23/10/2015

Во ова време од годината многу студенти се подготовуваат интензивно за продолжување на своите студии во странство. Фондацијата ПЕКСИМ Ве поканува на предавањето “Студирање на Кембриџ и меѓународна соработка за студенти од Македонија и Србија веќе 5 години” кое ќе се одржи во вторник (27.10.2015 год.) во амфитеатарот на ФИНКИ во 11:00 часот.
Фондацијата ПЕКСИМ во соработка со Кембриџ доделува стипендии за студенти од Македонија и Србија на магистерски студии од 2010 година. До сега се стипендирани 20 студенти во износ од 680 000 фунти со цел стипендистите по враќање во својата земја да го стават своето знаење на располагање на работодавците, со што се создава подобра клима за враќање на млади луѓе кои сакаат да допринесат за економскиот развој на Македонија и Србија.
Агенда:
- 11:00-11:15 Иван Чорбев, Декан на ФИНКИ
Меѓународна соработка на Универзитетите од Македонија и помагање на најдобрите студенти
- 11:15-11:30 Михаил Петрески, основач на фондацијата ПЕКСИМ
Првите прет години на фондацијата ПЕКСИМ фондације и идни активности
- 11:30-11:45 Мајда Јошевска, алумни на фондацијата ПЕКСИМ од Македонија
Искуство од студирањето на Кембриџ
- 11:45-12:00 Милена Милићевић, алумни на фондацијата ПЕКСИМ одСрбија
Значење на меѓународното студирање и стипендии во развојот на кариерата
- 12:00-12:30 прашања од публиката
Влезот е слободен за заинтересираните студенти од сите факултети и универзитети, кои размилсуваат за аплицирање за магистерски студии на Универзитетот во Кембриџ , а ќе стане збор и за други можности за студирање во Велика Британија.
За повеќе информации може да го погледнете сајтот: www.peximfoundation.org
