Резултати од пребарување
Објавена е листа на пријавени кандидати за упис на ФИНКИ во првиот уписен рок за академската 2021/2022 година. Листата ги содржи само кандидатите кои во предвидениот рок ги пратиле сите потребни документи согласно конкурсот.
Листата можете да ја најдете на следниот линк.
По објавувањето на листата на пријавени кандидати за запишување во прва година, почнувајќи од 03.09.2021 од 19:00 часот, најдоцна до 06.09.2021 до 12:00 часот може да се достави приговор за технички пропусти.
Техничките пропусти се однесуваат на:
Печатна грешка на основен избор на студиска програма, избор со кофинансирање, избор на специјални услови или редослед на студиски програми
Погрешно пресметани поени (заради соодветност на предмети, тип на матура и сл.)
Приговорите се доставуваат со пополнување и потпишување на образецот, кој треба да се испрати по електронска пошта на upisi-finki@ukim.edu.mk.
Објавени се прелиминарни ранг листи за првиот уписен рок за академската 2021/2022 година.
Поднесувањето на приговор за прелиминарната ранг листа на пријавени кандидати во прв уписен рок ќе се врши од 06.09.2021 од 15:00 часот до 07.09.2021 до 15:00 часот.
Приговорите се доставуваат на електронската пошта upisi-finki@ukim.edu.mk со наслов на пораката: PRIGOVOR[ID] каде што ID претставува бројот на пријавата за која се однесува приговорот.
Сите кандидати кои НЕ се рангирани или сакаат да го променат или дополнат изборот на студиските програми или начинот на студирање (државна квота или кофинансирање)
имаат можност да се доизјаснат за студиски програми во кои има слободни места и да бидат рангирани на студиска програма која не е целосно пополнета. Новото рангирање ќе биде направено без притоа да се промени редоследот на претходно рангираните кандидати. Промената на изборот на студиската програма или начинот на студирање се прави со пополнување на Изјава за дополнување или промена на избраните студиски програми.
Изјавите за дополнување или промена на избраните студиски програми (запишување на студиска програма на која има слободни места) или менување на изјава за студирање во квота со кофинансирање (ако тоа не е сторено во интерниот пријавен лист) ќе се примаат на електронската пошта upisi-finki@ukim.edu.mk најдоцна до 07.09.2021 до 15:00. Во насловот на пораката треба да стои IZJAVA[ID] каде што ID претставува бројот на пријавата за која се однесува изјавата.
Објавени се одговори на приговорите за технички пропусти по објавената листа на пријавени кандидати со успех од средно образование во учебната 2021/2022 година од првиот уписен рок. Одговорите можете да ги најдете на следниот линк.
Приговорите беа по основ на печатна грешка на основен избор на студиска програма, избор со кофинансирање или редослед на студиски програми, по основ на погрешно пресметани поени и приговори за технички пропусти.
Кристина Христовска
Submitted by elena.panovska on Tue, 09/07/2021 - 09:09Стефан Цветановски
Submitted by elena.panovska on Tue, 09/07/2021 - 09:11Александар Арабаџиев
Submitted by elena.panovska on Tue, 09/07/2021 - 09:16Студентите кои аплицираат за студентски дом можат да ја превземат потврдата и да ја приложат при аплицирање со цел докажување дека наставата на ФИНКИ во зимскиот семестар во учебната 2021/2022 година ќе се одвива со хибриден начин.
Согласно тековната состојба, наставата во зимскиот семестар ќе започне и ќе се одвива целосно online преку системите за далечинско учење на ФИНКИ.
На линкот се објавени одговорите на приговорите за технички пропусти по објавената прелиминарна ранг листа.
Почитувани студенти,
Ве известуваме дека на 10.09.2021 и 13.09.2021 студентска служба нема да работи поради уписи на нови студенти.
Потврди може да добиете по електронски пат со поднесување на електронско барање преку системот iknow и испраќање на електронска порака на uverenija@finki.ukim.mk.