28/08/2013

Во рамките на остварената соработка помеѓу ФИНКИ, Бостон Универзитетот и Министерството за образование и наука, со поддршка од Владата од Република Македонија, Нино Карас, Никола Ставревски и Наталија Најдова, студенти на ФИНКИ добија можност дел од студиите да ги изведуваат на престижниот Оддел за компјутерски науки при Метрополитен колеџот на Бостон Универзитетот. Согласно одлуката на Владата, трошоците за студиите на овие студенти ќе бидат покриени од Министерството за образование и наука. Пред отпочнување на претстојниот семестар, стипендистите беа примени од Деканатот на ФИНКИ, Декан вон.проф. д-р Димитар Трајанов, Продекан за наука и меѓународна соработка проф. д-р Владимир Трајковиќ и Продекан за финансии проф. д-р Верица Бакева, изразувајќи задоволство што преку идентификување на наставната програма на Бостон Универзитетот и ФИНКИ при УКИМ им се дава можност да го зголемат својот дијапазон на знаења од областа на компјутерските науки кое пак се очекува во иднина да најде примена во државата. Ова е од исклучителна важност имајќи во предвид дека Бостон Универзитетот преставува една од најреномираните високообразовни институции во САД, а со тоа и во светски рамки.

