12/08/2012

На 10ти август во Охрид, свечено беше отворена Јуниорската балканска олимпијада по информатика, во организација на Здружението на информатичарите на Р. Македонија и ФИНКИ, како партнер - подржувач на манифестацијата, кој ја обезбеди комплетната техничка и организациска поддршка.
Свеченоста ја отвори претседателот на здружението, м-р Миле Јованов, а потоа својата поддршка за овој настан ја искажаа и Елизабета Двојакова од Агенцијата за електронски комуникации, и Валентина Тасева од СЕМОС едукација. Во своето обраќање м-р Миле Јованов, го искажа своето задоволство што ЗИМ, односно Република Македонија може да биде домаќин на еден ваков настан со што се потврдува определбата на државата да градиме информатичко општество, да ја развиваме информатиката, дури и да бидеме регионални лидери во областа (на образовно, научно и техничко ниво).
