: 
Викторија Стојанова
Наслов: 
Систем за управување на болница и електронско закажување на прегледи
Датум: 
Friday, September 24, 2021 - 12:00

Христијан Антов

Име и презиме: 
Христијан Антов
Наслов: 
Имплементација на играта табла за повеќе играчи
Датум: 
Thursday, September 23, 2021 - 14:00

Објавени се прелиминарни ранг листи за вториот уписен рок за академската 2021/2022 година.

Поднесувањето на приговор за прелиминарната ранг листа на пријавени кандидати во прв уписен рок ќе се врши од 21.09.2021 од 15:00 часот до 22.09.2021 до 15:00 часот.

Приговорите се доставуваат на електронската пошта upisi-finki@ukim.edu.mk со наслов на пораката: PRIGOVOR[ID] каде што ID претставува бројот на пријавата за која се однесува приговорот.

Сите  кандидати  кои НЕ се  рангирани или сакаат  да  го променат или дополнат изборот на студиските  програми или начинот на  студирање  (државна квота  или кофинансирање) имаат можност да се  доизјаснат  за студиски  програми во кои има слободни места и да бидат рангирани на студиска програма која не е целосно  пополнета. Новото рангирање ќе биде  направено  без притоа да се промени редоследот на претходно рангираните кандидати. Промената на изборот на студиската  програма или начинот на студирање  се  прави со пополнување  на  Изјава за  дополнување  или  промена на избраните студиски  програми.

Изјавите за дополнување или промена на избраните студиски програми (запишување на студиска програма на која има слободни  места) или менување  на изјава  за  студирање во квота со кофинансирање (ако тоа не е сторено во интерниот пријавен лист) ќе се примаат на електронската пошта upisi-finki@ukim.edu.mk најдоцна до 22.09.2021 до 15:00. Во насловот на пораката треба да стои IZJAVA[ID] каде што ID претставува бројот на пријавата за која се однесува изјавата.

 

Tuesday, September 21, 2021

Никола Мароски

Име и презиме: 
Никола Мароски
Наслов: 
Предвидување и анализа на македонската берза
Датум: 
Friday, September 24, 2021 - 11:00

Ве известуваме дека рокот за заверување на летен и запишување на зимски семестар за учебната 2021/2022 се продолжува до 22.09.2021 (среда).

Tuesday, September 21, 2021

Врз основа на член 4 од Одлуката за плаќање половина од износот на уписнината за прв циклус студии за студентите чие родителско право го врши само еден родител и критериумите за остварување на ова право за учебната 2021/2022 година (бр. 02-977/4 од 21.9.2021 г.), Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ објавува

И Н Т Е Р Е Н   О Г Л А С

за избор на студенти чие родителско право го врши само еден родител, кои се стекнуваат со погодноста за плаќање половина од износот на уписнината за прв циклус студии за учебната 2021/2022 година

  1. Со овој Конкурс се врши избор на студенти чие родителско право го врши само еден родител кои се стекнуваат со погодноста за плаќање половина од износот на уписнината за прв циклус студии за учебната 2021/2022 година.
  2. Право на учество на Огласот има секој студент кој запишал зимски семестар на прв циклус на студии во учебната 2021/2022 година, а кој има само еден родител со родителско право (во натамошниот текст – апликант), односно има:
  • само еден родител запишан во изводот од матичната книга на родените, или;
  • починат родител, или
  • родител кој го загубил родителското право.
  1. За спроведување на постапката за селекција на апликантите по овој Оглас, Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство формира комисија и на 22.9.2021 година ја објавува следнава електронска адреса за аплицирање: jasna.bozhinova@finki.ukim.mk
  2. Најдоцна до 6.10.2021 година до Претседателот на Комисијата, на објавената електронска адреса апликантите треба да достават пријава во која ќе наведат:
    • за бруцошите: вкупен број на поени според кои, согласно Конкурсот, студентот се запишал во прва година на студии,
    • за студентите од повисоките години: просечен успех од положените испити и број на стекнати кредити.

Со пријавата апликантите, во pdf – формат, ги доставуваат и следниве документи:

  • потврди за остварена плата на вработените членови на семејството за последната исплатена плата,
  • за корисници на социјална помош се доставува последно решение/потврда од центарот за социјални работи,
  • за пензионираните членови на семејството се доставува документ за висина на пензија,
  • пресуда од надлежен суд со утврдена законска издршка на апликантот, која се смета како месечен приход,
  • за родител на кој му е одземено родителското право – решение од надлежен суд и/или
  • за починат родител – извод од матичната книга на умрените.
  1. Во постапката за избор на студенти чие родителско право го врши само еден родител Факултетот ќе изврши евалуација и проверка на веродостојноста на поднесената документација од сите пријавени кандидати (согласно чл. 5 од Одлуката). Комисијата самостојно ги пресметува поените и креира ранг – листа за секоја студиска програма и за секоја студиска година поодделно. Ранг – листите се објавуваат на интернет страницата на Факултетот најдоцна до 13.10.2021 година.
  2. Апликантите имаат право на приговор по објавените ранг – листи најдоцна до 20.10.2021 година. Комисијата на единицата ќе ги разгледа и ќе одговори на приговорите во рок од 5 работни дена. Доколку се утврди дека некој апликант поднел документација која не е веродостојна, истиот се симнува од ранг – листата. Прво­ранги­раните кандидати од секоја листа ја сочинуваат Конечната ранг – листа на добитници на погодноста за намалување на уписнината за единицата.
  3. Конечната ранг-листа Комисијата ја објавува најдоцна до 27.10.2021 година.

Одлука за плаќање половина од износот на уписнината за прв циклус студии за студенти чие родителско право го врши само еден родител и критериумите за остварување на ова право за учебната 2021/2022 година.

Wednesday, September 22, 2021

Компанијата SPD објавува отворен конкурс за работа и ги поканува студентите и дипломците на ФИНКИ да аплицираат.

SPD вработува еден кандидат без/со работно искуство за работната позиција Application Developer. Кандидатот кој ќе биде вработен ќе работи на развој и одржување на постоечкиот систем на апликации на компанијата, базирани на MS DotNet, PHP развојни алатки и Oracle/MS SQL Server бази на податоци. Кандидатите со основни познавања на наведените технологии ќе имаат предност при изборот.

За подетални информации можете да контактирате со претставници на компанијата, како и да доставувате CV_ија преку следната меил адреса: info@spdcomputing.com

1

Почитувани студенти,

 

Ве известуваме дека на 27.09.2021 (понеделник) студентска служба нема да работи поради уписи на нови студенти.

Потврди може да добиете по електронски пат со поднесување на електронско барање преку системот iknow и испраќање на електронска порака на uverenija@finki.ukim.mk.

Thursday, September 23, 2021

Јана Кузманова

Име и презиме: 
Јана Кузманова
Наслов: 
Морфосинтаксичка анотација на македонскиот јазик
Датум: 
Thursday, September 30, 2021 - 12:00
Компанијата ИНТЕЛИГЕНТА објавува оглас за есенска пракса. Очекуваме да се пријават талентирани и мотивирани студенти што имаат интерес за:
  • Развој на системи за големи податоци и деловна интелигенција;
  • Развој и имплементација на деловни информациски системи;
  • Развој на системи базирани на оптимизациски алгоритми;
  • Прибирање и обработка на податоци со Python;
  • Поврзување на периферии на игри Unreal/Unity/C++/C#/.net
  • Развој на web апликации со Java Spring,.NET и Python Django;
  • Развој на Frontend (AngularJS, ReactJS);
  • Развој на системи базирани Blockchain технологии.
Практикантите ќе можат да го зголемат своето знаење преку користење на модерни технологии и работа на иновативни проекти. Секој практикант ќе добие посветен ментор со долгогодишно искуство во обука и образование. Праксата ќе започне на 01.10.21 и ќе трае три месеци, со ангажман од 10 до 40 часа неделно, од дома или во канцеларија, по избор на практикантот. Рок на пријавување 29.09.2021 година.
 
Заинтересираните кандидати може да се пријават на contact@inteligenta.io. Само кандидатите што се квалификуваат ќе бидат поканети на разговор.
1