Резултати од пребарување

И оваа година Небб ќе ги пренесе своите искуства во:

 

Придружете ни се во нашата летна авантура! Are you the next Nebbonauts?

nebb-summer-school-poster-cloud-2022-small8329.png

0

Почитувани бруцоши, ни претставува особена чест да ве поканиме да присуствувате на првиот акдемски час за академската 2021/2022 година на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Настанот ќе се одржи онлан на 04.10.2021 со почеток од 12:00 часот и ќе биде достапен на следниот ЛИНК.

 

На првиот академски час ќе се обратат:

  • Проф. д-р Никола Јанкуловски - ректор на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј”,
  • Проф. д-р Иван Чорбев - декан на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство
  • м-р Александар Стамболиев - директор на Бизнис Aкцелераторот УКИМ (БАУ)
  • Рената Соколовска - претседател на факултетското студентско собрание (ФСС) ФИНКИ

 

Ви посакуваме успешен почеток на новата учебна година!

1

Никола Костов

Име и презиме: 
Никола Костов
Наслов: 
Споредба на методологии за развој на софтвер
Датум: 
Tuesday, June 7, 2022 - 09:30

Јасмина Стоименова

Име и презиме: 
Јасмина Стоименова
Наслов: 
Веб апликација за болница
Датум: 
Tuesday, June 7, 2022 - 10:00

Симон Панковски

Име и презиме: 
Симон Панковски
Наслов: 
Веб платформа за е-трговија со 3Д модели и графички илустрации
Датум: 
Tuesday, June 7, 2022 - 14:00

Андреј Зафировски

Име и презиме: 
Андреј Зафировски
Наслов: 
Веб апликација - фитнес водич
Датум: 
Tuesday, June 7, 2022 - 14:30

Емилија Радоешка

Име и презиме: 
Емилија Радоешка
Наслов: 
Паметни системи за безбедност и автоматизација на домот
Датум: 
Monday, June 13, 2022 - 11:30

Почитувани студенти,

Поради промоција на дипломирани и магистрирани студенти на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, студентската служба нема да работи на 15.06.2022 (среда).

Tuesday, June 14, 2022

magda-1up.png

MAGDA 1UP Hyper Jam e 48 часовен маратон во правење игри којшто ќе се одржи следиот викенд, на 18 и 19 јуни во организација на Македонска асоцијација за правење игри МАГДА. Настанот ќе се одржи во просториите на CrazyLabs во Скопје, а ќе има обезбедено храна и пијалоци за сите учесници. Пријавувањето за настанот е бесплатно и се врши на следниов линк: https://magda.org.mk/hyper-jam-registracija/

Паричните награди ќе се движат од 300, 400 и 500 евра. А исто така ќе има и награда која е екслузивен договор со CrazyLabs за „прототипирање и тестирање на вашата игра како и пристап до нивниот Click дашборд“.

 

 

0

Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство распишува интерен оглас за изјавување на интерес за лица кои ќе помагаат во изведување на лабораториски вежби (лаборанти) во учебната 2022/2023.

На огласот може да се пријават актуелни студенти кои се заинтересирани во Септември да се пријават на конкурсот за избор на лаборанти. Студентите кои ќе бидат избрани за лаборанти, ќе бидат ангажирани за спроведување на лабораториските вежби на Факултетот во било кое време во зависност од распоредот на часови. Во пријавата кандидатите треба да наведат куса биографија (CV со вклучени контакт информации, број на индекс и детали за студиите) и листа на предмети за кои се заинтересирани да бидат лаборанти.

Се повикуваат заинтересираните кандидати да се пријават на огласот. Пријавите се поднесуваат електронски, на адреса hr@finki.ukim.mk со тема [lab] Prijava na konkurs, најдоцна до понеделник, 20.06.2022 година до 12:00 часот.

Thursday, June 9, 2022