25/08/2011

Во рамките на реализацијата на Конкурсот за запишување на студенти во академската 2011/2012 година, УКИМ додели вкупно 230 стипендии, по 10 стипендии на секој од факултетите кои се дел од Универзитетот. Стипендиите се наменети за најдобрите 10 рангирани кандидати во категорија редовни студенти со завршена државна матура и ја покриваат школарината за студирање за академската 2011/2012 година.
На Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, 10-те добитници на стипендија од УКИМ се следните кандидати:
- Стефановска Дијана, пријава бр. 117
- Ночески Стефан, пријава бр. 157
- Стојаноски Димитар, пријава бр. 41
- Лазова Верица, пријава бр. 244
- Евкоски Благоја, пријава бр. 104
- Стаматоска Фросина, пријава бр. 277
- Базгова Александра, пријава бр. 237
- Миовска Елена, пријава бр. 199
- Стојчевска Марија, пријава бр. 84
- Темелковска Ангелина, пријава бр. 235
ФИНКИ им честита на наградените и им посакува успешна прва академска година.
