Резултати од пребарување

Компанијата Digicube објавува огласи за вработување. Повеќе информации за позицијата и потребните квалификации на следните линкови:
Заради изборите закажани на 15.7.2020 година, испитите од овој датум ќе се преместат во Петок 17.7.2020 година во истото време, а испитите од Петок, 17.7.2020 година, ќе се преместат во Понеделник 20.7.2020 година, исто така во истото време.
Почитувани студенти,
Објавен е распоред на септемвриска испитна сесија 2019/2020. Истиот може да го видите на огласна табла.

Компанијата Digicube објавува оглас за вработување. Повеќе информации за позицијата и потребните квалификации на следните линк.

Sourcico Internship program is open again and we are looking for someone with basic experience in C/C++ and with great ambition in going deeper into these technologies.
The ideal candidate is someone with a Tech-University degree or someone at the end of his studies, who has at least a short portfolio of home or school projects related to C/C++.
You will have the opportunity to learn the latest C++ standards by working on cutting edge 3D video live capture.
Please apply to jobs@sourcico.com and our HR department will contact the relevant candidates.

Македонски Телеком има потреба од студенти кои се при крај со своите студии, кои би сакале својата кариера да ја започнат на работно место Specialist for transport network во Служба за транспортни и ИП платформи
Истиот ќе биде ангажиран за следниве активности:
Работни задачи:
- Да се грижи за имплементација на рутирачката стратегија на IP мрежата и редовна контрола на истата од капацитивен и квалитативен аспект
- Учествува во процесот на имплементација на нови функционалности и сервиси на IP core мрежата, со цел, побрз пласман на нови продукти на пазарот
- Активно учествува во дефинирање на оперативна стратегија со што се обезбедува потребното ниво на квалитет и доверливост на IP core мрежата
- Учествува во активностите при интервенции за отстранување на пречки од второ ниво
- Ги координира активностите со партнерот за управувани сервиси поврзани со дополнување на функционалности и услуги на IP мрежата како и со конкретни имплементации на развојни решенија или оперативна имплементација на технички решенија подготвено од секторот за телекомуникациска мрежа и сервисни платформи
- Врши активно следење и мониторинг на георедундантноста на сервисите кои се обезбедуваат преку IP мрежата и планирање на превентивно одржување на IP мрежата
- Координира и контролира активности наменети за минимизирање/ спречување на испади во мрежите и сервисите за мобилни, алтернативни и меѓународни оператори
- Учествува во подготовка на извештаи за состојбата на опремата како и за испадите/ девијациите на опремата
- Координира/изработува технички решенија за развој на платформи и врши проценка на трошоците заради навремено обезбедување на технолошки предуслови и мрежни ресурси за реализација на сите телекомуникациски услуги неопходни за реализација на Бизнис планот на компанијата
Од студентите се очекува да ги поседуваат следниве знаења и вештини:
- Познавање на Транспортната и ИП технологија и опрема,
- познавање на IPv4/IPv6 како и рутирачки протокли и нивна примена (BGP,ISIS,OSPF,..)
- ,multicast, MPLS, DWDM/OTN,
- општи познавања од SDN како и генерален поглед на архитектура на IP/MPLS мрежа.
- Работа со компјутери (Windows и UNIX/Linux платформи),
- напредно користење на MS Office
Сите заинтересирани студенти своите биографии да ги доставуваат најдоцна до 16.08.2020 година на следната маил адреса sonja.kargova@telekom.mk или на career@telekom.mk,

Македонски Телеком има потреба од студенти кои се при крај со своите студии, кои би сакале својата кариера да ја започнат на работно местo Соработник за апликативни решенија во DWH/BI Домаинот во Служба за ERP и DWH
Истиот ќе биде ангажиран за следниве активности:
Работни задачи:
- Учествува во извршувањето на активностите за апликативно одржување на системите кои се наоѓаат во DWH/BI доменот во согласност со интерните прописи на компанијата во правец на обезбедување на соодветно функционирање и работење на системите
- Учествува во извршувањето активностите за проектите кои се планирани или се во тек во DWH/BI доменот во согласност со интерните прописи на компанијата
- Учествува во извршувањето на активности во делот за дизајн на интерфејси во DWH системот со изворните системи.
- Учествува во дневно следење на ETL процеси и корекција на грешките како и месечното извршување на ETL процеси за месечните трансфери на податоци
- Учествува во дизајн и имплементација на OLAP коцки, развој, одржување и следење на процесот за освежување на OLAP коцките
- Учествува при моделирање на податоците во BI алатката, креирање на Пакети, дизајн, имплементација и одржување на извештаите во истата
- Учествува во извршувањето на секојдневните активности во делот за администрација и одржување на ETL (Oracle Warehouse Builder), BI системот (Cognos), SPSS како и SAS Campaign management системот
- Учествува во изработка на ad-hock извештаи и сложени извештаи по барање на деловните корисници како и месечно креирање на финансиските извештаи
Од студентите се очекува да ги поседуваат следниве знаења и вештини:
- Одлично познавање SQL, PL/SQL, Oracle RDBMS
- познавање на Unix OS и Windows OS
Сите заинтересирани студенти своите биографии да ги доставуваат најдоцна до 16.08.2020 година на следната маил адреса sonja.kargova@telekom.mk или на career@telekom.mk,
Почитувани студенти,
Пријавувањето на испитите на ФИНКИ за прв и втор циклус на студии за септемвриската испитна сесија 2019/2020 година ќе се одвива во периодот од 11.8.2020 – 18.8.2020 година.
Право на полагање на испит ќе имаат само оние студенти кои ќе имаат уредна електронска пријава во системот iKnow. Во спротивно нема да им се дозволи да го полагаат испитот.
Се пријавуваат сите испити кои студентот планира да ги полагаа во сесијата.
Сите студенти на ФИНКИ испитите ги пријавуваат на ФИНКИ, без разлика каде ги слушале. Студентите плаќаат по 400,00 ден. казна за задоцнето пријавување испит ако електронски не го пријават испитот во дефинираниот рок.
Електронското пријавување на испити се врши со најавувањето на централниот автентикациски сервис на ФИНКИ (CAS) преку адресата: http://finki.iknow.ukim.edu.mk. Пријавувањето на проблем се врши преку тикет системот, на адресата http://help.students.finki.ukim.mk. При пријавувањето на проблем задолжително изберете тема: Пријавување испити, бидејќи така се гарантира дека вашиот проблем ќе биде проследен на вистинското место во најкраток рок. Кратко упатство за користење на системот може да најдете тука.
Хартиени пријави за положените испити ќе се носат по процедура која дополнително ќе биде објавена.
Согласно одлуката кој се однесува на далечинското полагање на испитите:
Испитите, колоквиумите и другите облици на проверка на знаење на факултет се реализираат далечински преку електронскиот систем на факултетот доколку ги исполнуваат условите од член 4 од Правилникот за начинот на реализација на дејностите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и единиците во неговиот состав согласно со мерките на надлежните органи во Република Северна Македонија за спречување на внесување и ширење на коронавирусот CoVid-19.
По исклучок од став 1, испити со физичко присуство можат да се спроведуваат на факултетот (во крајно ограничен број простории кои ги задоволуваат условите од протоколите на владата) само за студенти кои претходно ќе се пријават дека немаат технички можности за електронско полагање од дома. Пријавувањето за немање техничка можност се однесува на сите испити во таа сесија, а не на поединечен предмет. Испитите со физичко присуство се спроведуваат во компјутерските лаборатории на факултетот преку електронскиот систем на факултетот (онлајн) на ист начин, односно ист тип задачи, исти услови како студентите кои полагаат онлајн од дома. Зависно од условите и бројот на студенти кои немаат технички можности за полагање од дома испитите со физичко присуство ќе се одвиваат во исто време кога ќе полагаат и сите останати студенти или во дополнителен термин кој ќе биде дополнително одреден доколку постојат услови за тоа. При физичкото доаѓање на студентот треба да пополни епидемиолошка анкета и да ги почитува протоколите од владата за постапување на високообразовните установи при изведување на испит во време на коронавирус кризата (носење заштитни средства и други инструкции според протоколите кои ќе бидат дополнително објавени). Студентите кои ќе се пријават за полагање со физичко присуство ќе немаат право да ги полагаат испитите далечински во целата сесија.
Условите за далечинско полагање за студентите опфаќаат компјутер со интернет врска, инсталиран софтвер Safe Exam Browser, камера или мобилен телефон со камера и дополнителен бесплатен софтвер во зависност од предметот кој се полага.
Согласно одлуката, сите студенти кои немаат или не можат да обезбедат услови за далечинско полагање на испитите во јунската сесија, потребно е треба да ја пополнат и потпишат следната изјава и да ја испратат по е-маил порака до ispiti@finki.ukim.mk за да се организираат услови на факултетот за полагање за нив најдоцна до Сабота, 15.08.2020.

Рокот за пријавување на испити за прв и втор циклус студии во септемвриска сесија е продолжен до 21.08.2020 (петок).