На 10ти август во Охрид, свечено беше отворена Јуниорската балканска олимпијада по информатика, во организација на Здружението на информатичарите на Р. Македонија и ФИНКИ, како партнер - подржувач на манифестацијата, кој ја обезбеди комплетната техничка и организациска поддршка.

Свеченоста ја отвори претседателот на здружението, м-р Миле Јованов, а потоа својата поддршка за овој настан ја искажаа и Елизабета Двојакова од Агенцијата за електронски комуникации, и Валентина Тасева од СЕМОС едукација. Во своето обраќање м-р Миле Јованов, го искажа своето задоволство што ЗИМ, односно Република Македонија може да биде домаќин на еден ваков настан со што се потврдува определбата на државата да градиме информатичко општество, да ја развиваме информатиката, дури и да бидеме регионални лидери во областа (на образовно, научно и техничко ниво).
 
 /> </div>
<div> </div>
<p> Во името на ФИНКИ и деканот, проф. д-р Димитар Трајанов, на присутните им се обрати доц. д-р Невена Ацковска, која ја истакна важноста и поддршката која ФИНКИ ја дава за организација и популаризација на натпреварите по информатика во Р. Македонија. </p>
<p> На отворањето говореа и претставници од фирмата CodeWell, основана од поранешни натпреварувачи на Олимпијади по информатика, а сегашни студенти на ФИНКИ.</p>
<p> Програмата беше збогатена со настап од македонскиот ансамбл „Македонка“ од Охрид, како и неколку видео материјали во кои беа прикажани убавините на Македонија.</p>
<div>Во текот на денот успешно беше реализирана и тест сесија, во која натпреварувачите имаа можност да се запознаат со околината во која ќе работат и да добијат подобра слика за правилата и начинот на кој ќе биде изведен утрешниот натпревар. </div>
<div> </div>
<div style= /> </div>
</body></html>