Резултати од пребарување
Почитувани кандидати,
Во прилог е листата на примени кандидати на конкурсот за упис на трет циклус студии на насоката Информатика.
Следните кандидати ги исполнуваат условите за упис:
- Игор Јаневски
- Елхам Хамити
- Фатон Мехмеди
Во прилог е листата на примени кандидати на конкурсот за упис на трет циклус студии на насоката Компјутерски науки и инженерство.
Следните кандидати ги исполнуваат условите за упис:
- Тамара Димитрова
- Ветон Рушити
Кандидатите имаат право на приговор по листата во рок од 36 часа. Приговорот се поднесува во писмена форма до Советот на соодветната студиската програма. Советот на студиската програма донесува конечна одлуката во рок од 36 часа.
На oдлуката на Советот на студиската програма, кандидатот има право на жалба до Универзитетскиот стручен совет за докторски студии. Одлуката на Универзитетскиот стручен совет за докторски студии е конечна.
Почитувани студенти, објавено е дополнето решение за префрлање од други факултети на ФИНКИ.

Компанијата MCA објавува оглас за пракса со можност и за вработување. Огласот може да се види тука.
.
Новата верзија од распоредот на часови за зимскиот семестар за учебната 2019/2020 година може да ја најдете на огласна табла.
Оваа верзија на распоредот важи од 14.10.2019 до 18.10.2019.
Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство распишува интерен оглас за избор на лица кои ќе помагаат во изведување на лабораториски вежби (лаборанти).
На огласот може да се пријават актуелни студенти кои треба да бидат на располагање на Факултетот во било кое време во зависност од распоредот на часови (по можност невработени). Во пријавата кандидатите треба да наведат куса биографија (CV со вклучени контакт информации, број на индекс и детали за студиите) и листа на предмети за кои се заинтересирани да бидат лаборанти.
Се повикуваат заинтересираните кандидати да се пријават на огласот. Пријавите се поднесуваат електронски, на адреса arhiva@finki.ukim.mk со тема [lab] Prijava na konkurs, најдоцна до петок, 18.10.2019 година до 12:00 часот.
Рангирањето за избор на кандидатите ќе се изврши на основа на остварениот просек на оценки во текот на студиите како и на основа на бројот на освоени кредити во тек на студиите.

На 29-ти март, Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство – Скопје (ФИНКИ) го одбележа својот осми роденден.
На свеченоста, Деканот на ФИНКИ, професор д-р Иван Чорбев им додели дипломи на сите дипломирани и магистрирани студенти од 2018-та година.
Министерот за образование и наука, Арбeр Адеми, заменик министерот за образование и наука, Петар Атанасов, ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Никола Јанкуловски, претседателката на Асоцијацијата на здруженија на инженери, Христина Спасевска и регионалниот менаџер на Мусала Софт се обратија на присутните и им доделија награди и пофалници на 40 најдобри студенти на ФИНКИ кои имаат просек над 9,5.

Драги матуранти, наши идни студенти,
Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на 22.08.2019 год,на градскиот плоштад „Македонија“, ве кани на манифестацијата „Отворен ден“.
На Манифестацијата ќе бидат презентирани студиските програми на факултетите, ќе се презентираат активностите од студентите, центрите за кариера, алумни асоцијацијата на УКИМ.
Настанот ќе биде збогатен со богата уметничка програма:
18,00 часот – програма на студентите на Факултетот за музичка уметност, проследена со видео презентација на единиците на УКИМ и со филмот подготвен по повод 70-годишнината на Универзитетот;
19,00 часот - дефиле на учесниците на Меѓународниот студентски фолклорен фестивал и Етно фестивал на солидарноста;
20,00 часот – настап на фолклорните групи.
Во текот на целиот настан ќе биде овозможено on-line регистрирање на кандидатите заинтересирани за запишување во I-know системот со набавка на потребните пријавни листови.
ВЕ ОЧЕКУВАМЕ!

DIGIT (Design and Interactive Graphics in IT) е петдневна работилница од едукативен карактер на која можат да земат учество сите оние кои се "жедни" за нови знаења, без разлика на претходно искуство.
Низ текот на овие неколку години сведоци сме на повеќе успешни изданија на настанот чија примарна цел е подетално запознавање на студентите со дизајнерскиот аспект и корисничкиот интерфејс на еден Веб сајт, настан на кој се изучуваат најактуелните технологии, од кои би имале најмногу полза како иден програмер. Тој настан се одржува и оваа година, по 5-ти пат, во периодот од 28 октомври до 1 ноември, во просториите на Intertec во Скопје.
Тема на овогодинешната работилница се социјалните движења, каде учесниците ќе имаат шанса да ја вклучат својата креативност и да го изнајдат најоптималното решение на зададениот проблем, секако со претходно техничко спремање од страна на искусни ментори од таа област.
За таа цел, ги повикуваме сите заинтересирани да се пријават на формата во описот на долунаведениот настан, а за најредовните, и воедно најуспешните, се доделува 2 ЕКТС кредити, како награда за вложениот труд.
Рокот за пријавување е до 22 октомври. Бројот на учесници е ограничен.
Линк до настанот: https://www.facebook.com/events/925607811116844

Саемот на кариера и вработување 2019 ќе се одржи на 22 октомври од 11 до 14 часот, на платото на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. Агенцијата за млади и спорт обезбеди над триесет домашни компании, младински организации, агенции за вработување, едукативни центри и понуди за младински поволности.
Саемот е наменет за сите млади кои бараат пракса, работа, можности за вмрежување, младински активизам, ИТ едукација, програми за работа надвор од државата, Еразмус+ проекти, тренинзи, работилници, преквалификација и доусовршување.
Идејата е младите да дојдат со својата кратка биографија во печатена или електронска форма и да искористат некоја од можностите.