Резултати од пребарување
Почитувани студенти,
Објавено е решение за промена на студиска програма.
Дополнување на решението за промена на студиска програма.
Даниела Јанушевска
Submitted by elena.panovska on Fri, 09/17/2021 - 10:26Софија Бојчовска
Submitted by elena.panovska on Fri, 09/17/2021 - 10:34Марија Бечвиновска
Submitted by elena.panovska on Fri, 09/17/2021 - 10:36Објавена е листа на пријавени кандидати за упис на ФИНКИ во вториот уписен рок за академската 2021/2022 година. Листата ги содржи само кандидатите кои во предвидениот рок ги пратиле сите потребни документи согласно конкурсот.
Листата можете да ја најдете на следниот линк.
По објавувањето на листата на пријавени кандидати за запишување во прва година, почнувајќи од 20.09.2021 од 10:00 часот, најдоцна до 21.09.2021 до 11:00 часот може да се достави приговор за технички пропусти.
Техничките пропусти се однесуваат на:
Печатна грешка на основен избор на студиска програма, избор со кофинансирање, избор на специјални услови или редослед на студиски програми
Погрешно пресметани поени (заради соодветност на предмети, тип на матура и сл.)
Приговорите се доставуваат со пополнување и потпишување на образецот, кој треба да се испрати по електронска пошта на upisi-finki@ukim.edu.mk.
Ве известуваме дека рокот за заверување на летен и запишување на зимски семестар за учебната 2021/2022 се продолжува до 21.09.2021 (вторник).
Почитувани студенти,
Сите студенти кои слушале предмети во зимскиот семестар од учебната 2020/2021 година, задолжително да ја пополнат анкетата поставена на anketi.finki.ukim.mk.
За најава треба да се користи корисничкото име и лозинката од iKnow.
Анкетите за самоевалуација се законска обврска и соодветно пополнувањето на истите е услов за заверка на следниот семестар.
Рокот за пополнување на анкетата се продолжува до 24.09.2021 година.
Доколку не ја пополните анкетата до зададениот рок, истото ќе може да го направите при носење на документите за упис на семестарот со казна од 500 ден на сметката на ФИНКИ.
Почитувани студенти,
Oбјавено е решение за префрлање од други факултети на ФИНКИ.
Објавени се одговори на приговорите за технички пропусти по објавената листа на пријавени кандидати со успех од средно образование во учебната 2021/2021 година од вториот уписен рок. Одговорите можете да ги најдете на следниот линк.