Резултати од пребарување

Објавени се одговори на приговорите по објавената прелиминарна ранг листа на пријавени кандидати во прв уписен рок 2019/2020 година. Одговорите можете да ги најдете на следниот линк.

Thursday, September 5, 2019

Почитувани кандидати, ве известуваме дека запишувањето на рангираните кандидати според решението за прием  во првиот уписен рок ќе се изврши на 10.09.2019 од 09:00 - 14:30 часот и 11.09.2018 од 09:00 - 12:30 часот во просториите на ФИНКИ.
 
Им пожелуваме успех на сите идни студенти на ФИНКИ!

Напомена: Рангираните кандидати мора задолжително да се запишат во овие термини, инаку ќе го изгубат добиеното место и доколку сакаат пак да се запишат на ФИНКИ, ќе мора да се пријават на вториот или третиот уписен рок, од почеток, доколку останат слободни места.

ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ПРИ ЗАПИШУВАЊЕ НА НОВИ СТУДЕНТИ ВО УЧЕБНАТА 2019/2020

При запишувањето, примените кандидати треба да донесат:
 
1.    Индекс и студентска легитимација
2.    Три фотографии (две 3.5 х 4.5 см и една 2 х 3 см)
3.    Образец за запишување на семестар
    i.    Листа на предмети според насоки кои се пополнуваат во образецот.
4.    Пријавен лист од Државен завод за статистика на РМ (образец ВОИ. 20)
5.    Кандидатите примени во државна квота поднесуваат потврда за уплата на прва рата од 100 евра во денарска противвредност по среден курс на НБ на Република Северна Македонија (пример уплатница)  
    i.    Договор за студирање во државна квота во два примероци
6.    Кандидатите во квота со кофинансирање поднесуваат потврда за уплата на прва рата од 200 евра во денарска противвредност по среден курс на НБ на Република Северна Македонија (пример уплатница), како и
    i.    Изјава за согласност за поднесување на трошоците на студирање и
    ii.    Договор за студирање во квота со кофинансирање во два примероци
7.    Потврда за уплата на 750,00 денари на сметката на ФИНКИ за административно материјални трошоци и осигурување. (пример уплатница)
8.    Потврда за уплатени 750,00 денари - за информативни, информатички, културни и спортски активности на студентите на Универзитетот  “Св. Кирил и Методиј” во Скопје, со назнака Одлука на УКИМ за ИКСА, ФИНКИ, на жиро сметка 1600103689 788 18, депонент НБРМ со трезорска сметка 100000000063095, повикување на број 723012, програма 41 (пример уплатница).
9. Студенти кои сакаат да дадата пристап на трето лице за увид на личните документи и пристап до документите од студентското досие, потребно е да пополнат и поднесат Изјава за пристап до информации и документи од трети лица на ФИНКИ

Уплатите за ФИНКИ се вршат на следната  жиросметка
•    Назив на примачот: Буџет на РМ - ФИНКИ – Скопје
•    Банка на примачот: НБРМ
•    Сметка: 100000000063095
•    Сметка на буџетски корисник:  160016170078813
•    Приходна шифра: 723012
•    Програма 41

Кандидатите кои нема да се запишат или се откажуваат од запишувањето на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство во учебната 2019/2020, поднесените документи можат да ги повлечат на 10.09.2019 и 11.09.2019 (09 - 14:30 часот). При тоа, потребно е да се потпише изјава за подигнување на документите во 2 примероци.

Напомена за стипендистите
Сите кандидати кои имаат добиено потврди за стипендии од ФИНКИ, а не ги приложиле во документите за пријавување, потребно е истите да ги донесат при уписот на 10.09.2019 и 11.09.2019 година.
Сите кандидати кои немаат ваков документ, а имаат награди од државни, меѓународни натпревари и олимпијади по информатика, математика или физика и не ги предале при пријавувањето, потребно е да ги донесат дипломите при уписот и ќе добијат ослободување од плаќање партиципација. Студентите ја задржуваат стипендијата во текот на целото студирање само ако имаат просек над 9,00.
Највисоко рангирани 10 кандидати со завршена државна матура, во категоријата редовни студенти, во првиот уписен рок се стипендирани од УКИМ, односно се ослободени од плаќање партиципација само во учебната 2019/2020 година. Списокот со овие студенти  е поставен овде . Студентите преминуваат во стипендисти на ФИНКИ и ја задржуваат стипендијата во текот на целото студирање само ако имаат просек над 9,50.

 

Friday, September 6, 2019

Ве известуваме дека рокот за пријавување на испити за септемвриска сесија се продолжува до 11.09.2019 (среда).

Friday, August 31, 2018

По завршувањето на првиот уписен рок на ФИНКИ, за сметка на рангираните пријавени кандидати кои не донесоа документи за запишување, останаа слободни места за вториот уписен рок на повеќето насоки и тоа:

 

Насоки Слободни места со кофинансирање
СИИС  12                                          
SEIS  3
ПИТ  4
ИМБ  4
КИ  35
КН  5

     

   
   
   
   
   
   
   
   
   
   
   
   
   
Friday, September 13, 2019

Објавена е листа на пријавени кандидати за упис на ФИНКИ во вториот уписен рок за академската 2019/2020 година. Листата можете да ја најдете на следниот линк.
 
По објавувањето на листата на пријавени кандидати за запишување во прва година, почнувајќи од 16.09.2019 од 10:00 часот, најдоцна до 17.09.2019 до 10:00 часот може да се достави приговор за технички пропусти.

Техничките пропусти се однесуваат на:
Печатна грешка на лични податоци
Печатна грешка на основен избор на студиска програма, избор со кофинансирање, избор на специјални услови или редослед на студиски програми
Погрешно пресметани поени (заради соодветност на предмети, тип на матура и сл.)

Приговорите се доставуваат во 2 печатени и потпишани примероци на образец во службата за студентски прашања на ФИНКИ во просториите на ТМФ, приземје.

Студентската служба на ФИНКИ работи секој работен ден од 08:00–16:00 часот.

Monday, September 16, 2019

Во организација на Агенцијата за супервизија на осигурувањето, Здружението на финансиски организации при Стопанска Комора и Fintechguardian, а во насока на промовирање и унапредување на дигитализацијата во осигурувањето, во просториите на Стопанска Комора на Македонија во Скопје , ќе се одржат настаните  InsurHack Skopje и InsurTech Skopje,.

 

На 28-ми и 29-ти септември ќе се одржи InsurHack Skopje хакатонот посветен на осигурителната индустрија. Целта на истиот е запознавање на студентите со осигурителната индустрија и развој на креативни дигитални решенија за унапредување на работните процеси на друштвата за осигурување и посредниците во осигурување. Настанот ќе има натпреварувачки карактер , а најдобрите тимови ќе добијат награди од по 15.000 денари и имаат можност да ги презентираат своите решенија на настанот InsurTech Skopje (Повеќе информации за настанот InsurHack Skopje може да најдете на http://insurhack.aso.mk).

Ги охрабруваме заинтересираните студенти да се пријават за учество на настанот.

 

На 2 и 3 Октомври ќе се одржи настанот InsurТech Skopje, на кој се предвидени неколку Start up Pitch Sessions   (претприемачи и start up компании од земјата и странство ќе презентираат дигитални решенија во функција на подобрување на процесите на осигурителната индустрија, а најдобрите три презентации ќе бидат наградени со по 1.000 евра), како и Insurtech конференција со учество на реномирани говорници и компании на полето  на insurtech.  (Повеќе информации околу настанот, говорниците, програмата и пријавување за учество може да најдете на:  https://insurtechskopje.eu/)        

Ги охрабруваме заинтересираните претприемачи и start up компании да се пријават за презентација на сопствените решенија на настанот. За вработените пак, во осигурителната и ИКТ индустрија, настанот претставува одлична можност за добивање на нови знаења, идеи и контакти за развој на својот бизнис.

 

1

Објавени се прелиминарни ранг листи за вториот уписен рок за академската 2019/2020 година.
 
Поднесувањето на приговор за прелиминарната ранг листа на пријавени кандидати во прв уписен рок ќе се врши од 18.09.2019 од 12:00 часот до 19.09.2019 до 12:00 часот.

Приговорите се доставуваат во 2 печатени и потпишани примероци на образец  во службата за студентски прашања на ФИНКИ во зградата на ТМФ.

Сите кандидати кои НЕ се рангирани имаат можност да пополнат изјава за рангирање на другите насоки на кои има слободни места. Изјавите ќе се примаат во службата за студентски прашања на ФИНКИ до четврток, 19.09.2019 година до 12 часот.

Соопштението за промена на избор на студиска програма и кофинансирање може да види на следниот линк.

Wednesday, September 18, 2019

Заверувањето на летниот семестар и уписот на зимскиот семестар ќе се врши од 18.09.2019 до 24.09.2019 година. Детали можете да погледнете во официјалното соопштение.

Исто така во прилог е листата на предмети за зимскиот семестар за академската 2019/2020 година. Листата е прелиминарна и активирањето на изборните предмети зависи од бројот на студенти кои ќе се пријават за предметот.

Wednesday, September 18, 2019

Документите потребни за регулирање на привремениот престој на студентите – странски државјани може да се видат тука.

Thursday, September 19, 2019

 

Компанијата Netcetera објавува огласи за вработување и пракса. Повеќе инфомрации можат да се добијат подолу.

 

 

 

== Оглас 1

 

Netcetera објавува отворени конкурси за работа и пракса и ги поканува студентите на ФИНКИ да аплицираат.

Во моментов, за претставништвото во Скопје, отворени се следните позиции:

 

  •          Autumn/Winter Internship
  •          Autumn/Winter Data Scientist Internship
  •          Head of Talent Marketing
  •          Talent Marketing Specialist
  •          Product Marketing Manager
  •          Automation Test Engineer
  •          Application Support Specialist
  •          Service Desk Manager
  •          Service Desk Engineer
  •          Dev-Ops Engineer
  •          Android Engineer
  •          iOS Engineer
  •          Senior Software Engineer
  •          Software Engineer

 

Сите заинтересирани повеќе информации можат да добијат на следниот линк:

https://jobs.netcetera.com.mk

 

 

== Оглас 2

 

Netcetera објавува отворени конкурси за работа и ги поканува студентите на ФИНКИ да аплицираат.

Во моментов, за претставништвото во Охрид, отворени се следните позиции:

 

  •          Autumn/Winter Internship
  •          iOS Engineer
  •          Senior Software Engineer
  •          Software Engineer
  •          Android Engineer

 

Сите заинтересирани повеќе информации можат да добијат на следниот линк:

https://jobs.netcetera.com.mk

 

 

== Оглас 3

 

Netcetera објавува отворени конкурси за работа и ги поканува студентите на ФИНКИ да аплицираат.

Во моментов, за претставништвото во Битола, отворени се следните позиции:

 

  •          Autumn/Winter Internship
  •          iOS Engineer
  •          Senior Software Engineer
  •          Software Engineer
  •          Android Engineer

 

Сите заинтересирани повеќе информации можат да добијат на следниот линк:

https://jobs.netcetera.com.mk

 

1