Резултати од пребарување

Почитувани кандидати, ве известуваме дека запишувањето на рангираните кандидати според решението за прием  во првиот уписен рок ќе се изврши на 10.09.2020 од 09:00 - 14:30 часот и 11.09.2020 од 09:00 - 12:30 часот во техничкиот кампус, пред деканатот на ФИНКИ.

Им посакуваме успех на сите идни студенти на ФИНКИ!

Напомена: Рангираните кандидати мора задолжително да се запишат во овие термини и да достават во целост наведените документи. Во спротивно, ќе го изгубат добиеното место и доколку сакаат пак да се запишат на ФИНКИ, ќе мора да се пријават на вториот или третиот уписен рок, од почеток, доколку останат слободни места.

ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ПРИ ЗАПИШУВАЊЕ НА НОВИ СТУДЕНТИ ВО УЧЕБНАТА 2020/2021

При запишувањето, примените кандидати треба да донесат:

1. Изјава за доставени документи

2. Индекс и студентска легитимација, пополнети без број на индекс (се купува од книжара)

3. Три фотографии (две 3.5 х 4.5 см и една 2 х 3 см)

3. Образец за запишување на семестар, пополнет и потпишан (се купува од книжара)

    3.1.    Листа на предмети  според насоки кои се пополнуваат во образецот.

4. Сите документи во оригинал, кои се доставени во електронска форма при уписот:

    4.1.    Оригинален А1 образец, пополнет и потпишан (се купува од книжара)

    4.2.    Испечатена и потпишана електронска пријава (интерен пријавен лист)

    4.3.    Оригинални свидетелства од сите класови

    4.4.    Оригинал документ за положена државна матура (оригинално свидетелство за завршено средно образование)

    4.5.    Извод од матична книга на родени (оригинал)

    4.6.     Доказ за државјанство на РСМ (уверение или решение, оригинал)

    4.7.     Потврди за уплата на административна такса од 50 денари и за уплата од 300 денари на жиро-сметката на факултетот.

    4.8.    Изјава за неподигање на документи

    4.9.    Изјава за неконкурирање на други факултети

    4.10.     Изјава за национална припадност (доколку има доставено во електронска форма)

    4.11.    Изјава за користење на лични податоци

    4.12.     Дипломи и сертификати за освоени награди (доколку има доставено во електронска форма)

    4.13.    Документи за специјални услови (доколку е рангиран како кандидат со специјални услови)

5. Пријавен лист од Државен завод за статистика на РМ (образец ВОИ. 20)

5. Кандидатите примени во државна квота поднесуваат потврда за уплата на прва рата од 100 евра во денарска противвредност по среден курс на НБ на Република Северна Македонија (пример уплатница

    5.1.    Договор за студирање во државна квота во два примероци.

6. Кандидатите во квота со кофинансирање поднесуваат потврда за уплата на прва рата од 200 евра во денарска противвредност по среден курс на НБ на Република Северна Македонија (пример уплатница), како и

    6.1.    Изјава за согласност за поднесување на трошоците на студирање и

    6.2.    Договор за студирање во квота со кофинансирање во два примероци

7. Потврда за уплата на 750,00 денари на сметката на ФИНКИ за административно материјални трошоци и осигурување. (пример уплатница)

8. Потврда за уплатени 750,00 денари - за информативни, информатички, културни и спортски активности на студентите на Универзитетот  “Св. Кирил и Методиј” во Скопје, со назнака Одлука на УКИМ за ИКСА, ФИНКИ, на жиро сметка 1600103689 788 18, депонент НБРМ со трезорска сметка 100000000063095, повикување на број 723012, програма 41 (пример уплатница).

9. Студенти кои сакаат да дадат пристап на трето лице за увид на личните документи и пристап до документите од студентското досие, потребно е да пополнат и поднесат Изјава за пристап до информации и документи од трети лица на ФИНКИ

Уплатите за ФИНКИ се вршат на следната  жиросметка

•    Назив на примачот: Буџет на РМ - ФИНКИ – Скопје

•    Банка на примачот: НБРМ

•    Сметка: 100000000063095

•    Сметка на буџетски корисник:  160016170078813

•    Приходна шифра: 723012

•    Програма 41

Сите документи наведени во претходните точки, треба да бидат доставени во затворен коверт на кој ќе биде означено приемното бројче, името и презимето на кандидатот и насоката на која е примен.

 

 

Monday, September 7, 2020

Почитувани студенти,

Ве известуваме дека поради упис и прием на документи на бруцоши, студентска служба нема да работи за останатите студенти на 10.09 и 11.09.2020.

Tuesday, September 8, 2020

По завршувањето на првиот уписен рок на ФИНКИ, за сметка на рангираните пријавени кандидати кои не донесоа документи за запишување, останаа слободни места за вториот уписен рок на повеќето насоки и тоа:

 
Насока Државна Кофинансирање
СИИС 0 41
SEIS 0 28
ПИТ 0 4
ИМБ 20 70
КИ 50 70
КН 4 70
КЕ 16 0
Monday, September 14, 2020

Шведската амбасада, во соработка со канцеларијата на UN Women во Северна Македонија, во партнерство со НВОи од областа на граѓанскиот и женскиот активизам, независни експерт(к)и, и академската сфера, како и со поддршка на тимот на Споделено знаење - Викимедија Македонија (Википедија на македонски јазик), На 30 септември 2020, со почеток од 17:00 часот, организира трето издание на WikiGap edit-a-thon за зголемување на бројот на текстови за истакнати жени од Северна Македонија и од светот, или значајни настани за родовата еднаквост на Википедија, овојпат со посебен акцент на жените во медицината и медицинските истражувања.

Со оглед на пандемијата со Ковид19 овојпат настанот ќе биде целосно онлајн, а веднаш по настанот ќе стартува уредувачка недела (01-07 октомври) со натпреварувачки карактер, во која најуспешните ќе бидат наградени.

Идејата е да профилираме жени од Северна Македонија и од светот кои дале значаен придонес во различните полиња на медицината - и во праксата, но и во науката и истражувањето - особено жени за кои не може лесно да се најдат податоци на македонски јазик. 

На овој начин сакаме да им оддадеме признание и благодарност за нивната пожртвувана работа во справувањето со Ковид19 пандемијата.

Статиите ќе бидат на македонски јазик и можат да бидат од два типа: а) статии за жени за кои нема статија на Википедија (или е многу оскудна), чија содржина ќе биде создадена врз основа на стручна литература и сигурни и веродостојни извори; б) преводи на веќе постоечки статии за жени на Википедија од англиски (или друг јазик) на македонски јазик.

Кој може да земе учество?

На уредувачкиот маратон може да учествуваат сите заинтересирани млади лица, студент(к)и и млади активист(к)и кои сакаат да придонесат за намалување на родовиот јаз во онлајн просторот и зајакнување на застапеноста на жените во онлајн Википедија енциклопедијата на македонски јазик.  За нивното учество ќе добијат сертификат од шведската амбасада. Оние пак кои ќе се вклучат и во натпреварувачката недела ќе имаат можност да добијат и награда. Повеќе информации за уредувачката недела и наградниот фонд може да се добијат на фејсбук страницата за настани посветена за ова издание на ВикиГап, како и на страницата на Википедија посветена за третото издание на ВикиГап.

По потврдата за учество и пред настанот, волонтер(к)ите ќе треба да се регистрираат на Википедија како уредувач(к)и (доколку немаат веќе кориснички профил), најдоцна до два дена пред самиот настан. Потоа ќе им биде испратена е-пошта со практични информации за настанот.

Бројот на учесници ќе биде неограничен. Учесниците ќе имаат и можност да продолжат да создаваат, уредуваат и преведуваат статии и во периодот по настанот, и по завршувањето на натпреварувачката уредувачка недела.

Доколку сакате да бидете дел од оваа иницијатива, ве покануваме да се регистирате на следниот линк до четврток, 17 септември: https://bit.ly/34mjUOK

Ајде да го затвориме родовиот јаз на Википедија!

 

#WikiGap #DriveForDemocracy

1

Објавена е листа на пријавени кандидати за упис на ФИНКИ во вториот уписен рок за академската 2020/2021 година. Листата можете да ја најдете на следниот линк.

По објавувањето на листата на пријавени кандидати за запишување во прва година, почнувајќи од 17.09.2020 од 12:00 часот, најдоцна до 18.09.2020 до 12:00 часот може да се достави приговор за технички пропусти.

Техничките пропусти се однесуваат на:

Печатна грешка на основен избор на студиска програма, избор со кофинансирање, избор на специјални услови или редослед на студиски програми

Погрешно пресметани поени (заради соодветност на предмети, тип на матура и сл.)

Приговорите се доставуваат со пополнување и потпишување на образецот, кој треба да се испрати по електронска пошта на upisi-finki@ukim.edu.mk.

 

Thursday, September 17, 2020

On the 16th of October 2020 (the exact time will be announced soon) the iTEM Project organizes a webinar in Mathematical Education. 

The webinar will take place through Zoom and is special tailored for Math teachers & students.

All the information can be found here: http://www.athenaeuropeanuniversity.eu/webinar-in-mathematics-education/. The registration form can be found on the website and the program as well

118766070_10157930893724285_9002677332288545273_o.jpg

0

Објавени се одговори на приговорите за технички пропусти по објавената листа на пријавени кандидати со успех од средно образование во учебната 2020/2021 година од вториот уписен рок. Одговорите можете да ги најдете на следниот линк.

Friday, September 18, 2020

Објавени се прелиминарни ранг листи за вториот уписен рок за академската 2020/2021 година.

Поднесувањето на приговор за прелиминарната ранг листа на пријавени кандидати во втор уписен рок ќе се врши од 18.09.2020 од 13:00 часот до 21.09.2020 до 10:00 часот.

Приговорите се доставуваат на електронската пошта upisi-finki@ukim.edu.mk со наслов на пораката: PRIGOVOR[ID] каде што ID претставува бројот на пријавата за која се однесува приговорот.

Friday, September 18, 2020

Почитувани кандидати, ве известуваме дека запишувањето на рангираните кандидати според решението за прием  во вториот уписен рок ќе се изврши на 25.09.2019 од 09:00 - 14:30 часот  во техничкиот кампус, пред деканатот на ФИНКИ.

Им посакуваме успех на сите идни студенти на ФИНКИ!

Напомена: Рангираните кандидати мора задолжително да се запишат во овие термини и да достават во целост наведените документи. Во спротивно, ќе го изгубат добиеното место и доколку сакаат пак да се запишат на ФИНКИ, ќе мора да се пријават на третиот уписен рок, од почеток, доколку останат слободни места.

ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ПРИ ЗАПИШУВАЊЕ НА НОВИ СТУДЕНТИ ВО УЧЕБНАТА 2020/2021

При запишувањето, примените кандидати треба да донесат:

1. Изјава за доставени документи

2. Индекс и студентска легитимација, пополнети без број на индекс (се купува од книжара)

3. Три фотографии (две 3.5 х 4.5 см и една 2 х 3 см)

3. Образец за запишување на семестар, пополнет и потпишан (се купува од книжара)

    3.1.    Листа на предмети  според насоки кои се пополнуваат во образецот.

4. Сите документи во оригинал, кои се доставени во електронска форма при уписот:

    4.1.    Оригинален А1 образец, пополнет и потпишан (се купува од книжара)

    4.2.    Испечатена и потпишана електронска пријава (интерен пријавен лист)

    4.3.    Оригинални свидетелства од сите класови

    4.4.    Оригинал документ за положена државна матура (оригинално свидетелство за завршено средно образование)

    4.5.    Извод од матична книга на родени (оригинал)

    4.6.     Доказ за државјанство на РСМ (уверение или решение, оригинал)

    4.7.     Потврди за уплата на административна такса од 50 денари и за уплата од 300 денари на жиро-сметката на факултетот.

    4.8.    Изјава за неподигање на документи

    4.9.    Изјава за неконкурирање на други факултети

    4.10.     Изјава за национална припадност (доколку има доставено во електронска форма)

    4.11.      Изјава за користење на лични податоци

    4.12.     Дипломи и сертификати за освоени награди (доколку има доставено во електронска форма)

    4.13.    Документи за специјални услови (доколку е рангиран како кандидат со специјални услови)

5. Пријавен лист од Државен завод за статистика на РМ (образец ВОИ. 20)

5. Кандидатите примени во државна квота поднесуваат потврда за уплата на прва рата од 100 евра во денарска противвредност по среден курс на НБ на Република Северна Македонија (пример уплатница

    5.1.    Договор за студирање во државна квота во два примероци.

6. Кандидатите во квота со кофинансирање поднесуваат потврда за уплата на прва рата од 200 евра во денарска противвредност по среден курс на НБ на Република Северна Македонија (пример уплатница), како и

    6.1.    Изјава за согласност за поднесување на трошоците на студирање и

    6.2.    Договор за студирање во квота со кофинансирање во два примероци

7. Потврда за уплата на 750,00 денари на сметката на ФИНКИ за административно материјални трошоци и осигурување. (пример уплатница)

8. Потврда за уплатени 750,00 денари - за информативни, информатички, културни и спортски активности на студентите на Универзитетот  “Св. Кирил и Методиј” во Скопје, со назнака Одлука на УКИМ за ИКСА, ФИНКИ, на жиро сметка 1600103689 788 18, депонент НБРМ со трезорска сметка 100000000063095, повикување на број 723012, програма 41 (пример уплатница).

9. Студенти кои сакаат да дадат пристап на трето лице за увид на личните документи и пристап до документите од студентското досие, потребно е да пополнат и поднесат Изјава за пристап до информации и документи од трети лица на ФИНКИ

Уплатите за ФИНКИ се вршат на следната  жиросметка

•    Назив на примачот: Буџет на РМ - ФИНКИ – Скопје

•    Банка на примачот: НБРМ

•    Сметка: 100000000063095

•    Сметка на буџетски корисник:  160016170078813

•    Приходна шифра: 723012

•    Програма 41

Сите документи наведени во претходните точки, треба да бидат доставени во затворен коверт на кој ќе биде означено приемното бројче, името и презимето на кандидатот и насоката на која е примен.

 

Monday, September 21, 2020

Почитувани,

Ве информираме дека на 24 и 25.09.2020 ќе се одржи дванаесеттата по ред Меѓународна конференција ICT Innovations 2020 во организација на IKT-AKT и ФИНКИ. Оваа година конференцијата ќе се оддржи со видеоконференциска врска.

Повеќе информации за конференцијата можете да најдете нa http://ictinnovations.org/, каде е достапен и деталниот распоред на конференцијата. Учеството на конференцијата не се наплаќа.

Ве очекуваме!

0