Резултати од пребарување
Табови
Милена Трајаноска
Почитувани кандидати за упис на ФИНКИ
Заради подобра организација на предавањето на документите, Ве молиме документите на уписот да ги носите според следниот распоред:
|
Термин | |
А - Г |
|
|
Д - К |
|
|
Л - П |
|
|
Р - Ш |
|
Кандидатите кои нема да стигнат во предвидениот термин може да дојдат во Четврток, 31.08.2023 од 11:00 до 14:30 часот.
Објавена е листа на пријавени кандидати за упис на ФИНКИ во првиот уписен рок за академската 2023/2024 година. Листата можете да ја најдете на следниот линк.
Листата ги содржи информациите за она што е пополнето во документите и не дава информација за рангирањето на кандидатите. Листата содржи број на кандидатот, првиот избор на студиска програма, Дали кандидатот избрал кофинансирање или не, редослед на изборите на насоки по приоритет, како и поените од успехот.
По објавувањето на листата на пријавени кандидати за запишување во прва година, почнувајќи од 04.09.2023, најдоцна до 05.09.2023 до 10:00 часот може да се достави приговор за технички пропусти на следниот линк.
Техничките пропусти се однесуваат на:
1. Печатна грешка на основен избор на студиска програма
2. Избор со кофинансирање
3. Редослед на студиски програми
4. Погрешно пресметани поени (заради соодветност на предмети, тип на матура и сл.)
Објавени се одговори на приговорите за технички пропусти по објавената листа на пријавени кандидати со успех од средно образование во учебната 2023/2024 година од првиот уписен рок. Одговорите можете да ги најдете на следниот линк.
Објавени се прелиминарни ранг листи за првиот уписен рок за академската 2023/2024 година.
Поднесувањето на приговор за прелиминарната ранг листа на пријавени кандидати во прв уписен рок ќе се врши до 06.09.2023 година до 12:00 часот.
Сите кандидати кои НЕ се рангирани имаат можност да се доизјаснат за студиските програми во кои има слободни места (Компјутерско Инженерство - државна и приватна квота, Компјутерски Науки - приватна квота, Стручни студии за програмирање - приватна квота). Новото рангирање ќе биде направено без притоа да се промени редоследот на претходно рангираните кандидати. Промената на изборот на студиската програма или начинот на студирање се прави со пополнување на Изјава за дополнување на избраните студиски програми и испраќање на contact@finki.ukim.mk најдоцна до 06.09.2023 година до 12:00 часот.
На линкот се објавени одговорите на приговорите по прелиминарната ранг листа на кандидати за упис во учебната 2023/2024 година.
Почитувани студенти,
Ве известуваме дека на 12.09.2023 и 13.09.2023 студентска служба нема да работи поради уписи на нови студенти.
Почитувани кандидати, ве известуваме дека запишувањето на рангираните кандидати според решението за прием (нерангираните кандидати кои дале изјава се рангирани со дополнително решениe на крајот од документот, т.е. ги има 2 пати) во првиот уписен рок ќе се изврши на 12.09.2023 во просторија 117 (на истото место каде се поднесуваа документите) според следниот распоред:
- Рангирани на Примена на информациски технологии (ПИТ) од 8:30 часот
- Рангирани на Софтверско инженерство и информациски системи (СИИС) од 10:00 часот
- Рангирани на Software engineering and information systems (SEIS) и Стручни студии за програмирање (ССП) од 11:30 часот
- Рангирани на Интернет, мрежи и безбедност (ИМБ) и Компјутерско инженерство (КИ) од 12:00 часот
- Рангирани на Компјутерски науки (КН) и Информатичка едукација (ИЕ) од 13:30 часот
Им пожелуваме успех на сите идни студенти на ФИНКИ!
Напомена: Направено е прерангирање поради прифатените приговори.
Рангираните кандидати мора задолжително да се запишат во овие термини и да достават во целост наведените документи. Во спротивно, ќе го изгубат добиеното место и доколку сакаат пак да се запишат на ФИНКИ, ќе мора да се пријават на вториот или третиот уписен рок, од почеток, доколку останат слободни места.
ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ПРИ ЗАПИШУВАЊЕ НА НОВИ СТУДЕНТИ ВО УЧЕБНАТА 2023/2024
1. Изјава за доставени документи
2. Образец за запишување на семестар (со залепена слика), пополнет и потпишан (се купува од книжара)
2.1. Листа на предмети според насоки кои се пополнуваат во образецот.
3. Пријавен лист од Државен завод за статистика на РМ (образец ВОИ. 20) (се купува од книжара)
4.а. Кандидатите примени во државна квота поднесуваат потврда за уплата на прва рата од 100 евра во денарска противвредност по среден курс на НБ на Република Северна Македонија (пример уплатница)
4.а.1. Договор за студирање во државна квота во два примероци
4.б. Кандидатите во квота со кофинансирање поднесуваат потврда за уплата на прва рата од 200 евра во денарска противвредност по среден курс на НБ на Република Северна Македонија (пример уплатница), како и
4.б.1. Изјава за согласност за поднесување на трошоците на студирање
4.б.2. Договор за студирање во квота со кофинансирање во два примероци
4.в. Кандидатите примени на Стручни студии за програмирање поднесуваат потврда за уплата на прва рата од 300 евра во денарска противвредност по среден курс на НБ на Република Северна Македонија (пример уплатница), како и
4.в.1. Изјава за согласност за поднесување на трошоците на студирање
4.в.2. Договор за студирање на ССП во два примероци
5. Потврда за уплата на 750,00 денари на сметката на ФИНКИ за административно материјални трошоци и осигурување. (пример уплатница)
6. Потврда за уплатени 750,00 денари - за информативни, информатички, културни и спортски активности на студентите на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје, со назнака Одлука на УКИМ за ИКСА, ФИНКИ, (пример уплатница).
7. Студенти кои сакаат да дадат пристап на трето лице за увид на личните документи и пристап до документите од студентското досие, потребно е да пополнат и поднесат Изјава за пристап до информации и документи од трети лица на ФИНКИ
8. Индекс (со залепена слика) и студентска легитимација (со залепена слика), пополнети без број на индекс (се купува од книжара)
Кандидатите кои нема да се запишат или се откажуваат од запишувањето на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство во учебната 2023/2024, поднесените документи можат да ги повлечат до 16.9.2023 (09 - 12:00 часот). При тоа, потребно е да се потпише изјава за подигнување на документите во 2 примероци.
Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство во периодот од 18 септември до 29 септември 2023 година, организира подготвителна настава по математика и програмирање. Подготвителната настава се организира со цел да им помогне на новите студенти полесно да ја следат наставата по предметите од математика и програмирање во првата година на студирање на сите наставни насоки.
Подготвителната настава претставува одлична можност студентите да увидат кои предзнаења се неопходни за совладување на курсевите од првите семестри и полесно вклопување во образовниот процес, како и да го надополнат и освежат своето знаење од математика и програмирање.
Наставата ќе се организира ако се пријават доволно студенти за формирање на група за секој од двата курса.
Предвидено е дневно да се реализираат 4 до 7 часа настава и вежби. Наставата ќе се реализира со почеток од 9 часот во кампусот на ФИНКИ (деталниот распоред ќе биде дополнително истакнат, по завршување на пријавувањето на кандидатите).
Наставата по математика ќе се одвива хибридно, т.е. ќе има настава во просторија на факултетот, а истата ќе може да се следи и online на платформата Teams на која ќе се најавите со вашето корисничко име (средношколската електронска адреса).
Дел од наставата по програмирање се реализира во предавална, а дел во лабораторија. Со цел да се обезбеди ефикасна и квалитетна реализација на часовите во лабораториите, подготвителната настава по програмирање ќе се одвива со физичко присуство.
За курсот по математика се предвидени 40 часа во периодот од 23.9.2023 година до 29.9.2023 година, додека курсот по програмирање ќе се реализира во рамки на 20 часа, во периодот од 18.9.2023 година до 22.9.2023 година. Цената за следење на курсот по математика изнесува 5000 денари. Цената за следење на курсот по програмирање е 3000 денари.
Студентите кои планираат да следат некој од курсевите (или двата) треба да се пријават најдоцна до петок, 15.9.2023 до 11 часот преку пополнување на следнава форма
Подетални информации околу подготвителната настава може да добиете на следната електронска адреса: podgotvitelna@finki.ukim.mk.
Сите студенти кои се пријавиле за следење на наставата во предвидениот рок, ќе бидат известени најдоцна до петок, 15.9.2023 со порака на електронската адреса што ја внеле во пријавата дали се активирани групите и дали наставата ќе започне.
Во продолжение следат кратки содржини на материјалот за подготвителната настава по математика и програмирање.
Детали за курсот по Математика
Наставата по математика опфаќа значајни делови од материјалот изучуван во основно и средно образование.
Опис на темите кои ќе се обработат:
- Тема 1: Основни бројни множества. Алгебарски и рационални изрази
- Основни бројни множества. Природни броеви: преглед на операциите и законите, прости и заемно прости броеви, деливост. Бројни системи, декаден и бинарен броен систем. Цели броеви: преглед на операциите, подредување. Рационални броеви: преглед на операциите со дропки, децимални броеви, бесконечни децимални броеви. Реални броеви: поим, геометриско претставување, подредување. Алгебарски и рационални изрази: степен со показател природен број, операции со степени. Цели рационални изрази, мономи, полиноми, операции, разложување на множители, НЗС и НЗД. Дробно рационални изрази: поим и операции.
- Тема 2: Линеарна функција, линеарни равенки и неравенки. Систем линеарни равенки
- Линеарна функција, линеарни равенки и неравенки. Правоаголен координатен систем во рамнина. Реална функција: дефинициона област, множество вредности. Линеарна функција, тек и график. Линеарна равенка со една непозната: решавање, дискусија и примена. Линеарна неравенка со една непозната. Систем линеарни равенки: систем од две линеарни равенки со две непознати, еквивалентност. Методи за решавање систем од две линеарни равенки со две непознати. Решавање систем линеарни неравенки со една непозната. Апсолутна вредност на реален број. Равенки и неравенки со апсолутни вредности.
- Тема 3: Квадратни равенки и неравенки, степени и корени
- Квадратни равенки: решавање на полна квадратна равенка, решавање на неполна квадратна равенка, дискусија на решенијата на полна квадратна равенка. Квадратна функција (својства и график) и квадратна неравенка со една непозната. Степени и корени: степен со показател цел број, корен (поим, проширување и скратување), коренување на производ и количник, степенување и коренување на корен, нормален вид на корен, ирационални изрази. Рационализација на именител на дропка. Степен со показател рационален број.
- Тема 4: Логаритамски функции. Тригонометриски функции
- Логаритамска функција, правила за логаритмирање, врски меѓу логаритми со различни основи. Тригонометрија: тригонометриски функции од остар агол, врски меѓу тригонометриските функции од ист агол, вредност на тригонометриските функции за некои агли, решавање на правоаголен триаголник, дефиниции на тригонометриските функции (синус, косинус, тангенс и котангенс) од произволен агол, вредност на тригонометриските функции од произволен агол.
- Тема 5: Математичка логика
- Искази. Операции со искази и вистинитосни таблици. Исказни формули и тафтологии. Преведување на реченици од говорен јазик во логички исказни формули. Исказни функции: поим и решение на исказна функција. Квантификатори. Аксиоми, теореми, докази. Докажување на едноставни математички задачи.
- Тема 6: Множества. Комбинаторика
- Множества. Подмножества и еднаквост на множества. Oперации со множества. Индукција.
- Комбинаторика: комбинации, пермутации, варијации. Биномна формула.
Детали за курсот по Програмирање
Наставата по програмирање опфаќа значајни делови од материјалот изучуван во средно образование, а вклучува и методи за полесно совладување на алгоритамските концепти.
- Тема 1: Алгоритми и програмирање. Интегрирани околини за развој. Code::Blocks.
- Поим за алгоритам. Eдноставни алгоритми и изработка на пример алгоритми. Елементи на околините за програмирање: преведувач, поврзувач, дебагер, библиотеки со стандардни функции. Code::Blocks: инсталација, опис на изгледот на околината: главен прозорец, работна површина. Креирање на нов проект и додавање на изворна датотека во проект. Изградба и извршување на проект.
- Тема 2: Вовед во програмскиот јазик C++
- Синтакса на C++: азбука, зборови, посебни симболи и коментари. Величини и податоци. Основни типови на податоци (char, int, float, double, bool). Изрази и искази во C++. Променливи и нивно декларирање. Структура на програмите во C++. Оператори во C++: аритметички, за доделување, инкремент и декремент (префиксен, постфиксен), релациски, логички оператори. Влез и излез. Примери на едноставни C++ програми.
- Тема 3: Редоследна структура. Изработка на едноставни програми
- Редоследна структура, блок од наредби. Празна наредба. Изработка на едноставни C програми.
- Тема 4: Контролни структури. Наредби за избор
- Контролни искази: наредби за избор, наредби за повторување и наредби за скок. Наредби за избор: if, if-else и switch. Вгнездување на if наредби. Примери на C програми со примена на наредбите за избор.
- Тема 5: Наредби за повторување
- Наредбата while – реализација на контролната структура додека-извршувај. Примери за примена на наредбата while. Наредбата do-while – реализација на контролната структура повторувај-додека. Примери за примена на наредбата do-while. Наредбата for – реализација на контролната структура за-до-чекор. Примери за примена на наредбата for. Наредби за скок: break и continue.
- Тема 6: Еднодимензионална низа
- Низите како податочни структури. Декларирање на низа. Пристап до елемент на низа – индекси на елементи. Иницијализација на низа. Примери на C програми со примена на низи.