Резултати од пребарување

Филип Михајлов

Име и презиме: 
Филип Михајлов
Наслов: 
Мобилна апликација за туристички рути
Датум: 
Friday, June 17, 2022 - 12:00

Клементина Ѓоргиева

Име и презиме: 
Клементина Ѓоргиева
Наслов: 
Електронски паричник за лојални картици
Датум: 
Thursday, May 5, 2022 - 12:00

Пивара Скопје објавува пракса за специјалист за корисничка поддршка.

Повеќе детали може да се најдат на следниот линк.

1

Симона Димитријеска

Име и презиме: 
Симона Димитријеска
Наслов: 
Улогата на културните разлики во значењето и користењето на UI&UX
Датум: 
Friday, June 17, 2022 - 13:00

На 23.6.2022 (четврток) почнувајќи од 9:45 во Амфитеатарот на ФИНКИ ќе се одржи Инфо ден во рамките на акцијата “Digital forensics: evidence analysis via intelligent systems and practices - DigForASP” (https://digforasp.uca.es/). Целта на овој Инфо ден е да се прошири мрежата на истражувачи, безбедносни сили и членови на други релевантни институции од Северна Македонија и регионот со цел да се истражи потенцијалот на примената на вештачката интелигенција и автоматското расудување во областа на дигиталната форензика, која е главниот предизвик на COST Action 17124 - DigForASP. Затоа, меѓу другите, претставници од Министерството за внатрешни работи на Северна Македонија, Народна банка, релевантни чинители и приватни компании ќе бидат дел од овој настан.

Доколку ве интересираат повеќе информации и/или сакате да се приклучите на настанот, ве молиме пратете е-маил на следната адреса: Aleksandra.kanevche@finki.ukim.mk

1

На 15.06.2022, со почеток во 12:30 часот во хотелот Александар Палас беа доделени дипломите за генерациите на ФИНКИ кои дипломирале во 2019, 2020 и 2021 година, како и награди на студентите кои дипломирале со просечен успех  над 9,5. Беа доделени вкупно 750 дипломи и 26 награди: дипломирани во 2019 година се наградени 11 студенти, дипломирани во 2020 година се наградени  7 студенти и дипломирани во 2021 година се наградени  8 студенти.

Во присуство на министерот за образование и наука д-р Јетон Шаќири, деканот проф. д-р Иван Чорбев, раководството на факултетот, професори и асистенти, премиерот д-р Димитар Ковачевски им врачи дипломи на дел од студентите кои постигнале врвни резултати и највисок просек во текот на студирањето.

На свеченоста, премиерот Ковачевски, обраќајќи им се на младите дипломци и упатувајќи им честитки, истакна дека Секторот информатичка и компјутерска технологија во нашата земја во последните години бележи постојан раст во однос на бројот на компании и вработени, раст на извозот и на приходите и дека Владата е насочена кон натамошно подобрување на условите и носење конкретни мерки за работа и раст на оваа индустрија. Премиерот даде уверување дека интензивно ќе се работи на довршување на зградата за факултетот.

slajder.jpg

0

Верица Кордоска

Име и презиме: 
Верица Кордоска
Наслов: 
Elasticsearch, Logstash, Kibana - ELK Stack
Датум: 
Thursday, June 23, 2022 - 11:00

Quotas

Body: 

Квоти

Согласно Конкурсот за запишување студенти на трет циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во учебната 2022/23 година, Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство во наредната учебна година во прв уписен рок ќе запише вкупно 128 студенти на докторски студии.
 
За студентите кои во учебната 2022/2023 година ќе се запишат на докторски студии на ФИНКИ, постојат вкупно 2 (две) студиски програми. Бројот на студенти кои ќе можат да се запишат на ФИНКИ на секоја од студиските програми, е даден во продолжение.
 

Студиска програма

Број на студенти

Износ на школарина*(ЕУР)

 Информатика

64

4750

 Компјутерски науки и инженерство

64

4750

 
* Во износот на школарината сe вклучени трошоците за: организирање на наставата, работилници и семинари, менторот, комисиите и единиците-организатори на истражувањето, а не се вклучени материјалните трошоци за истражувањето на темата.

Documents

Body: 

Потребни документи

Во согласност со Конкурсот за запишување студенти на трет циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во учебната 2022/23 година, кандидатите треба да ги поднесат следните документи:
 
Документи за пријавување 
 

Пријавувањето на кандидатите се врши електронски, со испраќање на електронска пошта (e-mail) на двете електронски адреси:

- електронска адреса на Универзитетската школа за докторски студии: skola_za_ds@ukim.edu.mk
- електронска адреса на факултетот/институтот каде што припаѓа студиската програма: iii-finki@ukim.edu.mk

Во предмет  (subject)  на  електронската  пошта,  кандидатите  ja  наведуваат студиската програма за која поднесуваат документи. Кандидатот  кој  се  пријавува  на  Конкурсот,  ги  поднесува  следните  документи  во скенирана форма на двете електронски адреси: 

  • пријавен лист со назначување на избраната студиска програма за која конкурира;
  • писмо  за  мотивација  со  назначување  на  областа  на  истражување  и  првична согласност на ментор од листата на ментори;
  • кратка биографија;
  • докази со кои се докажува исполнетоста на условите за запишување,и тоа:

- уверение за положени испити од прв циклус студии односно од додипломски студии

- уверение за положени испити од втор циклус студии односно од постдипломски студии

- диплома од прв циклус студии односно од додипломски студии

- диплома  од втор циклус студии односно од постдипломски студии

- сертификат/ уверение за познавање на светски јазик

- кандидатите  кои  своето  високо  образование,  додипломски  студии  (прв  циклус)  и постдипломски  студии  (втор  циклус),  го  завршиле  во  странство,  доставуваат нострифицирани документи, со кои се докажува исполнетоста на условите за запишување на трет циклус – докторски студии, како и еквиваленција на оценките доколку системот на оценување е различен од Р.С.Македонија.

Кандидатите задолжително ќе добијат автоматска потврда дека електронската пошта е примена (пријавувањето е во периодот од 19.09.2022 - 07.10.2022).

 

Conditions

Body: 

Услови

Во согласност со Конкурсот за запишување студенти на трет циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во учебната 2022/23 година, право за запишување на докторски студии имаат лица кои завршиле соодветни студиски програми и кои ги исполнуваат следниве основни услови и критериуми:

  •  завршен II циклус на студии усогласени со европскиот кредит- трансфер систем (во натамошниот текст: ЕКТС- кредити );
  •  завршени постдипломски студии на студиските програми пред воведувањето на европскиот кредит-трансфер систем;
  •  стекната стручна подготовка според студиски програми за регулирани професии, со остварени најмалку 300 ЕКТС-кредити;
  •  просечен успех од најмалку 8,00 (осум) на прв циклус студии и најмалку 8,00 (осум) на втор циклус студии, односно најмалу 8,00 (осум) за интегрирани студии;
  •  познавање на најмалку еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски), што се докажува со уверение или сертификат издаден од Филолошкиот факултет „Блаже Конески” при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, за ниво Б2 според Европската јазична рамка на Сoветот на Европа, или со соодветен сертификат за истото ниво издаден од официјален европски тестатор, член на здружението АЛТЕ на европски тестатори.