Резултати од пребарување
Највисоко рангирани 10 кандидати со завршена државна матура, во категоријата редовни студенти, во првиот уписен рок се стипендирани од УКИМ, односно се ослободени од плаќање партиципација само во учебната 2023/2024 година.
ИД | Вкупно поени | Стипендија |
108789 | 99,905 | уким |
106441 | 99,744 | уким |
106183 | 99,742 | уким |
105762 | 99,717 | уким |
109635 | 99,588 | уким |
107559 | 99,588 | уким |
106365 | 99,554 | уким |
106184 | 99,554 | уким |
108908 | 99,554 | уким |
107060 | 99,382 | уким |
Студентите преминуваат во стипендисти на ФИНКИ и ја задржуваат стипендијата во текот на целото студирање само ако имаат просек над 9,50.
Кандидатите кои имаат освоено дипломи на републичките и меѓунардоните натпревари по информатика, математика и физика се стипендирани од ФИНКИ со ослободување од плаќање партиципација.
ИД | Вкупно поени | Стипендија |
109311 | 99,372 | Финки |
109099 | 98,936 | Финки |
106233 | 98,936 | Финки |
109275 | 98,268 | Финки |
109815 | 97,767 | Финки |
106397 | 97,722 | Финки |
105582 | 97,241 | Финки |
110054 | 96,900 | Финки |
109345 | 96,700 | Финки |
109540 | 95,114 | Финки |
107042 | 94,914 | Финки |
108028 | 94,748 | Финки |
109490 | 93,347 | Финки |
110305 | 92,223 | Финки |
108155 | 92,180 | Финки |
Студентите ја задржуваат стипендијата во текот на целото студирање само ако имаат просек над 9,00. Кандидатите кои имаат вакви дипломи, а не ги приложиле, може тоа да го сторат на 12.09.2023, со носењето на останатите документи.
По завршувањето на првиот уписен рок на ФИНКИ, за сметка на рангираните пријавени кандидати кои не донесоа документи за запишување, останаа слободни места за вториот уписен рок на повеќето насоки и тоа:
Насока |
Државна |
Кофинансирање |
Софтверско инженерство и информациски системи на англиски јазик – 6 или 8 семестри |
0 |
24 |
Интернет, мрежи и безбедност - 6 или 8 семестри |
0 |
7 |
Компјутерска едукација – 8 семестри |
13 |
0 |
Компјутерски науки - 6 или 8 семестри |
0 |
54 |
Компјутерско инженерство – 6 или 8 семестри |
29 |
70 |
Примена на информациски технолопгии - 6 или 8 семестри |
0 |
3 |
Софтверско инженерство и информациски системи – 6 или 8 семестри |
0 |
4 |
Стручни студии за програмирање – 4 или 6 семестри |
0 |
37 |
Ве известуваме дека според бројот на пријавени кандидати, подготвителната настава по математика и програмирање ќе се реализира. Заради големиот интерес и пораки што ги примивме, рокот за пријавување се поместува до 17.9.2023 година (недела) до 16:00 часот (деталите за наставата и начинот на пријавување може да ги најдете на овој линк
Подготвителната настава по програмирање ќе почне во понеделник (18.9.2023) и ќе се реализира до петок (22.9.2023) со физичко присуство. Детален распоред ќе биде пратен до пријавените кандидати во текот на следните денови.
Подготвителната настава по математика ќе се реализира хибридно од 23.9.2023 година до 29.9.2023 година. Деталниот распоред заедно со податоци за начинот на следење на наставата преку системите за далечинско учење на ФИНКИ ќе биде пратен до пријавените кандидати во текот на следната недела.
Со цел да може да присуствувате на подготвителната настава, потребно е да приложите уплатница со соодветната сума.
- 3000 денари за подготвителна настава по програмирање (ако слушате само програмирање)
- 5000 денари за подготвителна настава по математика (ако слушате само математика)
- 8000 денари за подготвителна настава по програмирање и математика (ако ги имате избрано и двата курса)
Уплатницата (достапна тука) треба да ги содржи следниве информации:
цел на дознака: подготвителна настава по програмирање/математика/програмирање и математика (соодветно која настава ќе ја следите)
назив на примач: Буџет на РМ - УКИМ - Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство, Скопје
банка на примач: НБРМ
сметка на примач: 100000000063095
сметка на буџетски корисник: 1600161700 788 13
приходна шифра и програма: 723012 41
Уплатницата потребно е да ја донесете до 20.9.2023 година ако имате избрано програмирање или и двата курса, или на 25.9.2023 година ако имате избрано само математика. Кандидатите кои имаат избрано да ја следат наставата по математика преку системите за далечинско учење на ФИНКИ ќе добијат дополнителни информации како и кога да ја достават уплатницата.
За било какви прашања можете да ни пишете на podgotvitelna@finki.ukim.mk.
Ви посакуваме успешна настава.
Заверувањето на летниот семестар и уписот на зимскиот семестар ќе се врши од 15.09.2023 до 22.09.2023 година. Детали можете да погледнете во официјалното соопштение во прилог.
Исто така во прилог е листата на предмети за зимскиот семестар за академската 2023/2024 година. Листата е прелиминарна и активирањето на изборните предмети зависи од бројот на студенти кои ќе се пријават за предметот.

Ве информираме за студентскиот регионален натпревар Unija Challenge 2023.
Повеќе информации на линкот и во документот.

Аплицирај за учество на иновацискиот камп посветен на предизвикот Лоцирање на балканскиот рис каде што ќе имаш можност во рок од 48 часа во тим од 5 луѓе да работиш на креирање на најиновативното решение. Победничкиот тим добива 120.000 денари за реализација на решението.
Повеќе информации на линкот
Почитувани студенти,
Oбјавено е решение за префрлање од други факултети на ФИНКИ.
Објавена е листа на пријавени кандидати за упис на ФИНКИ во вториот уписен рок за академската 2023/2024 година. Листата можете да ја најдете на следниот линк.
Листата ги содржи информациите за она што е пополнето во документите и не дава информација за рангирањето на кандидатите. Листата содржи број на кандидатот, првиот избор на студиска програма, Дали кандидатот избрал кофинансирање или не, редослед на изборите на насоки по приоритет, како и поените од успехот.
По објавувањето на листата на пријавени кандидати за запишување во прва година, почнувајќи од 21.09.2023, најдоцна до 22.09.2023 до 10:00 часот може да се достави приговор за технички пропусти на следниот линк.
Техничките пропусти се однесуваат на:
1. Печатна грешка на основен избор на студиска програма
2. Избор со кофинансирање
3. Редослед на студиски програми
4. Погрешно пресметани поени (заради соодветност на предмети, тип на матура и сл.)
Објавени се прелиминарни ранг листи за вториот уписен рок за академската 2023/2024 година.
Поднесувањето на приговор за прелиминарната ранг листа на пријавени кандидати во прв уписен рок ќе се врши до 25.09.2023 година до 12:00 часот.
Почитувани студенти,
Ве известуваме дека сите кои немате запишано електронски семестар (со предмети) истото можете да го направите најдоцна до 22.10.2023 со казна од 500 денари на сметката на ФИНКИ, после тоа може да се запише само празен семестар со казна од 1000 денари на сметката на ФИНКИ.