Информатика
Траење на студиите: студиите траат 3 години, организирани по ЕКТС. Вкупниот број кредити што се добиваат изнесува 180 и се обезбедуваат преку три образовни дела. Наставата се изведува на македонски јазик, но може да се изведува и на еден од светските јазици, за што одлука донесува Советот на студиската програма.
Услови за запишување: Студенти со завршен втор циклус образование од областа на информатиката и математиката.
Елаборатот за докторските студии информатика може да го најдете на следниот линк.
За повеќе информации Ве молиме да се обратите до раководителот на студиската програма, проф. д-р Невена Ацковска.
-
- Назив на предлагачот:Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство - ФИНКИ
- Назив на студиската програма: Академски студии од трет циклус по Компјутерски науки и инженерство
- Научно - истражувачко подрачје: природно-математичко (1)
- Поле: информатика (110)
- Област: информатика (11000)
- Вредноста на докторските студии изнесува 180 ЕКТС кредити.
- Траење на студиите:3 години, 6 семестри.
- Една академска година се состои од два семестра во траење од 30 недели (1 семестар = 15 недели).
- Првата година се состои од наставни предмети, додека втората година се подготвува и пријавува докторската дисертација по што следи истражување, објавување резултати и пишување и одбрана на тезата. Секој година има и докторски семинар и годишна конференција со презентација на извештај.
- Услови за запишување на студиите: Право за запишување на докторски студии имаат лица кои завршиле соодветни студиски програми и кои ги исполнуваат следниве основни критериуми:
- завршен II циклус на студии усогласени со европскиот кредит-трансфер систем (во натамошниот текст: ЕКТС-кредити);
- завршени постдипломски студии по студиските програми пред воведувањето на европскиот кредит-трансфер систем, на кои им се признаваат 60 кредити од обука за истражување и едукација;
- стекната стручна подготовка според студиски програми за регулирани професии, со остварени најмалку 300 ЕКТС-кредити;
- остварен просечен успех од сите предмети од претходно завршеното високо образование, од најмалку 8,00 (I и II циклус на студии);
- познавање на еден од светските јазици. Доказ за познавање на светски јазик е сертификат од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ или меѓународен сертификат или диплома за претходно стекнато образование на соодветниот светски јазик.
- 1 ЕКТС кредит соодветствува на 30 часови вкупен работен ангажман
- Бројот на контактните часови е 4
- Академскиот назив или степен кој се стекнува со завршување на студиите e
- – Доктор по природно-математички науки, специјалност информатика
Година на студии | Семестар | Активност | ЕКТС |
I | 1 | Научно-истражувачка етика | 4 |
Методологија на научно-истражувачка работа | 4 | ||
Изборен предмет за стекнување на генерички знаења* | 4 | ||
Изборен стручен предмет | 7.5 | ||
Изборен стручен предмет | 7.5 | ||
2 | Изборен стручен предмет** | 7.5 | |
Изборен стручен предмет | 7.5 | ||
Докторски семинар со презентација | 2 | ||
Истражување (за подготовка на тема за докторска дисертација) | 14 | ||
Годишна конференција со презентација на извештај | 2 | ||
II | 3 | Подготвување и поднесување на пријавата за темата за докторска дисертација | 28 |
Докторски семинар со презентација | 2 | ||
4 | Работилница за истражувачка практика | 3 | |
Истражување и објавување резултати | 25 | ||
Годишна конференција си презентација на извештај | 2 | ||
III | 5 | Истражување и објавување резултати | 28 |
Докторски семинар со презентација | 2 | ||
6 | Работилница за истражувачка практика | 3 | |
Пишување и одбрана на тезата | 25 | ||
Годишна конференција со презентација на извештај | 2 |
* Предметот може да се избере од предметите од табела 2 како и од Универзитетската листа на изборни предмети за генерички знаења
** Предметот може да се избере од предметите од табела 3, табела 4, од слободната листа на изборни предмети како и од сите акредитирани предмети од III циклус на студии при Универзитетот.
При изборот на стручните предмети мора да се запазат следните правила:
-
- Изборот на стручните предмети се прави во договор со согласниот потенцијален ментор на кандидатот.
- Секој кандидат мора да има избрано стручни предмети така што ќе има минимум 3 (тројца) различни наставници на предметите.
- Еден наставник смее да се појави во својство на наставник на максимално 2 изборни стручни предмети на еден кандидат.
- Дозволено е максимално 2 (два) стручни изборни предмети да се изберат и од друга студиска програма од трет циклус студии при Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, при што едниот е во изборниот слот **.
- Во случај на избор на предмети од друга студиска програма, Советот на докторски студии го разгледува изборот на кандидатот и презема мерки за да обезбеди соодветно непреклопување на наставните содржини на избраните предмети.
Код | Предмети | Семестар | ЕКТС | Предуслов | ||
1 | ИНФ-Г31 | Пишување научно-истражувачки труд | Прв | I | 4 | Нема |
2 | ИНФ-Г32 | Раководење со научно-истражувачки проекти | Прв | I | 4 | Нема |
3 | ИНФ-Г33 | Статистички методи во истражување | Прв | I | 4 | Нема |
Нов код | Наслов на предметот | ЕКТС | Семестар |
ИНФ-С1 | Алгебарски структури за компјутерски науки | 7.5 | прв или втор |
ИНФ-С3 | Биоинформатика | 7.5 | прв или втор |
ИНФ-С4 | Грид и пресметување со високи перформанси | 7.5 | прв или втор |
ИНФ-С8 | Компјутерска лингвистика | 7.5 | прв или втор |
ИНФ-С9 | Математичка логика и ламбда калкукус | 7.5 | прв или втор |
ИНФ-С10 | Машинско учење | 7.5 | прв или втор |
ИНФ-С25 | Роботика | 7.5 | прв или втор |
ИНФ-С28 | Статистичка теорија на учење | 7.5 | прв или втор |
ИНФ-С29 | Теорија за комплексност и кодирање | 7.5 | прв или втор |
ИНФ-С30 | Теорија на графови со алгоритми и апликации | 7.5 | прв или втор |
ИНФ-С31 | Теорија на случајни процеси | 7.5 | прв или втор |
Нов код | Наслов на предметот | ЕКТС | Семестар |
ИНФ-С2 | Асистивни технологии | 7.5 | прв или втор |
ИНФ-С5 | Деловни, технички и безбедносни аспекти на современи системи за пресметување | 7.5 | прв или втор |
ИНФ-С6 | Инженерство, верификација и валидација на софтверските барања | 7.5 | прв или втор |
ИНФ-С7 | Информациска безбедност | 7.5 | прв или втор |
ИНФ-С11 | Менаџмент на софтверските процеси | 7.5 | прв или втор |
ИНФ-С12 | Моделирање на надежност на мрежи | 7.5 | прв или втор |
ИНФ-С13 | Напреден развој на современи системи за пресметување | 7.5 | прв или втор |
ИНФ-С14 | Напредна криптоанализа | 7.5 | прв или втор |
ИНФ-С15 | Напредни аспекти од теорија на кодирање | 7.5 | прв или втор |
ИНФ-С16 | Напредни модели на е-влада | 7.5 | прв или втор |
ИНФ-С17 | Напредни пресметувачки методи | 7.5 | прв или втор |
ИНФ-С18 | Напредни системи за е-учење | 7.5 | прв или втор |
ИНФ-С19 | Напредни техники и компјутерски системи за пресметување цо високи перформанси | 7.5 | прв или втор |
ИНФ-С20 | Нови трендови во истражувањата кај базите на податоци | 7.5 | прв или втор |
ИНФ-С21 | Практична оптимизација | 7.5 | прв или втор |
ИНФ-С22 | Предизвиците кај интелигентните информациски системи | 7.5 | прв или втор |
ИНФ-С23 | Примена на електронски сервиси (Развој на апликации како сервис) | 7.5 | прв или втор |
ИНФ-С24 | Применета криптографија | 7.5 | прв или втор |
ИНФ-С26 | Само-адаптивни информациски системи | 7.5 | прв или втор |
ИНФ-С27 | Софтверско инженерство кај критичните системи | 7.5 | прв или втор |