На 05.11.2014 година (среда) ќе се одржи спортско-рекреативен, забавен и хуманитарен ден, 30-тa по ред есенска студентска планинарска тура “Водно 2014 година”.

Традиционално, покровител на Планинарската тура е ректорот на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје.

Оваа спортска активност се одржува по повод “13 Ноември” – Денот на ослободувањето на град Скопје.

На целта на Средно Водно е обезбеден чај, а нашите колеги студенти од Факултетот за музичка уметност ќе организираат забава. Сите учесници на планинарската тура кои сакаат да даруваат крв тоа можат да го сторат на платото пред ИЗИИС по претходно јавување кај одговорниот професор од Центарот за физичко образование и спорт.

Се покануваат студентите да земат учество на планинарската тура.

Стартот на планинарската тура е со почеток во 10,00 часот од Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС), а учесниците треба да бидат присутни пред институтот во 9,30 часот.