Резултати од пребарување

Компанијата Digital Office има потреба за практиканти со (цел и) можност за вработување. Повеќе информации може да се добијат на следниот линк.

1

Александра Стефановска

Име и презиме: 
Александра Стефановска
Наслов: 
Веб апликација за водење евиденција на козметички производи
Датум: 
Monday, September 13, 2021 - 11:00

Почитувани кандидати, ве известуваме дека запишувањето на рангираните кандидати според решението за прием во првиот уписен рок ќе се изврши на 10.09.2021 од 09:00 - 14:30 часот и 13.09.2021 од 09:00 - 12:30 часот во техничкиот кампус, пред деканатот на ФИНКИ.

Им пожелуваме успех на сите идни студенти на ФИНКИ!

Напомена: Рангираните кандидати мора задолжително да се запишат во овие термини и да достават во целост наведените документи. Во спротивно, ќе го изгубат добиеното место и доколку сакаат пак да се запишат на ФИНКИ, ќе мора да се пријават на вториот или третиот уписен рок, од почеток, доколку останат слободни места.

ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ПРИ ЗАПИШУВАЊЕ НА НОВИ СТУДЕНТИ ВО УЧЕБНАТА 2021/2022

При запишувањето, примените кандидати треба да донесат:

1. Изјава за доставени документи

2. Индекс и студентска легитимација, пополнети без број на индекс (се купува од книжара)

3. Три фотографии (две 3.5 х 4.5 см и една 2 х 3 см)

3. Образец за запишување на семестар, пополнет и потпишан (се купува од книжара)

    3.1.    Листа на предмети според насоки кои се пополнуваат во образецот.

4. Сите документи во оригинал, кои се доставени во електронска форма при уписот:

    4.1.    Оригинален А1 образец, пополнет и потпишан (се купува од книжара)

    4.2.    Испечатена и потпишана електронска пријава (интерен пријавен лист)

    4.3.    Оригинални свидетелства од сите класови

    4.4.    Оригинал документ за положена државна матура (оригинално свидетелство за завршено средно образование)

    4.5.    Извод од матична книга на родени (оригинал)

    4.6.     Доказ за државјанство на РСМ (уверение или решение, оригинал)

    4.7.     Потврди за уплата на административна такса од 50 денари и за уплата од 300 денари на жиро-сметката на факултетот.

    4.8.    Изјава за неподигање на документи

    4.9.    Изјава за неконкурирање на други факултети

    4.10.  Изјава за национална припадност (доколку има доставено во електронска форма)

    4.11.  Изјава за согласност на лични податоци

    4.12.  Изјава за веродостојност

    4.13.  Дипломи и сертификати за освоени награди (доколку има доставено во електронска форма)

    4.14.  Документи за специјални услови (доколку е рангиран како кандидат со специјални услови)

5. Пријавен лист од Државен завод за статистика на РМ (образец ШВ. 20)

5. Кандидатите примени во државна квота поднесуваат потврда за уплата на прва рата од 100 евра во денарска противвредност по среден курс на НБ на Република Северна Македонија (пример уплатница)  

    5.1.    Договор за студирање во државна квота во два примероци.

6. Кандидатите во квота со кофинансирање поднесуваат потврда за уплата на прва рата од 200 евра во денарска противвредност по среден курс на НБ на Република Северна Македонија (пример уплатница), како и

    6.1.    Изјава за согласност за поднесување на трошоците на студирање и

    6.2.    Договор за студирање во квота со кофинансирање во два примероци

7. Потврда за уплата на 750,00 денари на сметката на ФИНКИ за административно материјални трошоци и осигурување. (пример уплатница)

8. Потврда за уплатени 750,00 денари - за информативни, информатички, културни и спортски активности на студентите на Универзитетот  “Св. Кирил и Методиј” во Скопје, со назнака Одлука на УКИМ за ИКСА, ФИНКИ, на жиро сметка 1600103689 788 18, депонент НБРМ со трезорска сметка 100000000063095, повикување на број 723012, програма 41 (пример уплатница).

9. Студенти кои сакаат да дадат пристап на трето лице за увид на личните документи и пристап до документите од студентското досие, потребно е да пополнат и поднесат Изјава за пристап до информации и документи од трети лица на ФИНКИ

Уплатите за ФИНКИ се вршат на следната  жиросметка

•    Назив на примачот: Буџет на РМ - ФИНКИ – Скопје

•    Банка на примачот: НБРМ

•    Сметка: 100000000063095

•    Сметка на буџетски корисник:  160016170078813

•    Приходна шифра: 723012

•    Програма 41

 

Сите документи наведени во претходните точки, треба да бидат доставени во затворен коверт на кој ќе биде означено приемното бројче, името и презимето на кандидатот и насоката на која е примен.

 

 

Tuesday, September 7, 2021

Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство ќе додели стипендии за студирање на сите кандидати кои ќе освојат прва, втора или трета награда на државен натпревар по информатика, математика или физика, како и на сите кандидати кои ќе освојат прва, втора или трета награда на меѓународен натпревар од истите области. За најдобрите матуранти стипендијата ќе важи во текот на целото време од студирањето, доколку при тоа имаат просек над 9 и на време ги завршуваат студиите.  

Сите кандидати кои имаат добиено потврди за стипендии од ФИНКИ, потребно е истите да ги донесат при уписот на Факултетот. Сите кандидати кои немаат ваков документ, а имаат награди од државни, меѓународни натпревари и олимпијади по информатика, математика или физика, треба истите да ги предадат при пријавувањето за упис на Факултетот.

По разледувањето на дипломите, кандидатите ќе добијат одговор од Комисијата за уписи на ФИНКИ дали ќе добијат ослободување од плаќање партиципација и дали тоа ќе биде целосно или делумно.

Thursday, September 9, 2021

Афродита Јовановска

Име и презиме: 
Афродита Јовановска
Наслов: 
Анализа и изградба на модул во Microsoft Dynamics NAV
Датум: 
Friday, September 10, 2021 - 11:00

По завршувањето на првиот уписен рок на ФИНКИ, за сметка на рангираните пријавени кандидати кои не донесоа документи за запишување, останаа слободни места за вториот уписен рок на повеќето насоки и тоа:

Насока

Државна

Кофинансирање

СИИС

0

17

SEIS

0

9

ПИТ

0

5

ИМБ

0

6

КИ

0

59

КН

0

14

КЕ

2

0

Tuesday, September 14, 2021

Теодора Горгиева

Име и презиме: 
Теодора Горгиева
Наслов: 
Ефикасна имплементација на податочно складиште со Pentaho Data Integration
Датум: 
Tuesday, September 14, 2021 - 09:00

Константин Наунов

Име и презиме: 
Константин Наунов
Наслов: 
Алгоритми за трансформација на граф во помалку димензионален векторски простор применети врз податоци за филмови
Датум: 
Wednesday, September 15, 2021 - 09:30

Заверувањето на летниот семестар и уписот на зимскиот семестар ќе се врши од 15.09.2021 до 20.09.2021 година. Детали можете да погледнете во официјалното соопштение во прилог.

Исто така во прилог е листата на предмети за зимскиот семестар за академската 2021/2022 година. Листата е прелиминарна и активирањето на изборните предмети зависи од бројот на студенти кои ќе се пријават за предметот.

 

Wednesday, September 15, 2021

Ана Трипуноска

Име и презиме: 
Ана Трипуноска
Наслов: 
Анализа и насоки за подобрување на тековната состојба на пристапност на македонски веб-сајтови за лица со попреченост
Датум: 
Wednesday, September 15, 2021 - 12:00